Не може да кажува како кога бил новороденче, супер си напреднал. Моево шуќур кренало 600 грама со тоа ручекот, инаку по 200 ми качуваше последниве месеци. Од еспумисан ние не какавме,купив ама одма ги баталив.
Оф уште тоа ми треба. Еве го вриштеше досега 3 саати,сега лежи и брчи со уста како ништо да не било, а јас не знам кај се наоѓам.
И бебка дури имаше грчеви педијатарот ми рече да земам еспумисан оти колиеф колипрев и бекутан не му помагаа ама ме предупреди дека можно е да има запек од нив па кај тој и така не какаше по 5-7 дена уште запњк ми фалеше и не ги ни почнав и ништо не давав од еден месец па на два му престанаа фала богу
Колку е добро кога доктор ти кажува ова и ова. Кај нас во Охрид не можам да најдам таков педијатар. Да го однесам дете, да го види како твоето што ти рекле, во скок е па затоа не цица, па да те охрабри да издржиш, да каже некој совет. Ту бре што закржлавени ќе бевме. А како го измери во должина? Кај нас не мерат на педијатар. И колку е пораснат? 4ти месец е веќе така? А бе ништо вака да ми каже доктор. Имам една матична педијатарка, ми рече на два месеци да го носам. Ич не го однесов откако фати посилно вирусов. Многу сакам така посветено доктор да ми објасни.
3 месеци и 8 дена. На секоја контрола мерат тежина, должина и обем на глава. Го мерат со такво како кај шивачка мерки кога зема, не знам како се вика Последниот месец е пораснат 5цм, 67цм е сега. Да, охрабрувачки се прегледите секогаш. Јас искрено помислив на ад. Ама кога ми рече Мајка, супер ти е детето, среќно е, задоволно, весело одлична мајка си... Јас ваква Сестрата се смее вика не можеме да те смириме од вчера. Многу значи некој да ти го каже тоа. Па закажи и палете колата еден ден до Скопје, ќе се прошетате и на преглед. Попладне нема гужва. Марина ретко објаснува вака, кај неа се е на брзање ама се е коректно. Оваа др. Ѓорѓевиќ е помека, нежна. Добри се сите.
Ааах пак обем на глава??? Во докторска дисертација спаѓа тоа, не е за секој ден. Супер си е во мерките бебето, само напред! Мојов денес на точно 5 месеци е 67 цм со 7.300 грама. Глава обем должина сама му мерам дома, со такво шивачко метро, дури и стапалцето го мерам. Ништо, да идам до Ск сега многу ми е. Ќе почекаме ние во Охрид да диоломира некој современ, а дотогаш ќе сме самите доктори.
Бебе два ипол месеци, неколку дена ми кашла. Еднаш до два пати во денот. Температура му мерам, нема. Уф незнам дали да го носам на педијатар?
Како кашла, суво или влажно со шлајм? На какво млеко е? И мојата така многу време поткашлуваше со шлајм и еве сњга нема веќе, ја носев на 3 педијатри и ништо немаше, се супер, се испостави дека е од цицањето се лепи на грло млекото заедно со лигичките кои се мнооогу и тоа и правело да кашла. Ете сега е добра, нема веќе да кашла.
Суво кашла синко. Бебе цица и му давам АД за да испие капсулче. ММ вика дека има и шлајмче, но јас не заприметив до сега.
@elenaklasik види распрашај се за педијатар во Струга, не би сакал да именувам ама можеш да се распрашаш, јас сум задоволна и од матичната и од педијатарот кај што одам на приватно
Давам пробиотик од кога е роден и завчера ми препишаа Еспумисан (успеа да се искака, не му направи запек). Дали можам да давам и Колипрев против грчеви или многу е? Докторката ми рече ако не му престанат може и по малку чајче ама не сака ни да го мирисне.
Јас не би давала од двете различен состав се да не му го оптеретуваш многу мешето...јас никакви не давав после пробани 3 вида и без подобрување исто си плачеше по 3-5 саати и го оставив сами му прекинаа...
Заборавив да ја прашам докторката. Колипрев многу му помагаа ама сега не знам со Еспумисанот да не е премногу.
Давам пробиотик од раѓање, капки Колипрев давав во вториот месец кога имаше јаки грчеви. И сега не знам дали сите три можам да ги давам или премногу е. Значи пробиотик Рекол Бимбо, Еспумисан и Колипрев.
Јас мислам премногу е.. Или пробиотик и колипрев или пробиотик и еспумисан. А што ве фатија сега грчеви одеднаш, нели им помина времето на тие грчеви
@Thallia Така мислев и јас Не знам што се случи и јас сум зачудена. Не ми се веруваше до вчера дека се грчеви додека не се олесни како возрасен човек. За греота е, срце ми се кине. 2кг ги симнав за два дена. Од сабајле е весел ама како и да е, влегува во фамозниот четврти скок и ќе биде забавно