Мајка целиот проблем ви е во шишето, не во гладот. Фрлај шише ако сакаш да го цицаш и тоа да ужива во цицање.
колкава е беба? Оти јас прв пат слушам за тие глупости? Ако знае сама да се намести во спиење како и е удобно т.е да подигне глава кога е на меше, не гледам причина зошто да не би спиело. Мене ми беше дтрав од причина дан нжсе гагуши ама кога видов дека си го мести главчето ја оставам да ужива како и е згодно
Не си пробала ако пак даваш шише. Скроз исфрлање на шише треба за да цица и зошто чајче даваш? То е правило во успешно цицање, доколку имаш мрзливо бебе или халапливо. Од шише за 2 мин е готово, за тоа да го изпие од града треба пола саат до саат зависи колкава е беба. Зошто да се мачи кога може полесно да помине.
Нас ни пишаа дека се става на 2 и пол, ама ја ставивме на 4 Без рота. Малку кенкав и поспан, без температура.
4 месеци. Неам појма како треба...едни едно, други друго велат. Моево е 4 месеци полни, сам почна да се мести да спие на стомаче. Ама сѐ уште треба со повој да продолжам аман веќе! Јадра нема, а му давам вит. Д. Вежби ми рекоа да му ги ширам ноџињата, а кај други искуства што читам, да не се форсирале, самото бебе на подлога си вежба. И сеа шо да правам јас? Како да помогнам да му се појават? Го оставам на подлога се врти, ама му се здосадува, и го кревам пак. Ми рече странично да го држам на колкот мој.
Колкаво е бебе.... Според Антоније не е важно јадрата што уште не се појавени колку што е важно да се измерат аглите мегу коските и да тие се добри.... Јас заради тие јадра малата ја однесов кај него.... А спиењето јас не сум ни знаела дали смее ил не смее кога иначе 2 месеца преку ден ми спиеше со саати на меше, а и кај нас првиот преглед на 4 месеци тој док ни рече нема оформено јадра.... Така да незнам дали и како е тоа поврзано
А ја прескокнавте рота нема да ја ставате воопшто или нешто ја пропуштивте? Офф, мн размислувам дали да му ја ставам....
Апсолутно е во право @Bubish26 со советот.... Ние сме профи цицачи на ексклузивно доење денес 6 месеци.... Вода почна пред една ннедела да пие од шише со клунче а исто пд тогаш почнав и со вкусови..... Какви чајчиња какви мајчиња ако сакаш бебе да цица цицка цицка и само цицка ништо друго не му треба.... Батали баби свекрви и слични сезнајковци слушај актуелни мислења..... Пошто јас да слушав од страна и цуцли со мед и чајче и вода ке давав но за тоа друг пат
Ја скокнавме, дека не сакав да му ја ставам. Се консултирав со повеќе доктори и така решивме. Ипак ставаш живи вируси во здрав организам Секој родител си решава за своето дете.
А што те советуваа за другите вакцини? Дека вакцина е вакцина, а едната сте ја примиле другата не. Во што е разликата?
Да не и го полниш желудникот со чај, па после не може да цица, а гладна е? И јас мислам да исфрлиш чај и бидејќи е мала давај почесто да цица (и ако не побара пак нуди). Ќе сфати дека само цице постои. После ќе си бара сама колку и треба.
Ротата да не ја прима. Воведена е од лани и годинава е задолжителна. Па зошто до лани не била задолжителна? И не значи дека со ротата нема да фати стомачен вирус, туку ќе има ублажени симптоми. Ротата е ставање живи вируси во здрсв организам. Знам доста деца што имаа проблем од ротата и одлучивме да не ја ставаме. Како што кажав, секој си одлучува што е најдобро за детето.
На која возраст почнаа вашите бебиња да седнуваат? Моево е 4+, постојано се дига со горниот дел а во исто време и нозете ги подига. Кога го фатам за двете раце се стега и се подига, кога го држам во раце самото си наоѓа положба и доаѓа во полуседната положба. Страв ми е да не си поремети 'рбет или слично бидејќи го сметам за мало и стварно не сакам да го форсирам уште сега.
На 4+веќе не е интересно да гледа само во плафон па затоа треба да биде на агол од 45 степени,накосен на перница,во количка или хранилка. Од 5м на хранилка на 80 степени може да седне,така ќе се извежба да седи исправен. Од 6 месеци ако го седнев ќе седеше,ама стабилно научи на 8м.
А дали си слушнала за дете заболено од рота вирус како го поминало, дека голем дел заглавуваат во болница,со инфузии,одбиваат храна и ослабнуваат? И колку е чест вирусот во градинка?
Сака да ручка злато мало А колку е твоето? Ние сме 3 месеци и 7 дена. Само на цицање сме, мислам дека сме мали уште за ручкање а и кога и давам со лажичка капки ги плука се мршти така да незнам како ќе се навикнеме.