Јас јадам се умерено од почеток. Досега мака не сме имале од храна. Само кафе и сметаше, друго за ништо не си забранив.
Цуцла му даваа во болница од оние медицинските. Кога си одев дома после породување, влегов во аптека и купив две. Ја фаќа, но сме немале некоја којзнае каква потреба за цуцла. Единствено му ја давам во кола во транспортер кога ќе е сонлив и кенка, па се смирува со цуцла и заспива, а немам можност да му дадам цицка за да се смири.
Јас леќа само првиот месец не јадев. Сега јадам. Влеговме во 3ти месец ние и сеа се мислам да пробам гравче малку да видам како ќе реагира.
Мојов немаше грчеви и не плачеше многу, па имаше кила. Не е ништо страшно. Јас мислев такво му е папочето, сега му е вдлабнато
Ќе бута раце (и се што ќе се најдр на пат) се повеќе, нема врска дали има цуцла. Не давај ако не сака. Јас му давав цуцла денски (за спиење не, го учев сам да заспива) ама еве сега во 9ти месец ќе му ја тргнам. Покасно е потешко да се тргне цуцлата, а и секако не е убаво за забите.
Јас на поголемата цуцлата и ја тргнав месец пред да наполни 2 год, и тоа многу лесно. Иначе цуцла е закон После 7 ми месец, сами си ја бараат во креветчето и заспиваат
Kukli4ka и јас сакам да ја тргнам (има 10 месеци) ама никако да заспие сама ја користиме само за заспивање. Особено навечер и ја давам , наместо цице.
Јас цуцла давам и од тогаш го немам нишкано за да заспива туку кога ќе почни да трие очиња и да кемка го легнувам и му давам цуцла си ја врти главата на десно и сам заспива еве еден месец од прилика.. Така да јас сум ЗА.. Спас ми е од нишкање
Лелеее блазесиви) Ние сме преееелоши со цуцла, ја цуца како да нема видено и само му пача, и плаче, се нервира , нема шанси да заспие. Каква цуцла даваш? Јас силиконска од чико ама ништо, мн лошо. И не сака да цица после тоа, и од ко ќе се премори,заспива па ко ќе потстани одвај да му дадам да цица. Па и во цицањето плачи штом млеко му течи и како да сака онака само да цуца баш цуцла... Периодов ги изедовме рачињата))
Јас давам др. Лео омега и Пливит Д3. Од 6 месеци се договорив со педијатарот на наше барање да почнеме со Mollers сирупот. А од цуцки Авент ортодонтска и Томи. Имаат сличен облик и малиов ги сака и двете
И јас од чико силиконска имам одма ја прифати и само дури да заспие ја цуца после ја плука и си продолжува со спиење...порано ако му паднеше се будеше и преташе за да му ја дам пак...а сега си ја држи дури заспие.. а за рачињата еве го и со цуцла и рацете во уста
Дали сте биле нервозни или љубоморни или не сте сакале кога некој друг ви го држи бебето у раце, да го слика итн???
Да ,се нервирав со свекрва ми , поготово кога ќе почнеше да плаче ако ја земев да ја носам дома (ова за првото дете зборувам). Дали поради хормони па глупости си замислував како повеќе нив ги сака од мене хахах сега со второво бидејќи постојано се тегне , сака во раце (а 10 месеци има , не е баш лесна) ми доаѓа многу тешко скоро цел ден сум сама па приквечер ја оставам саат ипол со нив да ја причуваат , среќа што ми се блиску тие , јас колку толку ќе одморам/ќе призавршам некоја работа..
Да, себична бев поготово првите денови со бебе на никој неќев да го давам и кога ќе го земеше некој мораше таму да бидам
Бебе цел ден плаче од сабајле, надвор е мирна ама пак е многу жешко, викам ај да не е гладна ќе дадам 30 мл ад и веднаш добив коментар од свеќи не ја задоволува твоето млеко, тенко е а досега бебе добро напредуваше. После неполни 5 минути се исповраќа неможам да се расправам дека се грчеви во прашање