Ноќе си спие по 12 саати со 3 будења за цицање и супер си цица ама преку ден плачам со него. Да, баш тоа што викаш како брзо да му здосадува. Јас му тропам со тропалка или на татко му ѕвонам на видео кол, па он од таму изигрува кловн. Многу ме интересира што е поентата што десната цицка не ми ја сака. Инаку, да се надоврзам за кашлањето и мојов истото го прави, порано се плашев дека се разболува ама веќе го научив. Кашла кога го играм, а тој сака во раце.
И мојава кашла,па го плази јазикот и не го враќа и се смее.Си имаат финти) Инаку,се повеќе забележувам како покажува карактер во 5тиов месец,баш ми е интересна,не е толку бебе-бебе. А да,кога ја ставам на меше сега ми прета со нозе,р,жи,сака да лази војнички.Ако се допре на нешто со стапалата обавезно се одбива и трга напред,не и е веќе фокусот на држење и вртење на главата,тоа го испракса. Прашање-Ги седнувате ли во скут? На 4+ мислам.Педијатарот ми рече слободно да ја седнувам,само да ја држам јас,никако меѓу перници.
Маалку благо под степен го седнувам на мене, ама веќе е подолг самиот се витка. Здравје наредниов месец го седнувам во 60 степени. Ме збудалеа со тие јадра на колкови, ставај повој, немој да го држиш исправено, не го држи на стапалца исправен... Ортопед што ти има кажано?
Ве читам и сваќам дека и моево се преправа дека кашла Обично кога и нудам да цица а таа несака, се трга и почнува демек да кашла и ме гледа во очи ми се смее и се накашлува.
@elenaklasik на ортопед бевме кога имаше 5 недели,и правеа ехо и констатираа дека двете колкчиња се во ред,со оформени јадра. Педијатаров на секој преглед ја седнува под агол од 90 степени,пред огледало,така проверува мускулатура и фокус,ми кажува на која страна гледа повеќе. Последниов пат и ја застана исправена. Баш го прашав за седењево дали и штети,ми рече -не,слободно,само да ја држам.Иначе на мене си ја чувам полулегната,мала е за така под 90 С,плус смешна е дека нема врат Очекувам сега да почне да се врти,малце сум екстра внимателна каде и како ја оставам. Од кога почнаа да се вртат вашите?
Дали сум јас смотана или е така незнам?! Бебе има 2 месеци и 10 дена. 24/7 сум околу него. Да е нацицан, пресоблечен, искапен. Но, куќата ми е хаос. Сопругот готви, мие тањири, смука, полира. Навистина ми е жал. Јас немам време да се средам. Веѓи, депилација. Дајте ми некој совет. Вака се нервирам.
Кашла и мојава лажно, се глупира Па дува со устата балончиња и се смее, па го плази јазикот, се кикоти на глас. Живеам за тие бебешки кикотења значи @dunika мојава сега веќе на 5 ипол се врти и од стомак на грб. Претходно само од грб на стомак, сега веќе и двете ги совлада. И ортопедот баш рече дека стомак на грб покасно се совладува, негде месец дена после грб/стомак Си ја ставам на подлога на под и она си се врти, си дофаќа играчки, сега веќе имам баш бебе Многу “отвори” од моментот кога направи 5 месеци, дури ми се чини ме разбира некогаш кога и’ зборувам
Можам од мој начин да ти кажам како правам. До кај 2 и пол месеци многу не фаќав дома, а за мене лично кога како. Се видов еднаш во огледало и се исплашив кожава кон каков пат ми е тргната. Сува ми беше. Се решив да си правам нега, се консултирав со една на инстаграм, ми даде рутина. Колку и да ми се спиеше навечер, 20 минути си посветував на средување. И сѐ уште е така. Кога излегуваме наутро со бебе, гледам да се средам, подобро се чувствувам. Маж ми готви, смука, мие исто чинии, раскрева. Јас кога имам сила, можам неколку соби да средам. Другпат помалку средувам или ако не сум полна енергија, џабе чистењето. Направи си ред, почни од негде. Денес едно, утре друго и така. Ама сѐ уште ти е мало бебето. Да направи 3 - 3 и пол месеци, ќе го оставаш на под, ти средувај си. За депилација, бев на 2 и пол, бидејќи требаше да одам на гинеколог. Пред три недели бев последно. Ќе ти дојде редот, како расте бебето, ќе видиш дека ќе си воведеш рутина. Е сега како претходно што било чисто, сигурно не може. Еве прееска ја чистев терасата. Прво беше на под легнато, се занимаваше. После почна да кемка, го менав пелена, цицаше, го оставив и продолжив со чистење. После му се смачи долу, го ставив во релаксатор, да ме гледа дури бришам. И завршив конечно.
@Sexybaby86 те читам дека потешко било од меше на грб да се врти бебето, кај мене пак пд меше на грб се врти со леснотија, ама од грб на стомаче нити знае нити има пробано Тоа со кашлањето и кај мене исто прави особено ако не му посветувам внимание глумци се опасни И јас дилемата ја имам околу седнувањето 5++ сме и сам покажува знаци за седење ама од пусти страв некако одбегнувам да го седнувам Дај некој нека каже за дохраната, јас не сум почната со пробување на вкусови чекам уште една недела па да почнам
Не се нервирај,можеби бебе е захтевно,дај си време или пробај да се организираш поинаку.Она што е најважно,бебе ти е подмирено,а за сопругот,браво што учествува во одржување на домот,така и треба,нема што да ти е жал,период е. Јас сум сама во странство,маж е по 10-12 часа отсутен,кога се враќа дур се истушира,јаде,кафе..дошло време за спиење,среќа викенди е дома.Сама сум со бебе нон стоп,и се правам со неа,пазарам,готвам а таа ми е во ралаксатор на видик,сама ја бањам,понекогаш пеглам дур спие.. Знае по 2 дремки од по 1-2 часа да врзе,па тоа ме спасува.Станот ми е 3-собен па брзо го чистам,и’ пеам се глупирам или ја оставам во креветче со пуштена вртелешка и се радува таа,си писка по играчките.Машина за садови празнам наутро дур си варам кафе,па во текот на денот ја полнам и навечер пуштам.Не ми е секогаш се средено,но сакам да е чисто,парталче две низ дневна не ме нервираат.Е време за себе послабо,се бањам за 5 мин,еднаш се имам исфарбано,коса строго во висока пунџа... Ке почне да јаде за месец два мојава,па полесно ке е. Не си стварај притисок,колку можеш-толку.Уживај со бебе,растат брзо и ке имаш време и вишок.
Зошто не го оставаш во релаксатор или на кревет? 20мин сигурно би бил мирен нешто ќе завршиш. Па и да заплаче малце ништо страшно, јас колку се потресував, ќе заплаче и одма го кревам. Сега се туширам додека е во релаксатор. Кога готвам го ставам во количка до мене, му давам играчки, пејам.
Така ми рече ортопедот за вртењето, обично едното, па после другото. Кај мене и двете почнаа прво грб/стомак, па тек после тоа обратно. Нема правила сепак, деца се, живи суштества, секое е различно За седење, мојата седи на агол од 45 уште од 4 месеци (по совет на ортопед). Сега рече може и на 60, ама не сум ја седнала. Инаку во скут кога ја држам сама се исправа на 90 степени, се дига и гледа и да сакам, не можам да ја легнам Така да ја оставам, ама само додека ми е во скут, во количка и релаксатор е на 45. Во количка вака и ми заспива, ама ја спуштам на рамно штом заспие, не ја оставам. За дохрана види во соодветната тема, има многу совети.
@Sexybaby86 а рачето како го вади,нели и заглавува.Од ова ми е страв,дане не ја видам. Инаку читав дека е еден месец размак за една до друга техника за совладување. Леле почнав да спамирам на темава денес,ке се самоиспратам
Па извесно време не можеше да го вади и почнуваше да кенка, ама со тек на време го совлада. Јас не и’ помагав, ја оставав да се помачи Ама седев до неа. Сега веќе ја ставам на стомак на под и си бркам работи, само ја ѕиркам, она сама си се врти на двете страни и им писка на играчките Да, 1 месец е од совладување на едно и друго вртење, баш така ми кажа и докторката и еве и кај двете така беше.
Бебе некогаш во сон ќе почне да плаче. Затоа седам до него додека спие. И тука ми лета времето. А, го ставам во количката и релаксаторот и бркам некоја работа, но тоа е кратко.
Баш си 24/7. Замисли дека си сама и немаш помош и така организирај се. Нормално дека ќе заплаче ама не можеш чувар да бидеш. Остави врата отворена од спална и ќе го слушаш. Мислам дека уште му се потресуваш премногу и јас иста скроз бев. Е сега сама дома, морам и јас до вц, да се истуширам, да јадам зготвена храна дека дојам. Ќе поплаче и ќе го земам, ништо страшно Само треба да се опуштиш.
Бебе е нека плаче 1 мин ништо страшно..и моево знае да се разбуди со плачки ако сум во иста соба не одам до него со трчање туку му правам ШшШш (ако ме свати му шшкам хахах)ако не се смири одам и му давам цуцла или го кревам да се смири и пак го оставам му давам тропалки дека ги држи сега или пак во релаксаторот го легнувам и му пуштам музика дури завршам тоа што сум почнала На почеток и јас не се тргав од него ама видов дека така небива и почнав да го оставам со камерата и јас раат да си зготвам да исчистам или да се истуширам..
Здраво и од мене девојки. Да се приклучам и јас во дискусијата да не сум кусо Мојата е 4 и пол месеци, пред 1 недела почна да се врти од грб на стомак, првите 1-2 дена кога прв пат сама се сврте, не можеше едното раче да си го извади, после секој нареден пат си го вадеше и еве сега одма и двете ги вади и се дига скроз нагоре со главата, почнува со нозете да оди нагоре надоле како да сака да стене или да лази. За кашлањето, почна пред некои 2-3 недели да поткашлува така еднаш ќе се накашла и се смее и не и дадов толку значење. Арно ама, она така почна секој ден да си поткашкува 1-2 пати дневно, ништо повеќе, ама се слуша како да има шлајм кога се накашлува. Одма вртам на педијатарот и кажувам она болна тогаш вика не работам, другата недела дури, ако ти е шубе иди на болница. Не отидов туку најдов друга на приватен и ја однесов, ја прегледа, ништо нема, на гради чиста, грло, уво, нос се супер. 2 пати и реков те молам задржи се убаво да ја наслушнеш на градите, ја слушаше и ми вика градите и се скроз чисти, нема ништо. Можно е да е од лигите сега после 3 месец почнуваат со лигавење многу и пикаат раце во уста, да се насобира во грлото и плус од млекото кое го пие, се лепат на грлцето и затоа се длуша како шлајм кога кашла. Ми рече да и го чистам носето со физиолошки редовно и ќе се среди. Јас не видов подобрување иако и го чистев без да и тече носе без да има мрсули.... После 1 недела и се јавив пак на нашата педијарка, ми рече донеси ја да ја видам. Ја прегледа детално, ништо нема на гради, чисто се. И она истото ми го кажа дека е можно од лигичките да и се ствара шлајм. Ете до денес она пак си поткашлува така. Инаку е весела, не плаче, пее, писка, гука, цица без некои знаци дека не може пример, ниту затнато носе има, ништо. Тој шлајм ли е што ли е ќе ме пукне. Ја тапкам по грб да се одлепи ако има нешто ама ништо. Уште на Орл ми остана да ја носам ама толку мали бебиња којзнае дали прегледуваат со камера да и го видат грлото или носето дали има секрет, не знам... Ќе се јавам ќе прашам.
Аха, сигурно дека треба да се ориентираш спрема тебе..дете од 6 кила и жена од колку и кила да си не е исто, тоа нема сало, не се движи, нормално е по брзо да му застуде..обично оди, тебе едно него две. Јас на пример не можам да се ориентирам спрема мене, лете сум гола, зимо исто така Ич не сакам да сум наоблечена. Ја следам на гради или на тил, тоа ми е показател. Кашла и кај мене, немаш гајле, лиги едно друго, што викаат им се суши грло, ништо страшно. За скок...охохохохооо и те каков скок има тогаш..аууу, низ што поминав лелеее страшно, јаа никогаш не сум се разбирала во скокови, ни која недела се, ама не можев више, и си велам дај да видам јас кога се тие скокови. Ја симнав сликата тука што ја ставате, и земав да бројам колку недели има детево..кога стасав до 26 недела, а баш на таа недела има громче, ааа ете велам што билоо..имаше таму дека до крајот на неделата почеток на 27 недела, треба да се смират, ама еве ја 28 недела ја тера, и уште не и е таман таму кај 19часот на поручек здивува..аман више. Почнав на мене да ја седнувам кај мене во скут недела дена пред 6 мес да направи, и тоа беше кратко оти секако не сакаатмногу на почеток, се влечат со газот за да си легнат,полека ќе научи дека е убаво да седи и секој ден повеќе ќе сака да биде чучнато. Калиас мајче, не се оптоварувај толку со мислите, 2 доктори ја слушнале, опушти се. И кај мене од неќна почна како влажно да кашла, земав одма капки за нос и ставам, и и правам инхалација. Земи барем ти шетај се покрај море живееш, кога е брановито па и малце ветерче, ете ти инхалација, чистење моментално секундарно Минатата година големата беше затната скоро 2 месеца, абе инхалации, кортико ми дадоа за со инхалациите, и пак ништо. Заминавме на море, за 3- 4 дена се ичисти детето. Опуштено малце
Ааа и инхалации и правев со инхалатор со морска вода дури, не со физиолошки, 3 пати на ден, само повеќе се развлажнуваше и ми хрчеше ептен, ја слушав и ми идеше јас да се накашлам за неа за да и излезе тоа од грлото, се слуша дека и стојат на грло, ама ете не знае дека треба да се искашла и да ги голтне. И престанав со инхалации. Абе шетаме секое попладне покрај море, шо да кажам не знам Иначе некогаш воопшто не се слуша дека хрчи, а некогаш ја слушам ептен и и викам кашлај кашлај да го искашлаш, она се смее Сабајле пример, кога се разбуди, чиста е ништо не се слуша дека има шлајм или дека хрчи, ништо. Шосле во текот на денот се надлушнува и затоа си поврзувам да не е од млекото, оти само млеко пие, од млекото повеќе се лепи шлајмот, треба да почне со јадење изгледа за да помине. Од каде да знам, така си размислувам....