Не е мила до вас, до детето е. Кај вас ќе игра улога кога ќе порасне Сега не,мал е уште. Еве исто се понашам како со едното така и со другото, па воа второво беснило е
Да, сега и јас мислам такво си е, ама штом е сега вакво ќе има тенденција и кога ќе порасне да прави вака, инает жив. Затоа зборам со мм мораме тактика за воспитување и двајцата да се држиме до неа, зошто ако едниот му попушта на глава ќе се качува на сите
Ние утре правиме 3 месеци. Обично не следам скокови ама овие 2 дена детево значи збесна Бевме кај моите со спијанка и тој само да се џари по цидови, оддвај да гго заспивам. И познатото-в раце со цицање заспива, го оставам на кревет абе одмаааа станат а очињата и веѓите црвени за спиење. После само в раце и да се шетаме, да разгледув,абе снага ми падна . И само цице бараше, ми сее чини збесна, како порано со цуцлата што ми правеше. Сношти дома исто, не можеше да заспие убаво и преее нервозен. Плус жешко, се поти во главата нон стоп кога цица, едно време мислам веќе и не пушташе млеко,тој уште понервозен. Се потевме и двајцата, клима по многу малку па страв ми е да не настини....И така, дали скок, дали денот таков му беше, не знам,нека е здрав и жив ама ме премори тие два дена Ме интересира како е кај @Veki4kaa дека во ист ден се родени ?
Бидејќи имаше и бубуљички под мишки и на гради, пие антибиотик, го мачкам со еозин, белогент и канестен. Така да после терапијата ќе му земам пудра и ќе контролирам. Докторката вика дека од жешко се појавиле и сега преку ден сме на боди без ракави или пелена а навечер на боди со ракави.
Мајки ај кажете искуства.. Бебе цица океј беше досега.. 6 недели сме во 7 сега тераме 3 4 дена пишти нс цице се трга па пак нурни че цицне и се лути пишти... Мислев нема млеко неш се измолзив и му дадов од шише прв пат го испи.. И од ко му дадов уште толку ми се чини пишти ми е страв да не ме одбива нешто или пак можам да поврзам со скок... Родени сме 3 недели порано бидеќи читав скоковите се сметат од терминот..
Здраво, во петокот привавме вакцина петовалентната синоќе и денес качи температура 38. Но на едната нога се има појавено оток на местото каде што е боцкана а на другото нема ништо па дали е се воа нормално ?
На колку степени уклучувате клима? Нашата е во друга соба па има ходник и паралелно е нашата соба. Јас ја пуштам на 26. Кај нас во соба покажува дека е 29 степени цело време иако осеќам ладен воздух. Денес почесро почна да поткашлува и не знам дали му е од климата и од сувиот воздух?
Јас ја пуштам на 26 степени и да дува најслабо. Да не се поти, па да го фаќа климата и од тоа да поткашлува? Пази да не е многу облечен и да настине. А можно е и од сув воздух. Отварај прозори повремено. @prinstongirl2 Скокот трае две недели, мојот беше кенкав втората недела само. Ми успеваше додека го држам во раце неприметно да му ја ставам градата, само така ми фаќаше.
Знам дека се додека цица бебето и не давам дохрана нема потреба од вода. Но овие денови е стварно претопло па се мислам по малце барем да му дадам за да му биде полесно и нему. Или нема потреба
Мајки бебе е старо 1 месец само на доење сме ,во петокот бевме на педијатар целосно ја прегледа рече дека се е во ред.Меѓутоа вечерва дури цицаше после бањање некако се прецица и поврати ама овој пат не беше вообичаено блјуцкање млекце туку имаше и шлајмче ,до сега вакво нешто не ми се десило се исплашив малце да ви кажам искрено .Дали на некоја од вас и се има десено волку мало бебе да поврати шлајмче ?
Има многу поделени мислења за ова, а баш и јас се прашувам дали на овие жештини да се даде по малку...ние утре 3 месеци,немам дадено досега...
И кај нас е исто, не спие навечер до 1 или 2 едвај ја заспивам, ем и се спие ем и се игра, еве ја ми гуга моментално, апред 5 мин кенка ништо не и е погодено. свежа како мислиш утро е и се изнаспала, а стануваме кај 10 11 насабајле ама до дека станеме претходно цицаме кај 07 или 9 и презаспиваме до кај 11 , многу касно заспива тешка е за успивање чудо е. Овие два дена многу ми повраќа, нз шо и стана скоро секое цицање повраќа. Преку ден знае да заспие одма дали на цице дали ја нишкам заспива одма ама навечер е друга прича .