Kako se vikaat lepenkite ? I nie za 1 ned gi primame prvite vakcini ,ke bide placki nevideni use od sea strav me faka sto da ocekuvam reakcii od niv ?
Нема причина да се плашиш Ќе поплачи кога ќе го боцнат малото (моево се откорна, слегувајќи по скалите заспа), може да биде цел ден малаксано, поспано, температура во редок случај, нас стално ни велат вечерта да го бањаме, да го освежиме За лепенка во Зегин купуваме,им кажувам знаат вработените
Нема од лепенките во Зегин, ми рекоа дека се дефицитарни. Барав во Виола, Еурофарм, Бети. Е не проверив во Систина и во Ремедика.
Лепенки земав од аптеката на Промедика. Ама мислам дека е доволно облоги зашто истата функција ја имаат само попрактично е лепенка.
Промедика е во центар карши тц Рамстор. Аптеката е од десната страна од зградата. Ме снема малку ама ве читам. Ме полуде третиот скок, првите 2 дена лудница и плус се опуштив малку со исхрана и пак почнаа грчевите. Плачам навечер од тешкиот ден. Ама ќе го видам така убаво заспиен, ме држи за рака и не пушта и се топам Станува интересно. Денеска трети ден, како малку полесно да беше ама за секој случај си дојдов кај моите да ме сменат малку во нишкањето И ете имам време да пишам.
Дали завршуваат некогаш скоковите, и, ако да, кога? Од кога е роден заспива сам во кревет, сега е 5+ одеднаш го легнувам и се корне, се крева на петици и се фрла. Го земам во раце и ќути, и да стоиме пред огледало, си се гледа и се смее. Одеднаш почна да сака дункање, до сега никогаш не бил ваков, а веќе е тежок малце. Уште колку ги има тие, имам календарче ама искусните нека кажат кои се појаки да се спремам.
Малиов многу плачеше, го немам видено онаков После одма заспа и до дома во сон се издишуваше насекое. Дома беше весел. Сега го заспивам и во сон наглас нешто се смееше. Др рече лепенки на боцнатото и сируп парацетамол ако крени тт над 38. Вечерва малку на воздух го прошетавме. Па ќе видиме како ќе е...
@Sandra456* Антипиреа се викаат лепенките. Сакам да прашам дали 5м бебе може да малку во езеро да го брцнеме? Во базен не смее така?
Исто е и кај мене, па до 12 несака да заспие, па се буди по сто пати ноќеска што за јадење, што кенка како влезе во 5ти се смени бебе @RAK91 зошто не смее во базен, јас мислев да го водам утре, па овде и помали ги бањаат
Не знам дали може Затоа и јас прашувам. Некои ми викаат немој во базен. Јас немам искуство, прво лето со бебе ми е ова, нека кажат поискусните
На Јана и давав до годината скоро, нема штета од него, посебно кога почнуваш со дохрана, а Ема нели дека ми кака на 2 дена, затоа и давам а и гледам нешто подобро е со него, одма прди се олеснува. До кога треба не знам, ама ќе си давам додека не видам дека е средено се со мешето, оти знае да ми плаче уште ако јадам одредена храна, еве 6 месеца ќе направи, и не знам зошто уште и смета, на пример кенка од сирење, патлиџан.
Девојки, да ве прашам, има ли крема на биодерма што мириса убаво ? Мене пријателка ми даде за проба, затоа што имаше малата некои лишаи, имав за неколку бањања, и одма се смири, сега треба да си купам. Арно ама, шампонов мириса убаво, а кремава не е со мирис,ама пак мириса чудно. Па да ве прашам , крема за после бањање на биодерма дали има што мириса убавко
Не знам за во базен дали смее или не, ама мене во план ми е средина на август да се намали гужвава низ струга и охрид и да го искапам бебето во езерото. Ќе јача имунитете во ладната вода
Колку ќе има бебе тогаш? Пах и мене ми е мерак да го брцнам. Ќе почекам да наполни 5 месеци, тогаш се надевам ќе намали гужвава во Охрид, дека не се издржува, Илинден да помине и здравје ќе го однесиме еднаш. Ако не сака, не го терам сосила. Ако му е убаво, ќе го подржам со ноџињата. Еее и помали ги брцкале. Ама до прво бебе позагрижена си. Лани, во Калитеа една Русинка си го носеше бебето во вода, после 17 ч. Тоа легнато на меше на раката, покриено со тенко капче, моренце мирно, таа го измива со водата, ммераци..ама трето ѝ беше или четврто. Другите две си играа со мене и маж ми на песокот, баравме краби. Од Охрид сум и среќна сум за езерово што го имаме, ама море е здрава работа, а и за бебиња годи, нели? @RAK91 , ќе доаѓате пак на гости? Појлите, ако, ама после гужвата.
Ја вчера го брцнав цел во базен За во езеро некако страв ми е, се водам по мене, кај 18h го носам ладна ми е водата па си мислам и нему исто, иначе нозете му ги брцкам ги крева нагоре
а, колку има? И ние ќе го носиме, па не знам дали да му земам гума некоја, или мал е? Иначе 6 ќе има тогаш