Нема да остане навика сите деца поминуваат низ таа фаза. И нема ништо не хигиенски, малечко е уште ништо не фаќа со рачињата ама ако ти е мисла јас со влажно туферче му ги 'мијам'.
Неможеш 100% да го заштитиш од бактерии, ама и така телото граде имунитет, ич не се секирај. Кај нас не се дава, знам @FreeMind даваше.
за до 6 месеци мислам дека нема друга, освен Др. Лео (и таа е иста)..после 6 јас сакам да го префрлам на Молерс
Жолтата капсула преврти ја целата, делот кајшто истекува да биде надолу. Ќе се спушти тоа што преостанало и кога ќе дојде на излезот, приближи ја во устата на бебето и притисни само. Ќе доистече така. Вака јас правев, поуспешно е, од само да шприцаш а тоа по страните се лизгаше и не истекуваше.
Ама гледам останува и во малото парче што се кине од горе. Многу безвезе се направени. Инаку, да ви кажам за мојот мини срцев удар. Му ставам к1д3 и пошо во тоа малото парченце останува од течноста му го стискам и тоа во уста. И едно сабајле поспана, несконцентрирана му го ставам тоа во уста и нели нормално рацете мрсни ми се лизна од прсти во устата на бебето. Леле луѓе не знаете скокање, го кревам и се дерам Плукни, плукни... Детето само ме гледа си вика шо и бидна на оваа, гледам не оди и почнав смирено да му зборам, се насмеа и го видов во уста го извадив. Колку сум плачела после тоа, срце ми застана. Сега ептен пазам ама од тогаш нејќам да ги видам капсулите.
ти добра си била, јас рацете на глава ги ставив и на мм, вади му ја капсулата падна...ама разградливи се мислам и да ја голтне не е страшно
И мене ми падна еднаш кога беше уште новороденче, мислам инстант се препотив 30 пати и паника ме фати Успеав да и’ ја отворам устата на сила и да ја извадам. Инаку знам дека се разградливи, за бебиња се правени сепак и мислено е на тоа, ама не е сеедно да ти се деси ова Mini heart attack Со големата никогаш не ми се случило, со малава уште на старт
Германија Д витамин со флуор заедно се дава до првиот заб потоа само Д витамин чист, а флуор преку паста се прима.
Леле истото ми се деси пред некој ден ама мене ми се лизна големото парче. Одма го свртев на страна, устата му ја стиснав од страните, го видов парчето и го извадив. Не паничев за да не го исплашам ама цела се тресев. Уште од одамна прочитав дека биле направени од некаков материјал што лесно се разградувал во случај ако го голтне тоа детето ама многу ми е страв и веќе многу пазам. Ич не се практични тие бебитол.
Јас обично кога ја вадам капсулата ја стискам на тоа малото парче и два три пати ќе затресам (језда со самото стискање ќе се симне течноста надоле). И уште стискам така и во исто време ја вртам за да се искине капачето. Досега во тоа горниот дел не ми останало ништо, само понекогаш во тоа големиот дел и се мачам да го истискам во уста а бебе веќе се нервира.. И да башка и надвор ако истече, ептен не практични. Секој ден се прашувам дали доволна количина примила од вит
@Jana06 за да не остане течност на врвот на таблетата што се кине, јас прво го стискам врвот да премине целата течност доле и после го кинам. А за да не ми се разлева насекаде, шприцам во уста и одма давам града, ако остане уште малце течност додека цица ја стискам од страна. До сега сме немале проблем.
Јас ич не ги сакам капсулите. Колку и да стискам, остануваше течност. Со вигантол сум на чисто колку капки капнале. Па и при кинење се губи дел од течноста. Д3 е д3, бејбитол се само реклама. И јас давав ама знам дека е за профит.
башка и што конкретно д3 со к1 капсулчето е провидно, не знам колку останува така стабилен д3, а и ме нервира што е као швајцарски производ, а произведен во Полска. Затоа и ние го откажавме после 1 месец
Веројатно затоа што се во картонска кутија. Јас земав и едни други д3 со омега, црвени се капсулите ама синко ги повраќаше. Јас мислам дека е само добра реклама. Омега може и посебно да давате. Плус капсулите се згодни за мали бебиња, кога ке треба поголема доза д3, се дава капсула плуд капки. Има ли фармацевт да ни каже која е разликата меѓу вигантол и капсулите? Во однос на квалитет.
јас давам Пливит со Др. Лео омега, планираме после 6м на Молерс омега да го префрлиме, и Вигантол..сопругот е фармацевт ама освен концентрацијата што е различна, рече не завлегол до толку да провери.
Нема разлика ,разликата беше во цената вигантолот каде ,каде беше поефтин и поисплатлив ,бидејки кога бебе ќе порасне кога ќе треба да даваш повеќе капки /капсули пример по 3 или 4 бејбитолот искача прескап за користење .Само има и друг проблем вигантолот го нема веќе во Македонија.
Значи нема разлика. Пари и маркетинг. Во Врање има. Јас се снабдив, едвај чекав да отворат граници. Пливит горчат, синко не ги сакаше, се молевме за 5 капки. Плус пливит е воден раствор, а д3 подобро се апсорбира во маслена форма како што е вигантол.
Здраво @Annath , да те прашам откако ќе почне процес на излегување запче кое сѐ уште не ѕирка, за колку време пробива низ непцето? Или индивидуално е тоа? Сега мојов кога не може да ја пикне во уста цела играчка, се нервира, брчи со устата и долната усна ја вовлекува навнатре, ја гризи, се лигави, ама непцето не е набабрено. Можно е прво горе да никне?
Му стававме солен раствор спрејче аква марис бејби едноставно невозможно беше да помине без тоа. Ги вадевме со пумпица после тоа. Све недели му траеше ова