Здраво мамас 4ти скок кај нас заврши, таман си реков се средува полека беба, почна да лудува 24/7. Многу е нервозна и плачлива стварно незнам зошто вака, дури ни во скокот толку не плачеше. Навечер исто многу често се буди. Пика раце в уста, и се друго што ќе и се најде, но многу нервозно реагира и писка. Ме гризе со пискање. Дали се заби во прашање? Значи ни легната, ни станата никако не е мирна. Едит: И цуцлата лажливка што ја сакаше ја плука, или ке ја погризе и ја плука одма, никако не ја цуца.
Го ставав полуседнат под агол од 45 ама се влечеше надолу. Сега од 5ти ми кажаа по агол од 80, па од 6ти под 90. Ама пак се влече или паѓа настрана. Инаку од 2 и пол месеци е цело време долу на подлога, околу 4тиот месец почна да се врти грб-стомак. Сега и да го ставам на грб, за две секунди е на стомак и се врти во круг за 360 степени. Почна малку наназад да се гура, напред му оди потешко. Сега има 5 месеци и стварно веќе е како мало човече Дури знае и често да се буни. Аман @Dikinzi не ме плаши со скокот Ја немам јас апп ако може некој да ми прати
И кај мене е истото, не се плаши, некогаш ја слушам некогаш не, ставај ја на меше, така кога ја креваат главата се засркнуваат и полесно искашлуваат. И мене ми се иде да и речам кашлај Тадури и јас поткашлувам, ми смета што ја слушам Вие може со лесно ќе поминете, не се сите исти. И јас немам апликација, тука една сликичка ја ставаат и таму видов.
За вртење, мојов прво од стомак на грб се вртеше тоа зошто мрази да е на стомак сигурно, па околу 5 месеци чинам почна од грб на стомак, после недела две почна и рачето да го трга и омилено му е да се врти комбо вртење прави.. Тука застана, ни седи ни лази 7 ипол месеци е само се превртува и така доаѓа до играчките што го лажам да ги дофати
А од кога почнуваат најрано да седат? Кој треба да ми каже ортопед или педијатар? Едвај чекам, си мислам се ќе ми биде полесно ич не сака да лежи.
До 8 треба да седнат, јас како што гледам врсници на беби околу 7ми полн веќе седнуваат. Мојов мрзле, седи ама неколку секунди и оп ќе се преврти. Само џабе кога не лази, не е скроз подвижен се тоа да оди по ред. И кога ќе седне пак нема да знае да се заигра како што не знае сега
Јас да прашам од лигите мачкате со нешто за да не се нафрлаат? Рацете само во уста му се и многу се лигави и под устето долу има ситни црвени точки да и оставам сами да поминат или се мачка нешто?
И да не се редактирам во транспортерот нели подисправен е малку тоа не му иди како седење? Јас го подспуштам подолу ама па не сака сака да е исправен да не не смее така
Мојава не се врти Ќе се сврти на страна скроз и не знае на меше. Поголемава салта правеше. На ортопед за месец сме. Има некаде видео како да и помогнам?
Значи ич да не се оптоваруваш и немој да споредуваш Секое дете е различно, твојата можеби совладува некои интелектуални работи, па физичките “ги остава” за подоцна. Нели викаат кога дете совладува едно нешто, занемарува се’ друго. Ќе и’ дојде време
јас му правев вежби од youtubeи џабе. Трупче мајкино. Сакав и пилатес топка да купувам да бил поисправен. Еве го за недела ќе прави 6 пред некој ден почна да се врти, само на стомак и исклучиво на кревет да е...на под не. Ќе си посака сама и ќе си почне, џабе фрустриранции си правиме
Скрос иста бев, но јас сум сама маж ми е шофер а девојката ми е голема плачка. Јас ја оставам во релаксатор одам до вц, кога ќе заспие си спремам јадење,кога сакам да се истуширам ја ставам во количка да спие и ја оставам на вратата до вцто, полека ќе се опуштиш
@Bebac ќе си се понервираш уште многу време,7 месеци е па уште немам врмее за мене, уствари поќе немам сега од колку ко беше 24/7 на града закачена. То е, прифатив да ми е хаос преку ден дома и си ставив у глава дека ладно кафе е каде каде повкусно од топло.. примеќам и пп форумов колку бев поактивна хахах