И мојот не дава да го покријам, па чекам да заспие, диплам тетра на пола и му ја ставам преку половината. Сега овие денови поладничко е, па не се буни многу.
Nas ne ni dadoa, zasto se vodime na razlicna adresa. Trebalo i dvajcata na istata opstina da se vodime.
Јас користам Бекутан витаминска крема за пеленска регија, со портокалово капаче што е. И за првото дете истата ја користев и никогаш досега немале мака ни двете.
1 недела ми има бебето (женско), на дундето кога и мењавам памперс има крв, во болница исто кога и мењавав памперс имаше како шлајм со крв, прашав таму докторка ми рече ништо не е генетски е а не знам што генетски, ама мене ми е страв затоа што уште крвари и не знам што да правам.. Совети и искуства ако може? Дали да ја носам на доктор или нешто друго?
Иако изгледа застрашувачки сепак е сосем нормална појава, се чисти бебето од хормоните на мајката што ги примила. Мојата имаше неколку дена густ лигав исцедок и плус жлездите на градите и беа целите отечени. Баш тој период бевме на преглед кај педијатар и ни спомна да не се исплашиме доколку видиме и крвав исцедок. Како и да е за да си мирна слушни си се со педијатарот, и ќе ти каже тој/таа најдобро. Ние тука сме за совет и подршка, али доктор си е доктор [/QUOTE]
Не се плаши, нанеси му нежно и потоа кога ќе го миеш помини со ракавица, ништо нема да му биде. И обавезно да го чешлаш после тоа
Фонтанелата е нежна ама не до толку. Ти сигурно ке си внимателна и нема да има проблем. Намачкај со масло 30 мин пред бањање и после бањање помини со чешел нежно. За неколку дена ке се исчисти.
Бебе некако вчера и денес многу ми е поспано. Многу кива и ми е страв дан има настинато. Спие, цица, пак спие. Кога сакам да се играм со него, весел ми е. Се игра. Навистина незнам што е. Бебе е два месеци и 6 дена.
Бебе е два месеци и капче му ставам само после капење 30 мин. А, воопшто не сака капче. Одма почнува да плаче.
@RAK91 и моето бебе турка со ножињата кога ќе го покријам. Цела ноќ го покривам. Јас го покривав со тетра, но овие два дена, како врне и падна температурата го покривам со тенко ќебенце.
Баш сакав и јас да прашам, вчера и денес е поспан цел ден, а плачлив кога цица. Можеби е до промената на времето, не знам...
Можеби. Да и мојот вчера многу плачеше, кога требаше да цица. Ама мојот многу кива. Мерев температура и фала му на Бога нема.
@elimkd за вртењето на стомаче- дали тебе или на татко му ви е омилена? Можеби е и со ген поврзано, а и на бебе му е поубаво така. Педијатарот Антоније рече дека нема гајле ако бебе спие така, само вика што можно е после да не сака поинаку. Моево го легнувам странично и спие така, потоа само се враќа на грб и тек наутро кон 4 се мести на меше и спие така 2-3 часа. А јас на пример ич не сакам на стомак да спијам. А @RAK91 зошто да не спие на стомаче до 6 месеци? Поради синдромот Sids?
нас ни кажаа откако ќе падне папочната врвца може..ама малиов гранулом имаше, па се раздолжи, од 2 месеци го ставаме интензивно, а сега почна и сам да се врти
Какво е то ретко млеко жити се? Господе шо не че чуеш од луѓево, мојава беше 24/7 на града, какачка голема беше и си остана, каката нормално че е течна.. да ја слушав свекрва ми како е гладно бебе затоа само цица, немаше да успеам, еве не 7 месеци скоро си уживаме. @Chuchanov
Ние сме месец и пол, има некоја специфична положба како треба да се намести бебето? И колку време да го оставам за почеток?
Ахахах ретко млеко божеее, па што да кака кога само течност внесува, неписмен народ. После не дај боже кога ќе почне цврсто да јаде кога ќе се мачи со цврста столица пак мајката ќе биде крива