Го мачкав бебе со Јекодерм, но педијатар ми кажа да го мачкам со млеко од Бекутан. Купив и го мачкам синко.
А дали ја користите кремата од бекутан што е со цинк и за која намена? Јас имав мачкано порано црвенила некои, само потешко се размачкува и се думам дали е општо и за телото...
Кремите со цинк обично се користат за пеленска регија, точно тешко се размачкуваат и служат за превенција/лекување на оштетена кожа
Кога ги мијам цуцлите лажливки влегува вода внатре, а се брои на прсти колку пати сме ги користиле (ептен ретко кога веќе не знам како да го смирам) Ги имаме 5-6 во оптек и уште од прво миење е вака со водата. Како да ги исушам скроз да нема капки внатре? Ги мијам со сјајче Нук па ги ставам во стерилизатор, и од пареата се полнат и тие внатре
Со ништо не го мачкам. Сега е 4 и пол месеци. На почетокот само јекодерм малку. А сега само витаминска на газето за да кака полесно. На други места ништо не ставам. О' натурал
Дали после секое менување на памперс ставате павловичева? Јас да, постојано, и досега еве убаво тераме, без црвенила или осип. Само сега така размислував дали е правилно тоа да се става насекое, немам прашано педијатар, па ме интересира како правите и вие
Јас не ставам на секое менување крема. Ако е мочкан го забришувам и го оставам да се исуши кожата и малце да поужива, зошто ко во оклоп се со пелениве. После капење го мачкам само, со Веледа за пеленска регија или ептен ако приметам дека се има зацрвенето.
Не, може и горните прво. И мене ми кажа некни кога бевме на педијатар дека горните малку се набабрени, а долните не,ама не мора да значи дека денес, утре ќе излезат, може и за месец, два. Јас баш ја прашав, викам нели долните прво излегуваат, ми вика не мора да значи. Инаку лиги лиги еден куп има веќе 1 месец, се живо јаде, гризе, се нервира ако не може да ме лапне мене на пример, ме фаќа со двете рачиња за лице и отвара уста се тресе да ме лапне Оффф колку болат тие заби додека да никнат тоа е чудо едно
Не е баш здраво затоа што не оставаш кожата да подиши и да се одбрани малку сама. Еве го најдов цитатот од биодевојка околу тоа. 'Кога се користат креми со нафтени деривати или силикони ситуацијата изгледа перфектна и под контрола, меѓутоа тоа не е вистинската состојба на кожата. Исто како да си капнуваме восок на кожата, таа ќе биде мазна на допир ама не е нашата кожа, кожата е тоа под восокот и ако го оставиме така подолго таа ќе се задуши и исуши. Кога ќе ја промениме кремата и ќе се измие маската се покажува вистинската состојба на кожата која може да биде сува, нафрлана, масна итн. '