Немој пак да си дала ад. Фрли го, нека си збори што сака свеки. Лудачи веќе они нивните деца си ги изгледаа, нека не остават нас да си ги гледаме нашите. Ти маж ти обработи си го убаво, на лекар однеси го со тебе нека слушне педијатар како кажува дека мајчино е поубаво и дека нема потреба од ад и кога мајка му ќе проба да паламуди нека ја сече. И не давај ад, стој си на твоето.
Женски може ли да ми кажете дали аптамил комфорт е послаб од аптамил 1.Ние сме на комфорт ама мислам дека му е слабо на бебето и затоа е цело време нервозно.инску сме скоро два месеца и сме само на Ад.како можам да преминам од аптамил комфорт на аптамил 1? Директно почнувам со 1 или? Некој со искуства?
не е послабо, чак што више е погусто и помасно, ќе видите и ако ги споредите нутритивните вредности од двете. Може и од друго да е вознемирено, грчеви, жештиниве итн. А ако преминувате прво со педијатар, иначе нема ништо посебно, само му раствоорате од другото
За сликање не, јас од болница на сите праќав слики од синко. А за држење бев љубоморна затоа што не сакав друг да му диши во лице. Посебно кога фоаѓаа на виѓа со парфеми итн.
Како ги облекувате вашите малечки? Ние сме 6 недели и дека жешко нз веќе што д му облечам ми е страв да не го настинам.. Горе боди на доли му облеков тенко а долу куси пантолончиња.. Вчера беше обратно.. Ние сме од делчево па тука темп е малку пониска и ветре дувка цело време не е како по другите градови ама пак е жешко..
Јас не,напротив,среќна сум колку им е мила и ја сакаат.Кротка е и им се смешка,кај девер ми во раце и се успива. Додуша,малкумина ја имаат видено до сега со ситуацијава,и не ни била во гужва. Ми пречи само маж ми кога ја зема после цигара,го бркам
Јас ја давав стално до годината, посебно заби кога вадеше. После тоа почнав да ја давам само за преспивање и за ноќно спиење, арно ама се роди второво, воа другово одма сакаше цуцла, и ај да нема плачки. После ми прекипа и реков нема цуцла веќе,оти ги кинеше со заби. Ја пресеков на пола, и ја оставив на маса да ја гледа, за 3-4 дена ја одвикна. А на маса стоеше 3 недели, и викаше "нема цуцо". Сеа на другово, за спиење, кога ќе ќенка, одма давам цуцла за инстант смирување. Љубоморна и нервозна..и тоа многу, со првото така малце се потсмирив, ама пак кој и да ја земе во раце ми смета. За второво исто..освен мажот ми, другите ми сметаат
Свеки моја и за АД кога давав првите неколку дена дпдека ми надојди млеко ако плачеше велеше слабо му е ова купете друго...тие освен слабо млеко за други причини за плачење незнаат изглеа
Хаха леле свекрвиве.. и мојата првите денови ми рече ама само еднаш дека изгледа ми е слабо млекото зошо бебе плачеше ама кога отидовме на педијатар и кога му кажа за слабо млеко он одма ја пресече..вика нема слабо и јако млеко. И од тогаш нема збор кажано
Да ти кажам исти се сите скоро. Мојата пак ми вика немаш млеко затоа се лути и плаче детево. Дај му да цица од другата таа има повеќе млеко.. Но јас не обрнувам внимание и таа со заќутува.
Тука сум и јас некаде во клубот Слабо ти е млекото затоа плачи, ти не јадиш доволно и немаш млекп,плачи бебето зошто е гладно хахаха Јас не и обрнував внимание и само АХА ќе кажев и пак по мое. Имам машко дете и искрено се надевам дека нема да и правам вакви стресови на невестата За цуцла јас почнав да му давам кога имаше многу грчеви со тек на време преку ден сам ја прекина почна да заспива без неа и сега нини ја сака му служи како глодалка, за навечер за спиење му ја ставам ама гледам се противи не ја сака Кога сум тука да прашам зото најчето тренериве за спиење викаат да не се навикнувало детето да заспива со бели звуци?
Сите го научиле тоа слабо млеко. Свекрвата исто, дека не доела затоа што и било не доволно добро, врска нема. Па кога се породив ми наби комплекси, па на првата контрола беба само 40гр плус, и ја прашав педијатарката повеќе за да му докажам на мм. И потврди непостои нешто такво како слабо или не добро млеко, битна е само количината. Затоа е многу битно на сите контроли како мајката и таткото да присуствува.
Ма немам јас проблем со неа да и се докажувам, мене битно ми е мм да ме подржува. Првите 2 дена неможев да ја наместам сама на града, беба плаче вриска. Само мм можеше да ми ја наместе. Ама знаеш многу влиае некој постојано кога коментира нешто, ќе ти влезе во мисла.
Да ве прашам, шетате со бебињата навечер? Бебиња од 4 5 месеци на пример И кога е најубо за вечерни прошетки, night breeze? од кој месец?
Маж ми е шофер не е дома со денови а свеќи спие кај мене навечер да не сум сама , секогаш е на моја страна тој. Цело време ми зборува за тенко млеко, незадоволно бебе, цица на секој саат ипол и пак е гладно ама снаа сум и морам да премолчувам кога е маж ми дома сум на раат. А моето за месец ипол има 2 кг качено
Епа земи ја нејзе на педијатар и нема да те замара ваљда веќе. Кажи и бебето колку напреднало и дека некои деца само на ад не напредуваат толку. И немој веќе да се сомневаш во себе, имај си ад за секој случај дома ама немој да ти е отворено, јас купив ново пакување и прв пат во каша го ставив. Верувај малце во себе, не плаче бебето за јадење. И немој да се вознемируваш толку, те осеќа и уште толку плаче тоа. Јас би ти рекла ако имаш можност да се ослободиш од свекрва. Кога е она дома мое бебе не знае кој крај да го фати, збеснува, нит спие ниту можам да го заиграм. Верувај во себе, пак ќе ти кажам. Ете преку ден нека доаѓа чат пат, не ти треба да спие со тебе. Посмирена ќе бидеш, со свекрва сум знам како ти е. Сама да сум сѐ би дала, тогаш со бебе најубаво си функционираме