Дали може да ми кажете зошто е толку скапа глодалката Софи? Моето е 3 месеци бебе и рачињата му се стално во уста. Сакам да му земам глодалка ама нз која, дали вреди Софи за парите?
Јас ја немам софи, синко и без неа порасна. Навистина не знам зошто е толку магична. Не знам дали воопшто може една играчка толку време да го задржи вниманието? Имам куп други глодалки, сигурно имам дадено исто толку пари како една софи голема, ама секоја глодалка ја игра кратко и ја фрла.
Дали им давате на вашите бебиња железо од 4 месец? Вчера бевме на контрола и педијатарот ми даде едни капки железо да и давам додека почне со јадење. Ги земав ама се мислам дали да и ги давам.....на другите 2 деца ни витамин Д ни железо не сум им давала, никој не ми ни спомна тогаш такво нешто... Ај кажете вие давате, не давате...
зошто е Французинка..шала..јас му ја купив дека ми е прво, и ептен кејф ми правеше, башка е како играчка, пишти на стисок..си ја научи и си ја глода, сега за сега ја сака
Колку му/и е железото и хемоглобинот? Треба да е алармантно низок за да даде капки. Плус ако е на доење, малку намалени вредности не се за грижа затоа што нагло растат. Можеш порано да почнеш со дохрана, од 5ти месец со вкусови (ова е само сугестија). На доење ли е само? Јас ништо не би давала. Посебно не без крвна слика.
Мали ја засака малата Софи, после му ја земав и големата. Партал ги направи двете. Малата научи одма да ја држи зошто тогаш беше и помал. Не е дека е нешто вау, има деца ќе ја глодаат и ќе ја сакаат, други не. А за рачињата и најскапата да ја купиш, пак ќе си ги става во уста.
@Frosty! @elimkd @MilaSs12 тоа ми го спомна и минатиот месец, ми кажа дека резервите на железо уште од бременост кај мајката и после,раѓање на бебето се некаде до 4 месец, ова за тие што дојат како јас пример и после добро било да,се зема железо, т.е бебето да зема,за,да не било анемично понатака А додека оние кои биле на формула Ад не требало да земаат оти во тоа млеко имало и железо. Јас инаку железо пијам секој ден уште од бремњност, не сум го прекинувала ич и и го реков тоа и ми вика дека нема врска, не земало бебето железо преку мајчиното млеко. Инаку крвна слика не прават тука така само, треба да има нешто за да се направи и пмѕс тоа од прсте не земаат како у Мк туку директно од вена, што во овој случај реално нема потреба да се малтретира едно мало бебенце за да се види само колку му се реф.вредности на железо
Искрено, ми звучи како докторот да е соработник на брендот на капките, па ги нуди (како тука педијатри што нудат за профит). Зошто инаку буквално без причина и на непроверена к.слика би му давал капки железо на 4 месечно бебе? Јас не би дала ни под разно на лепе очи, ако веќе има причина за сомнеж на ниско железо, прво к.слика би направила обавезно.
Америчка академија на педијатри истото го вели тоа што го вели твојот доктор. Резервите докај 4 месеци, железо има слабо во млекото. Некои доктори викаат ако нема индикација ( без доказ дека има дефицит, преку крвна слика на пример за било што ) да не се дава апсолутно ништо на бебе. Стварно не знам што да кажам и јас, збунливо многу
еве ја, буквално е како играчка. Мека е целата, од каучук е, не е силикон. И јас кога бев дете некои деца ја имаа, стара е Софи
Ни за двете ми немаат ништо кажано за железо до сеа, остави не и давај, преку тебе колку толку прима. Софи ја немам ни ја, ниту планирам да ја земам. Дома ги имам 20 глодалки, доста се
Дали може бебе да има пролив од што јас јадам сливи? И не знам што се рачуна како пролив кај бебе од 7 недели. Денес сабајле беше многу какан, дури и му протече од страните, а на секое мењање пелена има по многу малце тртнато, три/четири капки