За една недела ќе има полни 3 месеци. И јас како тебе му покажувам како да ја фати играчката и ако не ја фати одма се вртам накај мм тажна На меше кога го ставам се турка со нозете, оди напред и ја фаќа играчката. На грб само ја гледа и се смее. Ако му ја дадам во рака ја држи кратко и пушта. Имам подлога со играчки ама досега не сака да лежи во неа, ќе видиме понатака.
Супер е тоа засега, на подлога наскоро можеш да го ставиш. Јас го ставив од 3 месец и една недела. Па малку се почуди што да прави, и ден за ден се заигруваше повеќе. Ќе се научи, секое е своја песна. Велеше една докторка дека бебињата кои вежбаат една вештина, стагнираат во друга. Вештини како седење, ползење или вртење, одење не можат истовремено. Ако му растат, пак, заби секако дека нешто друго подоцна ќе го научи, и така.
И јас првиот пат кога го видов дека се свртел и спие на меше се преплашив и цела вечер го вардев. Доктор ми рече до 6 месеци да не спие на стомак. Преку ден ајде тука сум го гледам. Ама навечер од замор ќе заспијам, па му викам на маж ми да го проверува. Стави му перница ако се плашиш. Инаку бебе на почеток не сакаше многу да лежи на стомаче на подлога, меѓутоа го ставав упорно и сега ужива на стомак. Го ставам на грб, за две секунди е на стомак, па почнува да лази и се врти во круг, па оди назад, а напред малку потешко По предмет почна убаво да посегнува некаде пред 4ти месец.
Ми треба совет, малата е точно 3 месеци, до сега давав Д3К1 на сабајле, чисто Д3 навечер и Био Гаиа навечер по препорака на Марина Поп Лазарова, оваа комбинација ми рече до 3 месеци. Сега не сме во можност да отидеме повторно па ме интересира што давате вие?
Д3 мислам дека не се дава навечер, сабајле треба. Нешто со метаболизмот е поврзано, со апсорпцијата желудник-тенко црево. @Babyiscomming После 3 месеци се дава Д3 + Д3 со омега.
Да ве прашам нешто. Бебе полни 7 недели има, и кога лежи ќе се загледа некаде (претежно на десна страна) и ништо не му скренува внимание. Ќе фатам да го свртам на друга страна, а тој фиксирал поглед и се врти со очињата пак таму каде што гледал... пред некое време почна да загледува лица и играчки и да се смее, ама ова не знам вообичаено ли е, се загрижувам Маж вели да престанам да го анализирам бебето за се што прави, ама мајка е мајка
Нормално е Кога се мали така се загледуваат во некоја точка кога ги фаќа дремка, знак дека му се спие
Нормално е тоа. Стимулирај го со тропалки, звуци или на некаков друг интересен начин, да му го привлечеш вниманието и да почне спонтано да се врти на другата страна Нам педијатарот ни забележа дека постојано спие и ја држи главата на едната страна, па откога активно го поттикнуваме да се врти на другата страна веќе нема проблем (8 недели сме)
Може повеќе е свртен на страната од која што ти спиеш. Моето беше така, па сега му легнувам наизменично од двете страни (периодов не спие во креветче).
Консултирај се по телефон, бебето примало 2 капсули Д3 можеби и сега ќе треба по две. Инаку јас купувам бејбитол д3+омега (во едно пакување,30 капсули) и му ги давам наутро.
@WonderGuurl Јас би рекла некоја шарена играчка да му ја држиш над него централно, па кога ќе ја фиксира со поглед, полека да ја носиш налево, па пак централно, па надесно, па пак централно, па налево и така да ја следи со поглед. Ем ќе се занима, ем ќе си ги вежба очињата, вратот и сл. Без звук некоја играчка што има шарки и виси. Инаку, нормално е да се загледува така.
Фала ви ептен, малку ми олесна Се загледува ко којзнае што да има таму, а тоа бел ѕид Го стимулирам со висечка играчка и кога ќе ја види полека се врти по неа, а кога само му тропкам не се свртува Инаку да од негова десна страна спијам, и цело време кон мене е свртен, може и тоа има улога
Мајки дали мора прво да излезат долните забчиња или може горе прво да излезат? Малава случајно ја загледав, горните жлебини и се набабрени, нон стоп е со раце и предмети во уста. Рано и е ваљда за забчиња но сепак да прашам...
Јас се чудев што има таму кога ќе го ставам на подлогата за пресоблекување, ќе се загледаше десно нагоре и со цела отворена уста се смееше и преташе со раце и нозе целиот среќен. Па му помина тоа, сега не прави така