Иначе, толку беше од скокот изгледа. Два дена страшно и еве денеска е супер. Ја преспа цела ноќ од 23 до 7h и еве сега тера втора дремка. Не се десило ова досега. Информативно, дека ви доаѓа вас, па да те охрабрам
@Dikinzi крема не знам, ама маслото од Биодерма е преубаво. Сменив од стелатопиа на биодерма и сум задоволна. Убава му е кожата и убаво мириса. Млеко за тело исто од мустела сменив на Уриаж и тоа убаво мириса и супер е за сува кожа. @elenaklasik пак сме во Охрид ама после гужвата. Тука во Скопје е пекол не се издржува. Ќе го брцнам и јас во базен, се надевам ќе сака @elimkd И мене ми е езерото секогаш ладно, додека влезам 20 мин ми треба , затоа се мислам и за него, ама ќе видиме како ќе биде. Твоето бебче сакаше во базен?
Да да, и јас сум многу задоволна, само уште и кремава малце да мирискаше уште по убаво ќе беше Ние одиме на Бабуна, на некои 10 мин возење ние од Велес. Водата е баш намалена, и големата се брцка до глуждеви, а малата и ги ставам ножињата само, и се заигрува прета ли прета. Цела не сум ја брцнала. Може крајот на Август, здравје боже само, да отидеме до Охрид на 3-4 дена, атер ради големава, па тогаш и малава да ја брцнам
Какви се тие лепенки мајки? Јас не ставив ништо,прашав,ми рекоа нема потреба,само добив чепчиња во случај да е нервозна.Дури ми рече и да не мерам Т без потреба. Ова за првите две,на два мес што ги прими,и среќа добро поминавме. Плачеше 10 тина сек,и дадов одма цице и се смири. Наредна недела сме на 2-ра доза. За скокови,17 та нед ја почнува денес,немам осетено ништо значително,да не ја подречам нон стоп е весела и брмчи,само знае на сред ноќ да се разбуди и си гуга Косата ми паѓа ко луда не се трпи.Ја носам собрана во висок кок и пак сегде влакништа.
Скоро 5м Ако седнува можеш да му земеш базенче малечо да шлапка Го брцнав во голем базен, не сакаше, почна да урлат
Bioderma atoderm preventiv мириса преубаво,другата не мириса убаво. Дури и неубаво мириса таа atoderm intensive .
Буквално се самолепливи траки, го ладат местото. Од природни состојки се направени, а на нив пишуваше дека се користат и против главоболка. Имаат и ментол, маж ми стави една на чело и баш рече дека е пријатно и лади. Јас кога го носев за вакцина докторката ми рече ако качи над 38.5 да дадам сируп, а чепче ако случајно повраќа, па да не може да испие сируп. Среќа убаво поминавме, си спиеше цел ден.
Антипиреа лепенки, така се викаат. Си сечеш по потреба и лепиш. За косата не спомнувај , јаже можам да сплетам и од 5ти спрат со него да се пуштам Фалаа тии Баш ќе ѕирнам
Да ама да се напомене дека едното е како превентива да не се појаве егзем, а другото интензив ги решава лишаите.
@elenaklasik ќе имаме 5+ после 10 август и ќе го врцнам еднаш, на толкаво езеро греота е да не ја осети водата, макар шѕо сега пред некој ден така ептрн малце му ги ставив нозете уживаше. Јас не гледам ништо лошо ни страшно за брцкање на бебето во езерово сешак нема да седи со сати,станува збор за 1мин, а и ќе јачаат имунитет.
Ох леле и тоа ли има ? Кај малава веќе се поминати, значи можам таа шо мириска да ја земам? Ништо нема да му биде. Навечер гледам некои емисии,во Русија што им прават, абе језа ме фаќа,а за 1 мин таман работа. Кумата во Шведска, вика среде лето ( а кај нив не се високи тем) , мало бебе од 2 месеца го брцка со се неа.
Леле истото пред некоја недела беше. Стануваше околу 3 4 и цицаше па ќе почнеше да гуга. Ќе погуга и заспиваше. Сега е 20та недела па не се има повторено. Ако ти паѓа косата, не ја врзувај во реп да не ја кинеш, неповолно влијае такво носење на косата. Подобро со штипка лабаво врзи ја. Или да речам лабаво со косето
А бе шо знам како влијае тоа на имунитет. Искрено, немам прашано доктор, не знам ни кај да прашам, ко недоверливи ми се доктУриве. Едни едно ќе кажат, други друго. Ај то, и истиот доктор па се побива самиот. А студена е водана? Ја немам пробано ич.