Е сум имала таков крем тогаш, го имам од Веледа и јас иако не го користам бидејќи сум немала потреба.
И јас не сум го користела за бебка, ама го имам дома. За првата ќерка го користев и супер е, ем природна козметика. Од едно ставање смирува вцрвенето газе
Веледа, Себа мед, Фризи дерм, Ремедија, Бекутан портокаловата, пудра, нишесте ( да, нишесте..еднаш на големата и беше ептен ептен црвено газето и дундето, и ставив..ама малку се става од него, другата ден да видите како е смирено одма ) уште Судо крем ми фали дома
Оди во групата Soba za doenje i Ad, таму вчера прашуваа за релаксатор. Пиши на Search на страната, одма ќе ти извади за релаксатори.
Мајки што да правам? Ако му дадам на бебето пробиотик Линекс има јаки грчеви, а ако не му давам има дијареа. Совет!
Нас докторката ни рече ако има премногу грчеви освен пробиотикот да и давам капки колиеф за грчеви 20 капки на сабајле и 20 капки на вечер. Денес ќе ги земам од вчера многу има грчеви (не знам дали од пробиотикот, пошто вчера прв пат дадов и е многу полошо)
Нас на секое какање гзето ни се црви, мнооогу тврдо кака откако ручка, не сакам секој ден да го шлакам со тие јаки креми
Да не се некои други капки за грчеви? Колиеф се пијат по 4 капки пред секој оброк(максимум 7пати на ден). Нас педијатарот ни рече доколку нема јаки грчеви можеме и помалку пати на ден да даваме, на пример 4х..
Па не можам баш да го разберам напишаново ама како колиеф да ми се чита... Нешто пишува becutan anticolic becutan 2x20..не разбирливо ми е, јас мислам колиеф да не се.. Ќе прашам на аптека ко ќе ги земам.
Не се колиеф Бекутан капки за грчеви ви препишала од нив се даваат ама мислам еднаш 25 капки зошто два пати по 20
Здраво мамички, да го споделам и мојот проблем можеби некоја од вас има слично искуство па ќе добијам совет. Бебе е 2 месеци, ноќе се буди еднаш до два пати за јадење, не сме само на доење комбинираме и цицање и доење... Е сега се е во ред до второто станување, бебе си спие мирно, но кога ќе стане се нацицува или пие АД зависи кога како, си заспива и некаде за саат почнува да јачи, да испушта некој тажни звуци да се жали како да плаче во сон а не плаче, си спие и тоа трае и трае некогаш и до 2 часа... Ке го земам во раце (тој спие) ќе се смири малку ама не скрос, ќе поцица ќе се смири малку и пак продолжува.. Да напоменам дека и многу прднува преку цел ден, некогаш и во тој период... Една комшивка ми рече да не си играм да го носам на ехо на глава зашо се повторува ова многу често и многу ме исплаши... Дали има некој сличен проблем?
Нели е тоа премногу? Препорачана дневна доза од Колиеф капките е максимум 28 во текот на денот, се даваат по 4 капки пред оброк растворени во млеко.
И мине нејзе од сите кога е потпарена, ама муабетов беше дека сите ги имам само уште таа и фали А и таа ја имам користено не дека не Иначе, кога се роди Ема, имаше црвени брунки кај дундето, и затоа ги купив сите, и не помина ни од една туку само од канестен. Затоа ми беше муабетот, дека не секој осип се лечи од тие креми, и најдобро да се јавиш кај педијатар затоа што 3недели ја мачкав, а тоа инфекцииче да ти било. Не се јаки кремитр, не се плаши.Тие се и за тоа наменети. Прво миење на газе, после остави само да се осуши, па после малце стави крема. Мене првото ми какаше 4-5 пати на ден, на секое какање миев газе, и уште мијам. Второво кака помалце, и нејзе и мијам газе.