Јас прееска читав на Тулиа на инстаграм и на Фб имаат страна, детално немам читано, а и никој не кажува затоа што тренингот се наплаќа и те води стручно лице околу тоа. Немаат детално пишувано околу тоа, имаат само по реченица две, ама за брзо ќе сфатиш што од прилика треба да правиш Ама..големо ама..во секој таков тренинг има плачки, и мине со плачки, нема некој што не го поминал тоа И да платиш, и да го одбереш најлесниот метод, како што они го велат, да седиш и да го галиш додека плаче..тоа пак плаче Вака или нака..исто ти се фаќа. Црвено, болно газе, ги пече малите и плачат. Најчесто се јавува, од недоволно миење на газе, или од многу проливче. Исто така, може да се јави од пелени, влажни марамчиња. Има разни врсти, викаат пеленски осип, но се секој пеленски осип се третира еднакво. На пример, ако баш е потпарено газето ( исто како попарено со врела вода) , се користи пудра, помада со цинк, или помадата од Ремедија која што е фантазија за тоа. Ама има и друг пеленски осип, кој што и не е пеленски осип ама така го викаат, ако има брунчиња, тогаш не е, и тоа значи дека е некоја инфекција и се третира со канестен.Затоа најдобро педијарар да го види. Во Велес се користи.
Сте правеле ли крвна слика по пораѓај и каков ви бил холестеролот? Кај вкупен холестерол стои реф.вред. помало да е од 6.нешто, кај мене е 7.2...баш ме чуди дека повишен...
@Dikinzi големата е уште со температура, она кога крева одма право над 39, 40 да се знае. Сварена е од тт. Вирус вика ќе помине докторот,?- а знам дека на крај антибиотик ќе добие. Дај боже да се лажам. Маленката е добра, спие на повисока перница, носето е затнато но не многу, не дава вече да го чистам со аспиратор или пумпица, се буни. Мене ептен ме фати денес. Цел ден се клукам ифупрофени, ај нека помине брзо, аман веќе. Фала шо не помисли.
Правев 40 дена по пораѓај и после 3,4 месеци. Се беше пореметено холестерол, триглицериди. Сега после 9 месеци се е ок. (Доилка сум)
Јас правев две недели после пораѓај и мене вкупен холестерол ми беше 8,9. Чекам да помине уште некое време за да направам повторно. Велат дека сите вредности се пореметени и треба време да се среди па така се тешам
Има многу материјали за преспивање на ноќта, јас со ова бебе ја утнав, а и не сме сами дома па не може плачки да има многу многу. Еве ова видео го гледав, многу логични работи кажаа, ѕирнете. Не е cry it out, ама плачки до 5 минути се толерираат. Здравје за второ ќе бидам поспремна и сама во стан па ќе си го научам
Најдобар и најстар лек се неколу капки од мајчиното млеко измолзено директно во окцето. За 2-3 дена му помогна на моето. Кога отодов на прва контрола во систина го прашав нашиот педијатар дали сум направила добро што постапив така. Ми кажа дека и тој го препорачува истото и дека најважно е тоа што окцето е чисто.
Здраво централна Македонија Ако е како попарено, зошто поТпарено... Да се јават од Скопјево дали по аптекиве барале баш вака како маст за потпарено и дали има. @Dana31 Сум помислила и на тоа, но некаде прочитав дека не треба и зошто не треба, па се премислив. Но да ме убиеш не ми текнува каде пишуваше.
И јас читав дека во млекото се развивале бактерии и не е убаво да се капе, ама јас капев и миев со превриена вода и помина. Сигурно било само затнато солзно каналче
Во Скопје ќе си бараш крема за пеленски осип Во основа, тоа е “потпарено” Инаку има креми такви, да, јас Веледа користам, но има од сите производители. Содржат цинк ваквите креми за побрзо да го “исушат” осипот.
Леле леле, нека ви мине што е можно по брзо Ајде ладни тушови, чорапи натопени во вода, ладна лимонада, пуштајте клима да се разладува телото. Бацки и гушки