Денеска ќе го носам на месечната контрола него вчера го носев ради грчеви, па ајде го измерија и наводно требало минимум 800гр да качи ама ми рекоа да си зборам денеска со докторката пак. Инаку има 6350гр.
Чајот од некни и го прекратив и еве од тогаш нема какано. Инаку си одеше секој ден. По препорака од педијатар го прекинавме чајот, ми кажаа мн течност и доаѓало да намалам млеко од 90 на 80 мл и чај воопшто да не давам поради тоа што се задавуваше и се враќаат киселини и се пригушува
Можеби помалку влечел во скокот, најверојатно ќе си надомести. Не се секирај, еве денес и на контрола ќе го носиш.
Според мојата бабица која ми објаснуваше, 700 грама не се малце. 20 грама на ден ги сметаат за добро покачени. Гледај само бебето да ти е весело и задоволено. Едит: и моето имаше во третиот месец 6 400г. а се роди 3500г.
Како им ги чистите ушињата и вратот? Мојот многу мрда и никако неможам, а имаме за бебе стапчиња за уши со заштита. Кога го капам ја држи цврсто главата и вратот нема шанси да му го исчистам.
Од 2 и пол до 3 и пол ми качи 1 кг ама послее... за 2 месеци беше 500г качена. 7 месеци е,7 кг има и 71цм долга. Марина не направи воопшто паника и ми рече само продолжи, тие што одат на висина знаат да стагнираат, беба е здрава и задоволна. Јас бев уплашена пошо на 4 и пол месеци беше 6кг, на 6 месеци беше 6 и 490.
Марина нема слободни термини до крај на месец, па на одмор е. Нејзе и верувам. Вчера бев кај Живкович. Досега качуваше по кило просек, а може и до висината да е ако има влијание. 67цм е. Знам дека не е страшно 700гр. ама не знам натака како ќе биде. Фала ти.
На контролата кај Живкович ми рече да давам Babytil D3+K1 i Babytoll DHA+ omega. Давате ли и вие така?
Не се препорачува вода и чај на бебиња додека не почнат со дохрана едино ким да направиш.ама може до 7 дена да не е какан.така да има време да се искака.доколку доиш напиј се сок од сливи. Или
Има. Среќа не се како вчера, плаче и црвенее ама на крај успева да се истртка. Бевме на доктор ни дадоа Еспумисан, па ќе видиме дали ќе биде подобро.
Дека пораснал многу во должина и затоа според стандардите на СЗО е 'под нормала'. Инаку, нормално си било. И спомнав дека ми се одбиваше за цицање и го доев таму, го виде и рече скокот почнал порано, да го дојам со тропалки или полузаспан. Да не помислувам на дохрана и да издржам психички следните месец ипол
Детето е на формула, а тоа околу водата сѐ уште виси во воздух. Сајковски во Систина препорачува, Марина во Ремедика не, а и двајцата се профи педијатри.