Може исто така од пот да настине. Ако му било добро на пелена со фланел остави го така. Имаш ли прозор во спалната, и тоа како опција да го отвориш навечер.
отворена ни е во дневна прозор вратата од тераса, ама ако не направиме промаја, не влегува воопшто воздух
Климата кај нас дење-ноќе е пуштена, но не е во истата соба каде што седиме и спиеме. Блазе вас што можете без клима да функционирате.
јас не можам, ама со ситуацијава некако се силам да издржам без неа...што за малиот, што одма ми затнува нос, грло, па дигам паники..и седиме, се вариме
Кај нас е невозможно без неа, на поткровје сме и 100 степени станува преку ден и не се лади навечер. Ни 5 минути не би ја пуштала да не мораше.
Немој, првото ми беше бајче, ова второво само ќенкаше во сон, цивкаше,плачеше, се плашеше , немирно спиеше, душа ми зема. Си реков една ден, таква си и нема да те сменам И се навикнав да не ја слушам , освен силно кога ќе заплаче за цицање ..и така Кај мене е скоро 6 месеца, спие само на боди, покриена со тенок чаршав на половина оти нозете нема шанса, одма се буди и го трга, и смета жешко и е. Навечер спиеме со клима пуштена, далеку ми е спалната, па и треба време да стаса, убаво изладува, и раат спиеме. И преку ден сме со клима Да, можеш.
И ние се вариме, моментално сме кај свекрвата во Богданци. Климата во другата соба е пуштена ама не стига до нас. Ладниот воздух се спушта надоле по скалите. Свекрвата купи клима на вода и таа ја пуштаме кај нас во соба. Не лади, него разладува, под 28 не паѓа температурата. И веќе не знам како да го облечам. Него друго сакав да прашам. Бебево мое не сака лажливка. Мислев дека е до цуцлата ама не е. Купив секакви и не сака, се гади и прави фаци како не знам што да му давам. На сметка на тоа цицката моја му е цуцла, така се прејадува и после тоа бљуцка цело време. Не знам дали е океј така? Како да го натерам да прифати цуцла?
Не му ја ставај наеднаш, прво полека на врвот на јазичето. Кај мене и двете правеа така, па ја свикнаа, на нук ги користам јас цуцлите.Му треба време да ја научи.
И моево не сакаше на почеток, поубаво му беше на града да си дремуцка плус гратис гушкање си добива и така со саати ама полека полека прифати, прво онаа од авент дека иста форма е ко брадавката (воедно и силиконската со која го дојам) а сега се префрли на нук дека се сплескани и успева подолго да ја задржи. Авент морам да му ја држам со прст, плаче кога му паѓа
Не би го терала ако не сака. Нема потреба од цуцла реално. А цица оти е жедно, не само гладно, затоа и се прејадува и бљуцка. За да се олади, остави го само по пелена, а кога ќе ја менуваш и голо нека седи некоја минута.
Вчера бевме на контрола, од многу плачење има кила на папочето никако неможе да се смири од тие грчеви, докторот рече дека ќе не следи на секои 15 дена
Четири ипол месеци веќе дојам уште не сум јадела грав. Два дена јадев млеко со мусли еве денес цел ден се стега. И тоа пак ќе прекинам. Пробај ако му е тешко на бебето ќе прекинеш, а можеби и нема да му биде доколку му е стабилизиран организмот.
Мојата неќе цуцла,во болница ми рекоа не на почеток дур се научи да цица,па после тоа ја катапултираше со гадење.Уште подобро,ми рече педијатарот.А и не плаче никако,не гледам причина за цуцла. Многу става прсти во уста и се лигави,нз дали би била добра замена во овој случај ама кога неќе,не би да ја силам.И давам тетра да ја мота низ раце,ем и ги упива лигите. @worrieddd нз за грав,после 5-6 мес мислам јадат доилките. Мене леќа ми се јаде,омилена ми е:/