Туку да прашам, бебе веќе неколку дена навечер кога спие ми се врти на стомак. Кога ќе го видам се штрекнувам и ме фаќа страв. Не знам што да правам. Се будам на секои 10 минути да го проверам. инаку сме 4 и пол месеци и рано му е да спие на стомак. Од скокот моментално му се поремети целиот ред на спиење. Ја преспиваше цела вечер, сега се буди често за цицање. На секои 2 и пол саати. Преку ден има околу дремки по 1-1 и пол час. Заспива во креветче, ама кога се буди околу 2 го земам до мене да цица и останува меѓу нас. И со тоа може плус му го реметам редот. @elenaklasik како се држите со скокот? И @elimkd е мислам тука со нас?
Ве читам ги оставате и на вечер и преку ден само со боди.. Или на кратки ракавчиња. Мојава е нон стоп ладна во дланките. Кога и да и ги извадам ракавиците и за 10 мин е ладна во рачината, некогаш и со ракавиците ја осеќам дека и се ладни. Носи и комолет на долги ракави и плус боди и таман и е. Можеби е сеуште мала,што знам. Денес месец прави, и на контрола сме подоцна. Друго, на окцето има како линија преку цела зеница, мислев е влакненце ама стои долго време на исто место, на среде од зеницата хоризонтално. Страв ми е да не и е оштетено окцето или ќе се менува тоа... Не знам
Мајки ме нема. Сама сум со бебето. Имам проблем. Бебе имаше петокот пролив. Отидовме на педијатар и препиша пробиотик Линекс. Сега бебе 4 дена нема какано и се мачи. Совет!
Кружни движења околу папокот, во правец на стрелките на часовникот. Без сецкање, цврсто, со поголем дел од прстите. И пробај фати го како што се фаќа дете за какање, грпчето залепено за тебе, нозете стиснсти
Па што знам, како и секој секрет ако е зелен или жолт, асоцира на бактерија. И кај моево беше зелен, жолт, Со капкиве драстична е разликата, не му се улепени очињата после спиење. Да, се чистат каналчиња, плус тесно носе има малиов, но не треба да е зелен или жолт ако нема бактерија. @mother_nature Вади ракавиците, големо е за ракавици, остави да си допира и истражува со рачињата. Нормално е да се студени дланките и стапалата.
Здраво мамички, приметив на бебето дека задната фонтанела му е како вдлабната и се извадив од памет. Дали некој има искуство да ми објасни што е.
На повисоко перниче. Како се малите ? Ти како си ? И кај мене почна второво да спие тогаш на стомак, ќе се навикне за брзо да ја врти главата .
Малава спиеше сама во креветче од 20ч до 4ч без будење, 4 месец почна да се буди на секој саат и полесно ми беше да ја земам до мене, бар наспана бев. Сега ја враќам во креветче ама ако ми се спие ептен ете ја до нас, само што почна да лази и мора да е насредина, маж ми на ивица спие, а јас топ наспана.
Многу е малечко, додека се формира главчето има време, само ќе се исправи ама треба да го ставаш на сите страни да е легнато, не само на една.
И мојов минатата недела се сврте да спие на меше. Го заболеа веќе страните и си рече бебе дај да пробам трета страна хаххха. Ама немаше повој тогаш и послободен беше. Е сега да ви кажам му ставам повој навечер, и онака на боди по кратки е само, со повојот не му е жешко, а и не се врти со него. Тој вистина тогаш кога се сврте, си ја движеше главата и три саати така си спиеше. Ама аман не сум мирна така. А за будење, се буди различно. Нема нема како ред да се стави. Некоја вечер се буди од 21 кога ќе легне, па во 23, па во 2, 5 и пол. Еве вчера од 22ч последно цицаше и стана наредно во 2. 4 часа спиење за мене, се преродив! И потоа стана веќе во 5 и пол. Не знам како да ги воведам редот, не е до мене, демек вака сум направила во текот на денот, па затоа спиел. Велат ако бебе е уморно и неспиено во денот, навечер исто ќе било такво. Нема врска, кога спие помалку денски, ноќта повеќе спие. А денски, исто така се пократки дремките особено неколку дена со ред. По термин на раѓање сега е 17та + 3 дена, а од денот кога се роди е 18та + 9 дена. Разлика има 9 дена. Не ми е проблем да станувам еднаш до двапати, ама на секои 2 часа.... Вчера мноогу бев уморна, и секоја вечер попладне сум опадната ептен и батерии потрошени. А сакам и чисто да ми е дома и јадење и перење. Ехеее. Ами сакам уште едно дете здравје боже. Здрави живи само, сѐ ќе си биде. П.с доктор Гуднајт рече до кај 6 месеци не можеш рутина да воведеш на спиење. Едноставно има потреби бебе.
Да не е малце големо за повој? Секаде повојот се препорачува до месец дена, максимум 3 месеци. Јес да е полесно и за тебе ама за развојот на бебето и не баш. За тоа дека ако е поуморно заспива побргу и спие по мирно се согладувам, ако мојава е спиена денски.. на вечер знае журка да биде, иначе малава е 6 месеци и една недела, вчера сама се успа без плачки и тоа не ми беше во план туку сама си решила, се надевам дека ќе и стане навика.
Нема, доенчиња толерираат до недела дена да не се какани. Напорно е за бебе можда, пошо сака да се олесни ама да е проблем не е. Напи де чај од ким, јади суви сливи ти и тоа преку тебе ќе си зема.
@Bubish26 , и јас за повојот се согласувам. На 4 месеци бевме пак на ортопед, за ехо. И докторот ми вика, добри му се колкчињата, сѐ уште нема јадра, ама повој ставај му уште. . Добро до 3 години ако не пак ќе му ставам повој. Бебево треба да мрда, да ги развива колкчињата, а не со повој. И сеа пази, да му ставам повој и вежби да му правам. А вика добри му се, ами ако му се добри, шо фајде, сам треба да си ги вежба. И да ти кажам, преку ден не ставам. Ама навечер дека видов не се превртува многу со него, затоа.
Биди среќна што е на 2 саата..почна кај мене малава на неполн саат да се буди, баш читав прееска, рем фазата кај нас 90мин, а кај бебињата 40-60 мин мислам. И од кога ќе станеле не знаеле сами да се преуспијат, и бараат помош. Е си е*ав мамата.. ќе мора тренинг да воведам. Со првото немав нешто мака, од 6 ти месец го фана редот и тоа беше тоа, ама воа е цицалче, а ао цицалчиња троа потешко е . Нека мине побрзо што и да и е, отине можам ни јас веќе..
Мајки вие што имате мсшки бебина.. Кога ставате памперд кревате ли курето нагоре? Јас кревсм ама на мн наврати ми прокиснува. Сум пробсла да ставсм памперсо погорр, подолу, поголем зедов сма знае да прокисне НАЈДОВ ЕДЕН ЛИНК КОЈ ИМА ВРЕМЕ ДА ПРОЧИТА БАШ ЗА ИСТОВО. https://www.bipoklub.hr/zdravo-i-pa...e-muskih-beba-ili-kako-poloziti-pisu-u-peleni
Ах таков повој, јас не сум редела ни таков на колкчињата ни ден, те разбрав јас онај за спиење што е да не мрда ич со рачиња завиткани, затоа ме збуна.
Епа добро тогаш, јас се засекирав да не е нешто сериозно. Он доста време лежи само на грб така да може да е до тоа. Ќе го вртам на страни. Неполни два месеци е инаку.
Нема простор за никаква паника. До 10 дена некакање се толерира. Ако е меко мешето немај гајле. Јади сливи, можеш и вода од суви сливи (остави суви сливи да отстојат во вода) и ке помине. Ортопед вели дека се што бебе прави само е спремно дс го праби и не му е рано. Синко од месец и пол се шета низ креветче. Знам дека ти е шубе, и мене ми беше ама ке се навикнеш. Дланките и стапалата на бебе постојано може да се ладни. Температура на бебе се проверува кај вратчето. Ракавици не му требаат на бебе. Нека развива рефлекси и нека го осознава светот. И ке се гребе ама ке помине, сечи ги ноктите редовно. Јас лани синко во најжешкото го облекував во еден слој долги и пуштав клима на 26. Извади еден слој, може лесно да го прегрееш бебо. За окцето не знам што да кажам. Проба да ја извадиш треоката? Со капаче нежно тргни ја.
Мојот почна да спие на стомак уште пред некаде 10тина дена, на почетокот исто се штрекнував, ќе го свртев на грб и одма се расонуваше, сега го оставам да спие на стомак, главата му е свртена странично, така му е убаво и не го чепкам веќе, а исто знае и странично да спие. бебето никогаш не ја преспало цела вечер, максимум има спиено само еднаш 5 часа сеуште нема никакви промени, првото спиење од 10h до кај 01-мах 02, го земам од креветче до мене, потоа знае некогаш и секој час ама не станувам да го нишкам туку му давам да цица ќе почне да ја врте главата лево-десно и се успива денски ако е надвор знае и по 2 часа да преспие, дома ако е 1час искрено тие скокови не ги пратам ниту се водам по нив, го пратам бебето, како што расте така му се менуваат навиките