Мојот ми мава клоци по стомак додека цица. Со едната рака си ја фаќа позади главата а со другата ми ја фаќа маицата и ми ја тегне
Леле ова со раката мислев само моето го прави. И тоа само со десна си ја корне косата и цело раче му е влакна. Нонстоп му е таму рачето, а со левата прави се друго. Си викам може левак ќе биде
Женски, дали бебето спие ако не мласка со устата и само ги држи очите 90% затворени. Мојов по обичај спие 30 мин и после редовно пробува да се презаспие. Има периоди кога се презаспива и како што напишав очите полузатворен, телото не мрда, а устичето мирно и нз дали спие или не. Некогаш тоа трае 20мин
Леле исто,ја става и вади цуцлата од уста,ако не ја сака ја фрла далеку,некогаш ја врти низ раце и и гуга,држи тропалче и тропка со цела сила. И прсте цуцс,показалчето. Вика и пее на цел глас
Да, мојот некогаш спие со подотворени очи, ама и мм и брат ми спијат така. Инаку и со устата понекогаш мрда како да цица. Не сака лажливки, ваљда ако беше со лажливка неа ќе ја цуца, вака на празно @Ceculka преку ден слабо, ако јас спијам со него тогаш може да сврзе 2 саати, ако не 15мин макс. Навечер заспива во 12, прво станување му е во 3, па после на саат ипол до 8/9. Многу малце спие моето бебе, ваљда ќе се смени во иднина.
Ама ептен е интересен па ако му зборувам и тој вика гуга нешто како да си правиме муабет или писка толку гласно и некогаш сам си се плаши...
Мајки што живеете во станови, каква ви е процедурата кога искачате со бебе во количка надвор? Како го заштитувате во лифт? Количката кај ви стои? Додека бев трудна ние се дезинфициравме. Облеката од надвор одма за перење и ние под туш. Патиките обавезно ги дезинфицираме пред да ги внесам внатре. Е сега сами со мм или јас сама со количка како ќе ги запазувам процедурите не знам, а не иде да не шетам со бебето. Ама ќе полудам од оваа коронава...
Ако е полно не влагај, ако не е послд тоа дезинфекција и тоа е тоа. Реално нема 100% заштита од вирус.
Мајки од каде купивте обетки за вашите бебчиња? И знаете да ми кажете колку време се носат медицинските обетки кога ќе ги дупнеме ушенцата?
Крени му ги ножињата накај стомачето и држи му ги така..и масажа на стомаче можи да му правиш... и моево кога кака стенка како голем и јас му ги виткам така или го држам в раце како седнат... Какво млеко даваш?
Лошо се изразив и јас , серумско не испитавме само хемоглобин , ама сирупчето не може да го пие и прашав дали може малтофер капки да дадам наместо сирупов па ми дозволија по 1-2 капки на килограм , не знам дали некоја мама давала на бебе 4+ иначе еве ја крвнава слика и секој совет би бил добредојден