1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски

    Како сте со спиење на колку се буди ноќе оти ние сме исти, со грцеви гледам како да овие денови му се намалени ама да не повратат се плашам иако и сега саат два плачеме посебно насабајле ги имаме обавезно и неможе да спие.Синоќе спиеше од 11 30 едвај заспа па до 2 30 тоа е успех за мене оти се буди на саат ипол и се прашувам дали ќе се смени пак по старо или ќе бидам среќна со повеќе спиење. А сменив ви исхрана не јадам благо и млечни производи за да нема грчеви вие што јадете??
     
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Синко има ноќи кога поврзува 5-6 саати, но најчесто се буди на 3 саати да цица.
    Јас во однос на исхраната внимавав. Бебушко имаше грчеви кога консумирав кравјо млеко, јајца, гравче и чоколадо. Сепак ова е индивидуално бидејќи има мајки кои јадат се и бебушките немаат проблем.
    Грчевите поминуваат, само мноооогу трпение мамички.
     
  3. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски

    Јас не јадам млечни производи 4 ден грав,домат, зелка,газирано,грицки,бел леб, благо. Избегавам да јадам во големи количини зелени растенија, а денес каснав и парче кашкавал и 3 лажички сладолед од млеко. А пијам час од ким по неколку чаши од вчера. Е сега незнам колку ќе му се намалат ќе видиме а за јајца незнаев пошто обично кај сите табели што да јадам што ги најдов немаше за јајцата јас ги јадам. А да внесуваме се во намалени количини тоа дали може се прашувам на пр. малку благо коцка две чоколадо, или некој ден кафенце 4 голтки итн.
     
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Цацувче не исклучувај се за што ќе прочиташ дека создава грчеви. Види самата од што бебушко има проблем. Јас јадев гравче, детето имаше грчеви, направив една недела пауза па јадев пак и повторно се случи истото. Така направив и со останатите продукти. Моево од млечни производи немаше проблем, а кога пиев чисто кравјо млеко имаше. Ете и конзервирана храна, како и сувомеснати производи, кафе и газирани пијалаци исто така предизвикуваат грчеви, но нас не ни правеа проблем. Пак ќе ти кажам има мајки се си јадат и бебушките немаат грчеви. Најубаво сама да процениш дали и на што бебето лошо реагира.
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    цацувче мила може и да не јадеш некои работи пак да си има грчеви :^) така е на почеток со грчевите,пробај со некои намалувања на јадење ама немој многу сепак треба млеко да имаш :)
     
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.131
    Јас јадев бело чоколадо додека доев цели два месеци ;( . Ако кризираш за благо, избегнувај црно чоколадо зошто знае да направи проблем. И краставица, чудно но многу грчеви предизвикува.
     
  7. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Храната што ја јаде мајката додека дои, не предизвикува грчеви кај бебето. Тоа на што треба да се внимава е умереност во консумирање на алкохол, кофеин и сл. Затоа јадете се што сакате додека доите, нормално во умерени количини, а посебно немојте да се воздржувате од консумирање на секаков зеленчук. :)
     
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Мамички дали до сега некоја дала вода збогатена со јод? Значи минерална флаширана е. Барам по интернетов, но неможам да најдам за ова.
     
  9. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Даки им давате затоплен чај или млак не го топлите онака како на собна температура или кога ќе излезете на шетање дали носите чајче или ги доите каде ќе посакаат??
     
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Колкаво е бебето? Мислам дека не се препорачува оти зголемена вредност на јод ја пореметува функцијата на тироидната жлезда а кај мали бебиња /деца многу брзо би имала влијание. Постави прашање во соба за доење.
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    И јас така знам,најубаво да си прашаш кај педијатрата.
     
  12. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Фала Ви, баш денес бевме кај матичната, но ете заборавив. Инаку бејби е 6 месеци. :)
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Ние во четворток сме кај педијатрата а малава деновиве само плаче,денес пак јаде и олаче за спиење а неспие и пптоа наеднаш ке заспие :^) незнам дали од времево што овие два дена само врне па да не има тоа ефект.
    Се буди и плаче јаде и потоа пак исто,во креветче легнија пак плаче ни ова ни тоа,дали ја боли нешТо или времево или забчиња болат :^) незнам.
     
  14. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Сака да биде на мене со стомаче, ми спие во раце испраено битно да е кај мене, бара внимание или да не се навикне вака, ама па им треба блискосат и нежност сега ?
     
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.870
    Допаѓања:
    28.557
    Се навикнуваат мила, и те како знаат да фатат навика да си спијат во раце, затоа труди се да го легнуваш во креветче да си спие само, ем за него подобро (нема да му е толку жешко како во раце) ем за тебе подобро (ќе имаш време да си одмориш малку и ти додека бебето спие) :)
    Инаку и моето бебе е 2 месеци и некоја недела, па ние веќе правиме напори да не сме нонстоп во раце... Преку ноќ си спие во креветче без проблем, а преку ден сонот и е пократок и не спие цврсто, си сака во раце ама јас инает и водам и мислам дека добро ми оди засега :lol: Ја легнувам во релаксаторот и ја занимавам со тропкалки и музички играчки(ги слуша звуците и се смешка, па си разгледува по шарените играчки и помирничка е), кога ќе и здосади во релаксатор ја ставам во кебенцето со играчки (не знам точно како се викат тие кебенца над нив што висат играчки), па се занимава и таму неколку минути, па во транспортер, па во едното креветче, па во друго кревече, па го пуштаме проекторот (кој сеуште мислам дека не и е баш занимлив и е мала за него, ама ќе му дојде редот :!: )... буквално ќе ги прошетаме сите соби низ дома, се со цел да не ми биде во раце...и има ефект, помирничка си е во споредба со првиот месец (плачка голема беше и се во раце ја носев). А сега знае и сама да си лежи а јас пак имам време и да одморам и да завршам некои домашни обврски.

    Зборот ми е, потруди се да го занимаваш додека си леже, да не го држиш во раце оти сега се по 5-6 кг и не тежат, ами кога ќе се потешки...како ќе го држиш нонстоп во раце??? :?:
    На таа возраст од 2 месеци веќе може да се занимаваат со тропкалки и музички играчки, пробај, белки ќе се поданучи малиот да не се држите стално во раце на ова жешко време.
    и уште ова...денот е долг, има време и за внимание кога да му се посвети, не бери гајле.
     
  16. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    кога има грцеви бара на стомак кај мене навечер спие во креветче и го занимавам и јас така со музика си лежи само.
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Ние денес бевме на контрола малата напредува многу добро веке сме до 7кг :) за плачот и нервозата рече дека можеби се забчињата и дека расте и менува малата па дека не е страшно ништо :)
    Ни напомена дека од 6месец натака да почнам со манџи да ги провува а потоа и да ги има во својот ручек.
    Се на се малата е добра :)
     
  18. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.131
    ^ Со какви манџи да почнете?
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    :D мислев на зеленчук :lol: да и правам од зеленчук супа и слично а најпрвин да пробува морков варен компир и друго а потоа со комбинаци :)
     
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.131
    Од памет ме извади. :D Нека и е наздравје и само така да продолжи да си расте. :angel:
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.