Како си задоволна од логона производите? И ако можеш слика да ми пратиш кој лосион конкретно го користиш? Мислам 100% природна козметика е.
да, откако се затопли ептен, или е само по памперс или во боди со куси, а за спиење со боди само, и покриен со тенко ќебенце
многу ни е жешко дома, со прозор на кип(од горе отворен) спиеме, и пак е топло, сигурно е 25 степени внатре, се открива, ама и јас и сопругот стануваме и го препокриваме, па и да осане откриен не му се плашам многу, зошто на секое дигање кај главчето круг од пот има
Па пишува дека е сертифицирана органска козметика па сега.. Јас сум задоволна од лосионот зошто ссмо тој го имам користено и за големата и сега за ова. Ми ја купија и кремата и пишува дека и таа може за цело тело ама јас си продолжив со лосионот а кремата се мачкаме со ќере чат пат
Мајко сакаме да одиме на викенд па сакав да прашам дали и кој фактор е најдобро да земам за 3 месечно бебе, препорачајте ми што е најдобро
Мене педијатар ми препорача од овие: https://prirodnakozmetika.mk/index.php/2014-06-24-14-08-48.html Јас би ставала само капче и лесна светла облека и не би го носела на сонце.
Не ставам зошто нема потреба, нема црвенило, не користам ниту влажни марамици, освен кога сме излезени иначе само го одмивам со водичка
Да моево спие само по боди ,ја покривам со тетра ама најчесто одма ја бутка и секогаш е гола не покриена .
Јас не гледам шема туку ако мене ми е жешко и него му е јас спијам по кратки пижами со горно на прерамки а бебе спија по боди на прерамки и со тетра покриен ама тоа додека да заспијам јас па ќе се отскрие и нема кој да го покрие оти мама е кома Туку ова со рацеве во уста веќе аман по 100 пати му ги мијам и пак ќе му се залепи некое влакненце од косето дека му се менува сега си велам нема гајле ако голтни некое па неможам да го допазам...а и тропалкиве ги пика во уста и нив само навечер ги мијам со жешка вода во ред е така?
Јас ги мачкав -шлакав и двете. Ретко кога без помада беа оставени. За тело знам да ескивирам, ама дунде секогаш сум мачкала. Чорапи не, некогаш и зимоска се без чорапи.
Јас не му облекувам и да е по долги нозете му се боси.. сликава од пред некој ден ко беше поладно сега спие само по боди Спојлер: бебе Спојлер: бебе
Ухуу машала ајде за некој месец ќе ти се придружиме и ние ти таман собери искуства таму за ние ко ќе влетаме со прашања да има кој да не советува..
Со ништо не го мачкам, нит јас ставам нешто. Маж ми е омилен на комарците, па се шлапа со аутан и во тој случај не му давам да го држи малиот. Не знам зошто да ти кажам искрено ама си викам којзнае што отрови има.