Вода се препорачува при топлотни бранови,но,бебињата ви се во климатизирани простории.. Јас не давам,нудам града почесто,млекото е преку 80% вода. Консултирајте се со педијатар за стручно мислење.
Дали е можно од што воведовме дохрана(кашички) т.е пробува само не јаде којзнае колку, да има гасови/грчеви да неможе да се олесни? Од спиење стана дете кога рикна пола саат неможев да го смирам,стомачето му беше тврдо и на допир испушташе гасови и уште толку врискаше, неподносливо.. Несакаше да цица мислев да не е гладно, едвај го заспав и сега го слушам како липа од толку плачење уште неможе да се смири..
Јас му давам не ја сака многу ама 20мл ко ќе е најжешко значи од кај 12 до 17 ги пие на неколку пати по неколку голтки...немаме клима дома па е пекол 28-29 степени е
Јас давам вода од месец ипол, бидејки е на АД педијатар ми рече да нудам ако сака во ред. Сега си пие по 60мл на ден сигурно. Некогаш кога кенка многу и давам се смирува. Душички и нив им е топло, млеко си е млеко, вода си е вода
Кско ги облекувате малите навечер за спиење? Не сме ни 2 месеци а жешко пекол е навечер не се седи... Боди на кратки му ставам овие два вечери а долу пантолончиња тенки.. Ми е страв да ме го настинам со оглед на тоа што прелжку ноќта заладува и освежува..
Јас до лајче дадов обична флашираа ама не ја сака мн 1 2 и плука а сварив и бекутан чајче и можи 10 лажички испи
Му мрдав играчки пред него лево десно и почна да ги следи, ако е пуштен тв не тргаше поглед од него или на пример ако сум легната до него и гледам во тел и он гледа со мене,значи почна да приметува шаренила и јаки контрасти. А и главчето почна поцврсто да го држи и на меше кога го ставав се креваше многу. Вежбај го на меше да ја врти главата лево десно. За спиење ако ви е толку топло остај го само по боди на кратки и покриј го со нешто тенко. А за вода не знам дали доктор ти препорачал ама баш прашував педијатар дали да давам вода на високи температури и ми рече ништо освен млеко.
Јас мојов го облекувам само по боди на кратки, или маичка и памперс, и го покривам со тетра ама секогаш, буквално секогаш се открива, ја рита и му доаѓа до половината.. кај нас е многу жешко клима имаме ама не ја пуштаме зашто одма се затнува малиот
Јас од шише давам ама дека и млеко од шише пие ти ако даваш давај со лајче...јас флаширна давам ама и таа ја превривм
Жива ненаспана сум. Откако откри малиот дека може сам да се врти на стомак секое легнување се врти. Нема шанси да спие на грб ни дење ни ноќе, а јас око не можам да склопам од страв. Пробував го вртев пак назад на грб ама се нервира, плаче. Знам дека треба да го оставам и дека шом се врти е спремен ама не можам мирно да спијам.
Не се секирај толку, ако не дај боже зарие глава во душек ќе слушнеш, или ќе плаче или ќе се мачи нешто. Живо суштество е и тоа со инстинкт за преживување, немој толку да се тресеш. Проблем можеби би имала ако спиеш во друга соба и бебето е без никаков надзор. Ама ние мајките на секој звук се будиме, така да немај гајле
Од жешкото на моето му се исфрла кожата, педијатарот кажа преку ден на боди без ракави или само на пелена. Навечер само на боди со кратки ракави. Кај нас во соба темп не се симиња под 27 .
јас го ооставам по боди така спие и му завиткувам тетра околу половината а нозете голи му се...нема да настини мислам побрзо ќе настини ако е наоблечен да се испоти па преку ноќ кога заладува да му достуди..