Па нема ако не сакаш, или ако немаш потреба. Мене на првиот само преку стомак ми виде дали е матката вратена во првобитна состојба и толку. Ми рече за пап, јас ја одбив тогаш и направив за два месеци. Може раната само да ти ја прегледа
Аи, мајки помагајте! Бебе од неделата спие 2×30 мин. и 1час дење. Друго се состои од носење, нишкање, пеење, играње, цицање, плачење. Сама сум со бебето. Мм оди на работа. Нека е жив и здрав, но јас сум изморена. За два дена бебе ќе наполни два месеци. Дали е скок или не? Незнам. Да напоменам дека во неделата бевме на шетање. Вкупно 200 км. Бебе ужива да се вози во автомобил. Но, пак се мислам многу дан му дојде?
Да си поплачам малце Бебе денес заработи антибиотик. Исфрлан е на рацете и под вратот, мислев не е страшно Матичната ги виде сликите и сега имаме креми за ставање канестен и белогент, еозин и антибиотик Ќе пукнам, не знам зошто вака, се нај нај од козметика му земав. Толку пазев и како стигнавме до овде не знам. Жива ќе се изедам
Мајки кажете ми како спиевте ноќеска кога малите почнаа да се вртат на меше? Синоќа случајно се будам кога го гледам дечкото со главчето во душек, на меше и мрда лево десно. Душа снемав и со едно око спиев.
Има во 8ма недела скок и трае две недели ама рачунај по термин. Кај моево вториот скок почна лабаво ама втората недела беше со урлање. Третиот скок почна јако и истрауматизирана од вториот си дојдов кај моите за помош ама веќе третиот ден заврши. Дури детето повесело никогаш не било, само се смее, писка. Дури 3 ноќи спие по 9 саати. Се изнаспав
Некој зеленчук да не си јадела? И колку пати на ден кака и на колку време? На колку време јаде? Зачести со подои и ќе му се врати жолта каката.
Ќе му помине да знаеш. Сега уште во шашава фаза, не знае и тоа кај е што е. Уште некоја недела ќе почне подобро да осознава и ќе го оставаш и само да се заигра со играчиња, можеш на под како најбезбедно со закачени играчки и да ги дофаќа. И мојот беше многу захтевен за во раце на таа возраст, сега е 4 и пол месеци и веќе самото лежи, гледа прати наоколу. Издржи уште две три недели, дури да осознае повеќе, после подруга песна.
Па, кога ќе почне да се врти, почнува да испушта звуци од напорот, одма сум на алерт момент и го чекам да видам дали ќе знае да ја намести главата. Некои вечери се врти, ја мести и спие подолго така, а други ич не се врти. Важно е да му дојде рефлексно да ја сврти главата странично, а не да ја напика во душек. И ништо, што ќе правиш, помогни му да се заврти ако не може и нека поспие така.
Нашиов ортопед рече да ја оставаме да спие така како што си се наместила. Спие и мојава на стомак скроз, главчето на страна и’ е. Некогаш ако не може да се заврти назад сама, закенкува. Ако е мирен и си спие, остави го, битно е само главчето да не му е зариено во душекот, туку на страна. Обично сами јавуваат ако не им е згодно, не се грижи, затоа претал Сега за второво ич не се потресувам, знам дека е нормално да си се местат како им е згодно. Ама затоа со големата бдеев по цели ноќи и само ја вртев од стомак на грб, па ќе плачеше зошто нејќеше така и се вртевме во круг додека да сфатам дека треба да го оставам детето на раат
Толку многу терапија за исфрлано? Посебно сега во жешкото лесно се осипуваат. Јас би консултирала кожен.
Мислам дека не мора стрикно во тој период да одиш на преглед. Кога бев, тоа беше околу 2 и пол месеци, ме прегледа и преку стомак и со лупа или спекулум (арно го пишав? ) ми ја виде матката и тоа е. Јас не можев порано, сакав да се спремам психички и да се издепилирам, не дека е нешто болно, ама како што велиш, и јас нејќев да ме чепкаат долу. Ами нормално чувство, не` изначепкаа при породување.
@elenaklasik @Sexybaby86 Фала ви. Го оставам често така да спие преку ден ама јас го местам и го следам на камера да не го зарие главчето во душек. Ама ова вака да се сврти сам ноќе во спиење првпат се случува и си викам немој да не го осетам зашто сеа и јас спијам поцврсто. Туку да ве прашам, кога почнаа да се пружаат со рачињата? Очекував веќе да почне, неколку пати се пружи по играчки ама не го прави тоа нонстоп.
Па мислам дека нешто пред 4 месеци почна мојов активно да се пружа, држи од помал ако му дадеш, ама да сака сам да фати малку покасно. И не само играчки, туку све живо сака да фати. Чаши особено, што му се најде на пат ршум прави. Не ви бега ова, не се секирај
За пружање рачиња кон играчки кај моево се случи после наполнет 3 месец. Значи може околу 3 и пол 4 месеци да почнат да пружаат. Кај нас, пред да наполни 3 месеци го вежбав, му подавав и му велев на маж ми, зошто уште не ги држи играчките, кога ќе почне бла бла...па малку почна да држи играче неколку секунди, а за недела дена се усоврши и подолго ги држеше. Значи иако се уште не држи, може преку ноќ да почне да држи и пружа.
Мајки дали правите вежби за да почнат бебињата да се вртат или не? Моево се врти на страна, повеќе на десна, ретко некогаш да се заврти на меше, а кога тоа се случува знае сам да си ги извади рачињата надвор, ја подига главата ја држи така, стабилен е. Кога е на грб и ги фаќам за рачиња се подига сам и тоа многу. Кога лежи знае од една страна на друга да отиде со влечење
јас му правев, има и на youtube ама кај него беше џабе. Инает уште од сега и мрза голема. Многу се фрустрирав дека дреме само, ама еве го пред 2-3 дена почна сам..полека се врти. Се уште само на кревет, на под го оставам ама не сака таму па ептен ништо да прави.
Дечкото мој ко мрзливко ми е за 4 дена прави 5 месеци, а на меше уште не се свртил т.е дали два до три пати и тоа сосема случајно. Вртењето од една страна на друга никогаш не го направил, спие или на стана на грб па на истата страна пак се враќа и тоа е. Ама пак кога е на под успева сам да се крева до некој 30 степени и да го држи главчето подолго кренато, и ако му подадам рачина сам дава напор за седечка позиција. Јас оставам на него какп сака така и кога сака, за се има време сите деца се различни
И мене тоа ми беше дали е мрзлив и кај нас на под несака ништо да прави, ги гледав вежбите ги правам па ќе видиме дали ќе има кај нас резултат или едноставно покасно ќе почне да се врти сам на меше. 4 ипол месеци е, можеби му треба време Ви благодарам што споделивте искуство