Почнав директно ја отвараше устата ама во последно почна да се буни и една му ставам на нос, една на образ... Сега со лажиче.
Јас давам такви со лажиче, попрактично ми е, го легнувам за да не ги плукне (Читав овде требало во уста директ, се лепела содржината на лажичето, ама мене не ми успева директно во уста..)
@Cherry333 @Jana06 и јас со лажиче, а ортопедот настојува директно да му ставам, ама ем споро капат, малиов не издржува, а и по 8 капки пие..ама мислев да не грешам многу со лажицава
Д3 се капнуваат директно во уста. Секое бебе треба да прими точно одредена количина на д3 и со лажичка дозирањето не е исто. Во една капка има одреден број единици на д3, па на лажичка се губи дел, ама не смеете ни една капка повеќе да ставите. Во Србија има вигантол, ако оди некој нека ви донесе. Пливит горчат, ужасни се, и синко не ги сакаше.
Мало бебе не препознава вкусови, а покасно може во млеко да се стават. Мислам дека маслените раствори остануваат на лажичка.
имаме од каде да најдеме Вигантол, ама почнавме со Пливит, иначе не држи уста отворена, не можам да го додржам, му паѓаат по фаца, на нос, ма уста па се лиже. да имаше проблем, градниот кош му омекна, и ни зголеми на 1кг една капка
Синко е 1 година. Јас отсекогаш давам директ во уста. Ортопед рече дека д3 исклучиво се капнува во уста. Маслените раствори на д3 се подобри. Ортопед така кажа ама одамна беше и заборавив зошто. Мислам дека е во врска со апсорпција. Плуд вигантол е поконцентриран. 5 капки од пливит се исто што и 2 од вигантол.
Баш сакав да ти речам. Тие две се најдобри за бебе, со најниско ниво на натриум. Не се малтретирај со превривање.
И мене така ми рече ама ете не сака, не седи мирен за да му дадам. Една ќе ја погодам, па следна е на пола уста, па ќе ја лизне, па брчи со уста... Вака му ставам точно, Пливит Д3 колку што видов е воден раствор и не останува на лажичето.
Не сум знаела за ова ао натриумов и не обрнував внимание..Ние дома пиеме од лидл една и на неа пишува 2.5 мг во литар..значи можам од неа и да не ја превривам за да не купувам посебна..мене оваа не ми беше сигурна ама сега гледам најмалку натриум има спрема другиве Спојлер: вода
И синко истото го правеше. Борби се водеа за д3. Цели 5 капки. Штом отворија граници одма купивме вигантол. Јас само кажувам што ми кажал ортопед. Ако така ви е згодно, така терајте.