Бекутан содржи парабени,парфеми,алкохол во состав, баш се што не треба за едно бебе. Ако сакаш нешто добро по состав и прифатливо во цена пробај со Хип.
Да не се оние бебешките акни? На моето исто му беа само немаше црвенило. Како и да е, ја не би го морала во ќебиња ако е топло дома. Внимавај да не го прегрееш. Какво око има бебушка
Мајки, раце ми се тресат, умрев од страв. Значи пиеше пред 2 саати млеко, ја заболе мешето по сат време после тоа и дадов чај. После тоа пп саат време заспа враце. И одеднаш се слушна како и се враќа од желудникот како вода (нз дали е од чајот или е желудочна киселина) и оди во хранопроводот и не може да го голтни, ни нагоре ни надоле..се задушува нема воздух, омодрува. Значи од спиење враце во исправена положба и се случува. Умирам од страв.. Последниве 4/5 дена се случува ова. Утре сме на доктор. Некој со слично искуство и од што може вака да се случува?
Здраво, моето бебе е 12дена, последниве 3 дена почнавме само на цице. Сакам да прашам дали може да и дадам водичка или чајче, вие од кога почнавте?
Можно е да е од жешкото, ама зошто го мачкаш со било што ако нема потреба? Само ако детето има проблематична кожа се мачка, особено на лице не и особено не со Бекутан, пре агресивен е за бебешка кожа.
Јас мислам бебешки акни се моево од жешко ако се нафрла не се вака како акнички туку само црвени точки..немаш потреба да го шлакаш со крем ако нема проблематична кожа моево 3 месеци е и освен крем за пеленска регија и тоа не стално само по потреба никаде не мачкам посебно не сега на жешково
Женски ме интересира како се викаат тие позади на косата што се прават како стуткани (упки?) и дали им ги сечете?
По грешка отворив, и сосем случајно видов дека си ме тагнала. Кога правиш едит за да тагнеш некого, не стига нотификација. Иначе ќе ти пишев одма. Извини што доцна одговарам. Водава не знам која е, не сум ја приметила, ние други користиме. Ама гледам сум во 0-6, мој совет е да не се дава вода на бебе пред да се почне со дохрана. И мајчиното млеко и ад, содржат се што му е потребно на бебето до 6тиот месец. Тие немаат развиен желудник да процесира било што друго освен млеко. Плус со водата може да се направи проблем на бубрезите. Исто како што по 6тиот месец до година се препорачува количината на вода што ја пијат да не надминува 500 мл. (освен во исклучителни ситуации, да е многу жешко и се потат, се толерира повеќе). Сепак, ваша си е одлуката. Не знам дали до сега си се снашла со инфо, ако не, сликни ми странично што пишува ќе ти преведам.
Бебе има киселини. Кога ја легнав да си лежи на рамно, враќаше киселини (желудочни). Од што може да бидат? На ад сме аптамил, давам капки колиеф, био гаиа и д3. И кога е исправена киселините и идат до грло и се пригушува неможе да ги исплука ниту да ги голтни. Прашањето ми е од што може да се прават олку киселини? Пс. И чајче бекутан давам (од него можно е?)
Можно е да е рефлукс . Овде само може да погаѓаме. Правете паузи меѓу јадење нека подригне, и креветчето подигнете го одоздола со по неколку книги да дојде под 30 степени, ама сепак и педијатар консултирајте
Мајки, бебе кога го туширам цело време лиже од водата што му тече по лице. Се надевам мала количина е и не штети, или?
Зошто, онака без потреба, не знам. Еве нема да мачкам. Првото си го мачкав,ми мирисаше убаво бекутанот, и ја до ден денешен користам. Шо викаат старите, од узур
Те сфаќам ама само полошо правиш. Кожата треба даа дише и да се 'боре' со околината. Веќе ако се појаве нешто да се третира со крем или маст. Имаш убави купки нежни на Хип и убаво мирисаат.