Син ми немаше никаква реакција ,совет имавме само почесто да цица дента и океј поминавме . @Thallia јас од сам почеток после бањање ја ставам на меше и го масирам грбчето така ми покажаа во болница уште син ми кога се роди .Од скоро ја ставам и на меше да спие преку ден и убаво и е гледам дека сака ,само без надзор само на меше оставање не.
Ефералган. Во Зегин барав, но немаше лепенки, во ниту една аптека немаше, преку компјутер проверуваа. Ни во Еурофарм ги немаше. Сега можеби добиле, не знам.
Ќе ти објаснат се таму убаво не се секирај. Ако сакаш да се спремиш со време, јас земав ефералган сируп и чепчиња за секој случај ако повраќа. Земав и парацетамол да имам неотворен сируп во фрижидер за не дај боже. Лепенките ги најдов во аптеката на Промедика ако ти е близу и ставив за преку ноќ, дење му ставав облоги ациди борици. Се најнормално правиш само даваш почесто да цица и два дена не се искача надвор.
Не даваш сируп после вакцина, само во случај ако качи над 38.5 мислам беше, ќе ти каже таму педијатарот. Да, парацетамол и далерон е исто само различна фирма. Можно е да повраќа од рота вакцината и во тој случај не можеш да дадеш сируп, ќе ставиш чепче. Ама се ова ви случај ако качи температура. Ако не, превентивно лепенка на боцнатото или ациди борици на газа, да го одржува местото ладно. И јас не го бањав тој ден.
Ефералган, кој за секој случај го имав дома за во случај да крене температура. Цела ноќ го следев и му мерев температура повремено, а и наредните два дена. Ми рекоа да следам во наредните 72 часа од примањето на вакцината.
Мајки, често бебево снемува воздух. Како да и се враќа од млекото (ад) или од чајот (бекутан) и се вцрвува омодрува и се бори за воздух. Ја тресам, вртам, тропкам па за едвај да се соземи. Се плашам цело време сум до незе, не сакам ни момент да ја оставам поради тоа. Неколку пати джсе случува ова. И првиот ден на болница се случи вака и ја ставија на кислород малце. И сега и се случува така од време на време.
Добро ви се случило ли цел ден да спијат бебината и да се во кома завелезени? Не можам да го разбудам цел ден да цица ццц
Кога ке заприметиш дека и се враќа или се дави од течност ке ја вртиш на страна и пополека тапкај ја. Но мора да си смирена. Држи ја исправена подолго време после пиење не ја легнувај веднаш И ке си најдеш положба подисправена да пие да не е скроз на рамно.
Ја држам 1 саат исправено после секое јадење, некогаш и повеќе. Сега и се случи ова два и пол саати после јадење, лежеше на кревет и одеднаш се случи. На рамно лежеше без перница, но сепак одмина време од последното јадење.. Не знам зошто вака се случува. Утре ќе одам кај матичната. Веќе траума имам не се делам со поглед ни минута, раце ми се тресат.
Подигни го душекот од креветчето под агол или купи перница за антирефлукс што е. И не ја легнувај на грб на страна нека спие. Може матичната ке ти даде плус совети. Ке помине но си сака внимавање.
Сестрите на болница ги будеа бебињата со стегање на петичето или корнење на косето негде кај бакамбардите.
Мојот вчера спиеше цел ден. На кратко разбуди се и пак спиј. Но, затоа цела ноќ цицаше, в раце ми беше и се игравме. Глава толку ме боли што ми се плаче.