Околу крајот на 3 почеток на 4ти месец кај моево. И сега (4 месеци и една недела) уште не му е артикулирано смеењето, малку се заикува, гласчето му е со разни бои и тонови кога се засмејува. Накај 5ти месец подобро ќе звучи, како смеење баш, се надевам.
Сериозно? Мислев многу порано јас па очекувам бебево од 5 недели да ми се смее хаха. А кога му зборувате и му се смеете возвраќа или рано е за тоа? Едвај чекам
Околу 6та недела се првите насмевнувања. Потоа околу 2 месеци различни тонови, со гугање и пискање, и трет месец може да изненади со смеење кратко ама и тоа е засипнато. Негде пишеше колку се менува смеењето во првите години. И тоа се учи. А да ти доодговорам. До кај втор месец му треба за да почне да осознава, значи тогаш негде почна моево, кога му зборував почна да се насмевнува. Тоа спаѓа во областа на свеста. Потоа мора да освести за блиските наоколу, познато непознато, и почнува да се смее гласно кога му се зборува или како да распознава сериозно од интересно зборување.
Мајки, зошто на капкиве аква марис пишува само 3 дена рок на траење од кога ќе ги отвориш. Јас некни капнав еднаш само и сеа така ќе ги фрлам само со една употреба
Јас не можам до него да спијам. Само се штрекам на секое негово мрднување. Што подалеку од него подобро спијам. Јас уствари пола вечер спијам во дневна, маж ми на под и ќе ме викне за доење и другата половина јас на под )) тој во дневнс А ова со покривањето на очи сум видела го прави, ама не ми текнало да го оставам и дека ќе запие
Подобро земи спреј, не ампули. Ако не ја користиш ампулата цела во едно отворање, џабе ги земаш. Спрејот повеќе ќе ти заврши работа, и да има и за бебиња, безбеден е.
И на моево омилена му е лева страна само на таа страна заспива и подолго спие на почетокот го вртев лево десно ама за кратко си се превртува на грб и главата на левата страна ја врти и се откажав како му е убаво така нека спие..не сум забележала да му е сплескана само му падна косата на таа страна и сега има цел круг без коса..и кога го оставам сам да се успива врти лево десно со главата и некогаш толку брзо што ми е страв да не си го шини вратот...
Мајки малечката ми има 18 дена, какаше по 5,6 пати дневно. Од вчера сабајле па навака се нема искакано ниту еднаш. Ја дојам инаку. Има грчеви од време на време. Дали има простор за паника?
Мајки, правевме крвна слика на бебето 114 нели е малку?? Таа вика добар е хемоглобинот само резервите се малку пониски. Какви се тие резерви? Ме праша дали сум била слабокрвна во бременоста реков да. После пораѓај ми се симна хемоглобинот до 91... Рече само контрола пак за 2 месеци ништо не требало сега да давам.
Знам дека и кај вас има таков систем на спиење. Ај баш види кога ќе наполни 6 дали ќе смени и пиши ми, да ме утешиш. Така нешто прочитав, дека кога ќе наполни 6 ќе се регулира... А си пробувала да ја презаспиваш? Јас да, всушност тој ми бара цице за презаспивање и некогаш успева. Некако исто мислам кога ќе одиме до мкд со кола може ќе спие, да се изнаспие и после ќе се регулира.
Јас не можам да се опуштам покрај бебето. Не знам дали само јас или и други новопечени мајки така прават. Дури и кога ми спиеше 2-3 саати и тоа цврсто јас око не можев да склопам ако сум сама со него,да е маж ми дома, друго е. Психа, не разбирам, ама тоа е. Сами сме во странство, немаме помош од никој и голема одговорност осеќам. Може кога ќе потпорасне ќе се опуштам
Колкаво е бебето? Мислам дека до кај 4 месеци бебињата ги користат резервите хемоглобин што ги земале од мајката во текот на бременоста и после почнува да ослабува крвта. После за брзо почнуваш да му даваш цврста храна и само си ја јача крвта. Мојов сега на 6 месеци имаше околу 110,ама почнавме со месо ваљда ќе се санира.. Претходно 130 му беше. Инаку за бебиња е пониска долната граница, не е толку лошо. Не, зошто паника. Како расте ќе намалува со какање,ма да има бебиња што до поголеми често какаат. Моево еднаш дневно, па еднаш на 2,па сега на скоро 7 месеци кака на 3 дена. Доено беебе се толерира до 10 дена да не кака.
Аха според ова супер е, а на пр може ли преку исхрана јас да јадам нешто што би помогнала да се зголеми хемоглобинот понатаму преку цицање? Фала ти
Веќе сме 6 месеци ние, дење спие уште со мене или во количка надвор, не е голема спанка, уште како новороденче спиеше по пола саат, ма хаос. На вечер еве пола месец негде кај 5 и пол значи ја успивам за многу кратко време и ја префрлам во креветче, се мести и продолжува. За кола, колку е беба стара? Пошо ние како многу мало ( 2-3 месеци) имавме проблем за во кола, без мене не спие, на мене е тешко, а и не е безбедно, врискаше во кола 1 саат беше премногу возење, на 5 месеци беше супер спиеше цел пат (2 саати), сега пак е хаос во кола, ако е на подолг пат кога ќе се разбуди писка, сака да стани, да фаќа се, да излези од кола.