Доволно е пробиотик и капки, не трите. Всушност, ете и другиве пишале. Јас давам Био Гаја и Колиеф. Додуша сега веќе 2 капки давам Колиеф, ми рекоа постепено да му ги намалувам, да не ги прекинувам наеднаш. Така некое време давав 3, па сега 2, па неколку дена по 1 и ќе му ги прекинам. Ме чуди со грчевите, но ете сè е можно. Ќе помине, а во мирните моменти собирај сила за немирните во скокот.
И мојот поткашлува така. Го слушаа на педијатар, нема ништо. Е вечерва и сабајле повеќе кашла. И сега сум извадена од памет. Две вечери по ред како ладно да му е, а во собата 29.5 степени. Сабајле го покрив.
Здраво мајки, дали кога се воведува просо,киноа,палента... треба прво ппсебно да се даде или веднаш може да се меша со зеленчук или овошје? И уште едно прашање,што кога бебе не сака да јаде? Почнав да му давам јаболка,крушка но само лизнува и толку...
Кога јадам супа од сладок компир и супа од тиквичка приметив дека бебе кака, и ние од еспунисанот не какавме секој ден, али со моето јадење и помагам за полесно
Мојава кака секој ден,некогаш и два пати.Не давам ништо освен д3,ама јадам многу зеленчук и овошје.Со ручекот имам обавезно готвен и свеж зеленчук.Брокула ми пречи многу,па ја тргнав скроз дури дојам,и нејзе нема да и дадам на почеток,тешка е за варење во стомак.Не знам колку врска има мојата исхрана со нејзината дигестија,претпоставувам ензимите навлегуваат и во млекото.
Мајки, не знам дали сме во скок ама малиов чудно почна да ми се однесува. Наутро ако е за цицање пред да почне да плачи за цицање (обично го кревам навреме) мн е нервозен-се врти, прета, пуфка, туфка и прстите в уста ги става ама нервозно и нервозно со дланките се трие по лице и глава. После заспива и на секој саат после 4,5 наутро прави така се' дури не се расони убаво накај 10 часот. Потоа е весел, ама цело време сака да става раце в уста, како да има некоја потреба. Гледам непцата се ок, цицан е не е гладен. Сака в раце исправен, го шетам и пак некогаш е незадоволен, прета, пика прсти. Цуцла не му давам е сега се думам да му земам некоја глодалка да видам дали ќе сака. Некогаш ракава ми ја зема и ја цица, со муцето постојано врти како да цица и со прстињата ама често тоа нервозно го прави. Некогаш да, можи е гладен или за спиење, ама некогаш ме чуди кога се е погоден тој пак така прави. Ме интересира дали сте заприметиле такво однесување кај вашите бебуши и предлог за глодалки?? Инаку денес сме 3м и 12 дена, вчера на педијатар бевме,тежиме 6750...
@lavinija28 Нормално е тоа, така прави и моево некое време веќе. Особено ноќе се допира на лицето, го гмечи, пика раце во уста, ги цуца, па си се подразбудува од тоа, па призаспива и така во круг. Глодалка мала му зедов, чисто за проба. Изгледа како цуцла. Не знае што да прави со неа, кога му ја ставам во уста, ја лиже и само горните непца малку си ги чешка и јас му ја движам. Вака изгледа
Исти сме. Ми ја зема мојата рака и ми ги 'гриза' прстите. Палецот почна да си го цица, цела рака пробува во уста да ја стави и се лигави премногу. Докторката ми предложи да купам глодалки и да ги чувам во фрижидер ладни да му ги давам и да земам некој гел да му ги масирам непцата. @0ли имаше пишано за некој на Freezyderm (ако го напишав точно) ама јас мислев после да искочам и да купам. Оли задоволна си ти од тој гел или што и да е, и која цена е? Извини може веќе кажа ама не памтам
Па задоволна сум, мислам дека му е поубаво кога ќе го намачкам, не се лигави толку после тоа. На чист прст ептен малку се става и се мачка на непцето со нежна масажа. Ми го цица прстот и мљацка, но успевам да го намачкам. За цена ич не се сеќавам точно, мислам дека околу 400-500-600 денари беше, но ептен бавно се троши. Марина ми го предложи. Frezyderm
Од кога почнаа вашите бебушки да ставаат прсти во уста? Ние сме 7 недели и веќе почна да си ја става, шмука со сласт имам чувство дека повеќе ужива во прстите отколку на цице
Рано почна и да се лигави и да става прсти, знам дека немаше два месеци кога докторката му ги прегледа непцата и рече да земам од гелов и кога ќе направи два месеци, да почнам да му ги мачкам.
Му се појави пред 2 дена на ножето, не е гребнато не е испакнати туку е само како црвенило и не поминува... Педијатарот ми рече нетреба да е страшно ама ќе следиме... Некој искуство со слично нешто?
Од кога може да користам кенгур или марама? Не го прашав Антоние кога бевме, не знам дали да му се јавам... На една емисија мислам кажуваше дека треба бебето прво да ја држи главата убаво.
Марама од старт, кенгур од 3 месеци нанапред свртено доколку стабилно си го држи главчето. На сите нивопочени мајки или тие што ќе станат, топло им препорачувам во марама одма да си го носат.
Ние го користиме Фризи од 3 месеци. Беба абер нема од заби вадење 7 месеци полни направи. Според Марина, ни за месец дена не излегувале. Ја мачкам по 6 пати на ден. Со лигавење почна многу рано, ставање се во уста и нервозно гризење ама ете немаме ни едно запче.
Марама може од старт бидејќи се мота за главчето да биде стабилно. Кенгури имаш различни, и за од старт кои обично не се користат многу време, само ептен додека е мало. А има и кенгури кои се користат од 3 месеци па може и до 3 години. Зборувам за ергономски исправни кенгури. Оваа тема со носење на бебињата навистина е интересна. Има многу правила и принципи како да се носат бебињата доколку сакаме се да биде исправно.