Po 4 pati na den ,nekogas i 3 pati no pretezno 4. Ne davam.posle AD ds cica poso sekogas zaspiva ama kalo i da e ke postpie pola saat 40.min pa nudam odma.cice
Кај моево е веројатно таа орална фаза што се спомнува овде, кога и да го држам со грбче накај мене се наведнува и ми ја лиже раката. Не е гладен тоа сум сигурна. Сега почнавме сите да ги миеме рацете до лакти често Да ве прашам, тие што имате 3 месечни бебиња на колку време бараат да цицаат? Моево нешто почна како новороденче да се однесува последните 2-3 дена. Си цицаше убаво на 3-4 саати, сега бара на 1-2 саати и некако нервозен е додека цица. Не знам што му значи тоа ја фаќа цицката ќе повлече еднаш и пушта, пак фаќа и пушта и тоа може една минута да го прави, па почнува да плаче.
Ништо, почнува да збеснува. Мојов така цело време цица сега, со молби. И гледа наназад се тегне. Мислам од тоа од 4 месеци до 6 400 грама стави. Само кога спие убаво цица, иначе глупирање до бесвест. За лижење, мојов мене по фаца ме лиже аххаха
Дечково е 5месеци и преку ден не му ги бројам подоите,гледам овој летен период почесто да му давам да цица, а навечер од старт цица на 2 сати )
Колиеф ставив во млекото така го дадов, а био гаја во лажичка со малце чајче одма од кога до допија млекото. Нема некој проблем дека ги дадов одма последователно капките? На секое јадење на 4 саати и давам колиеф, значи мора еднаш да се погоди наеднаш да бидат дадени и колиеф и био гаја.
Мене ме лиже и лиги низ рамо и рака ми течат уште одамна, лом се прави. Балончиња си прави и густи лиги течат. Марина ми рече да земам од Фрезидерм гел за непца, од 2 месеци го користам. И тоа тегнење го прави. Претходно само навечер пред спиење, а сега и денски така изводи. Со залет фаќа, трга еднаш и пушта, трга глава, едно кенкање, па пак со залет и нурнување и така. @mother_nature Мислам дека нема гајле ако се погодат, но јас сабајле давам проботик и после некој саат млеко со Колиеф. Ме советуваа на гладно да е пробиотикот.
Ние веќе и подолго време си цицаме начесто Навечер можи и преку два часа по малку да цица а можи и само еднаш. А преку ден спие мах 1 саат, цица и пак спие и пак цица,му иди како на секој саат/два цицање.Некогаш си викам како недонајадено е детево. Ако му се спие само плачи и не сака да цица, млеко има в уста и плачи...Рацете само в уста му се и си велам зар пак му се јади ама ако го наместам да цица не сака и го оставам да си ги лиже И најтешко ми е во последно време кога таман заспал со цицање го легнувам на кревет и одма станува, како да се штрекнува и пак одново со цицање а жешко е се поти.... Кога е точно скокот во 3 месец знаеш ли?
@0ли Значи генерацијата истите глупости ги прави да не се нервирам Признавам еднаш само помислив да дадам ад, да не случајно немам млеко ама си реков на глас Не. Ќе помине. @lavinija28 Инаку, поминат е третиот скок на нас за 10 дена ќе ни почне тој долгиот 5 недели што трае ама громчето (или најтешката фаза) е во 17та недела. Тебе мислам терминот ти беше околу 03.05. ако е така значи два дена порано од нас ќе ви почне. @0ли Да, исто се лигави, му течат. А зошто гел за непца? Која е намената? @mother_nature Фати си ред со капките, јас си направив табела и си запишував во колку му давам за да не надминам 28 капки за 24 саати. Намести си аларми ако треба, барем со ад знаеш дека јаде на 3 саати (претпоставувам). Значи спремај му го млекото на 2.5 саати и таман имаш пола саат да отстојат капките во млекото и повремено протресувај го шишето. А за пробиотикот и витамини или што и да даваш, сабајле кога ќе се разбуди нека ти биде ритуал, пример менуваш пелена и остај го 5 минути нека си мрда со ножињата без пелена и тогаш давај му пробиотик и се останато. Спремај го млекото и капките во него и дај му го.
Не се нервирај, какво ад, сигурно си имаш ти млеко. Имам забележано дека така кога прави, знае доста да испрцка. Дали му олеснува од мрдањето или мрда за да му олесни, не знам. Еве за гелот Пред еден месец и' кажав на Марина дека почна да се лигави, му ги виде непцата и рече кога ќе направи 2 месеци, да го мачкам со гелов. Скоро месец дена го користам.
Како се приметува пролив кај мали бебеиња (8недели) со оглед на тоа дека секоја кака им е течна? Бебе вчера не какаше, денес до сега три пати ама последниве два пати некако течно, лигаво. Се плашам да не настина. Педијатарот ни рече преку ден само по боди без ракави а навечер само по боди со ракави, без чорапи без ништо. Жешко е кај на во соба и плус му редам перници од страна да не му иде доректно ладен воздух од другата соба.
Досега немал пролив ама педијатарот ми кажа ако кака повеќе и почесто од нормално и ако каката му е потечна од нормално тогаш е пролив.
Мојот синко е два месеци. Цица на секој саат. И мојот некогаш е нервозен кога цица. И ќе испушта гасови, ќе ги крева ножињата. Тогаш мислам дека има мака со стомачето, бидејќи напнува и се црвени.
Бебе мое спие по боди кратки и чорапчиња. Во собата ни е 28 степени. Кога јадам суви сливи бебето има потечна кака. Дан имаш нешто јадено па можеби е од тоа?Ако трае неколку дена, консултирај педијатар.