И јас давав аптамил комфорт ама не му одговараше исто вака какаше со напнување со виткање и темно зелена густа кака..консултирај се со педијатар да смениш млеко да не не му одговара ..Едит:јас почнав хип комбиотик сега ама изгледа и ова ќе треба да го смениме..почесто кака и жолто-светло зелено ама пак не е течно и пак напнува и стенка
Досега сме немале мака какаше секој ден по еднаш и нормално жолта боја, но еве вчера и денес не се покака и се мачии цело време кенка и плачи
а колкаво е да не му е од грчевите? моево додека беше на мајчино не какаше од грчевите редовно само гасови имаше..
Мојот нов метод на заспивање е скокање на пилатес топка, ако не се успие цицајки се правам само да не плаче...
Јас прв пат пред вакцината (таа на 2 месеци што е). Сега наредно планирам пак пред следната вакцина (накај 4 месеци, 4 ипол).
Искуства со чепчињата за какање? 3 ден откако нема какано се измачува неможи да се покака. Бебе е 7 недели и сме на аптамил. Досега не се случило вака, си какаше секој ден по еднаш.
Обично пред вакцина проверуваме крв и ако е нешто болно иначе не.Нема потреба од проверување крв секој месец
Синко понеделникот прими вакцина. Има скоро два ипол месеци. Нас не ни кажаа за крвна слика ништо. Кога најрано треба да се направи крвната слика?
ние вчера правевме ради вакцината, инаку е 5+. Педијатарот што го води ми рече на 6 до 9 да направиме, затоа што тогаш знае да падне железото, инаку пред тоа ако нема проблем нема ни потреба. Ни на вакцина не ни барале до сега, само за оваа сега ни рекоа да однесеме.
Дај му малце водичка, чај. Имате вежби на youtube, масажи правете му, како да вози точак со нозете. На крајот на краиштата јавете се на педијатар сменете млеко. И на син ми Аптамил не му одговараше.
Доволно си е, немај гајле. Како одат месеците се помалце ќе качуваат. Синот од контрола на контрола не качуваше ни по 1кг, ама цело време гледам и по табелата дека е во границите. Ако си е веселко, си јаде, си мочка, немате гајле.
Мојот нема уште три месеци. Но, читав дека секое бебе е различно и мајката не треба да се грижи се додека тоа си напредува од ден на ден. Но, за да ти биде мирна душичката консултирај се со педијатар.
Ахх луѓе како бре некои бебиња спијат по 2/3 саати преку ден? Моево ич не спие преку ден ако не спијам и јас до него. Сега сум кај свекрвата па ручекот, чистење и пеглање е на неа. Ама за две недели се враќаме дома како ќе се снајдам не знам. На под кога го оставам макс 10мин, после му здосадува и плаче сака во раце. Кажете како се снаоѓате?
Мојот некогаш спие по цел ден, некогаш цел ден ми е во рацете. На под го ставам да се игра, но и јас се играм со него. Го ставам во релаксатор, во креветче. Се зависи од бебето и дали е во скок.
Не прашувај, моето е 2 + 10 дена а имам и уште едно детенце, бебето ми е плачливо и нон стоп во раце, едвај успевам еден ручек да зготвам, сама сум до 16 часот кога се враќа сопругот ама попладене се посветува на поголемото детенце и пак сум сама со бебе, станот ќе прооди ама немам како да постигнам. Единствено два пати неделно доаѓа мајка ми и она зачистува така потемелно. Тоа е отпрво се нервирав ама сега веќе отрпнав..чекам да потпорасне за да може да се занимава со играчки и да полежува повеќе сама за да фатам ред. Незнам каков совет да ти дадам ама ете едноставно некои бебиња се позахтевни и сакаат повеќе во раце да дремат. Единствено сопругот да го вклучиш во обврските друга опција незнам ☺
По околу 1 кг месечно качува, но секое бебе е различно. Ако качило 700 гр, во просек пак му доаѓа над 20 гр дневно што е океј. Што ти кажаа на контролата кога го мереа?