Се приклучувам во клубот немаме запче.. Од мај ги гледам забите долни два, гребат не знам може месец уназад, не бе не искачаат. Вчера баш ја прашав докторката дали ви изгледа дека ќе вади заб, она ништо не ми спомна сама. Ми рече непцата се потечени, ама никој не може да знае кога ќе излезе заб. Затоа ми се чудни луѓе што доктор им рекол бебето заб рано ќе извади, кој може тоа да знае. Ние од 2 месеци од почеток на орална фаза демек вадиме, аха да.. Тоа гелот нас не ни помага ништо, џабе мачкање.
Кај мојава не се ни потечени, ни па гребе нешто. Се познаваат како што велиш ти од кога имаше 3 месеци ама ништо. Како е мали?
Мајка може се поти, па кога истинува изгледа ко да му е ладно. Со што го покри? На тие температури, ќе постелам една водоотпорна подлога и го оставам некое време ко од мајка роден да полежи. Следи го на вратче дали му е ладно.
Здраво мамички, бебчето има 2 недели и еве веќе 3 дена има грчеви и запек.. Во денот кака само еднуш со потешкотии.. Првата недела какаше по 4-5 пати во денот а сега едвај по еднуш цел ден се напена.. Совет некој што да и давам?.. Капки бекутан,чај,масирање на стомачето се имаме пробано џабе..
Ова со качувањево на 20 грама дневно е за бебе трет месец или од почеток (новороденче) е препорачано да качува по 20 грама?
Новороденчето нормално е првата недела дома да падне на тежина. Кога ќе почне да качува, се препорачува 20-30 грама да качува неделно. Е сега не знам до кога важи тоа, моево е три месеци и една недела и уште така качува. Претпоставувам дека понатаму нема толку да е.
Здраво мами моето новороденче има грчеви јаки обично на сабајле и на вечер , после цицање мн често кога ќе поминат и што му давате на две недели старо бебе , многу е жално ко ќе плачи
На моето му помагаат Колипрев капките, а ги фалат и Колиеф. Има многу избор на капки против грчеви види во темата Грчеви кај бебињата. И обавезно припази на твојата исхрана.
https://deca.mk/go-prifativ-mojot-umor-kako-neshto-normalno-a-ne-beshe-moeto-bebe-ne-spieshe/ Еден добар текст за сите оние кои се во очај поради неспиењето на бебето и како капак на се што други им се прават паметни со муабетот "мораш да трпиш". Сите бебиња се различни, а сите мајки на различен начин го поднесуваат заморот. Не се обидувајте да доите ексклузивно, дури и по цена на вашето здравје.
Дали секој ден им мерите температура на бебушите? Мене многу ми е страв од температура. ММ вика ама не е топол, но јас мерам.
Си мерам кога ќе ми текне. Те сфаќам и ако тоа те прави пораат, мери си. Да, дневно. Благодарам за исправката
Да ви се пофалам дека ние стигнавме до прво запче. После 3 месеци и повеќе со лигавење. Само што почна да се проѕирка и излезе скоро па и без мака. Само во меѓувреме се појави кашлица и затнато носе. Некој ми имаше кажано дека и настинка може да се појави во фаза на вадење запче. Па се надевам дека ќе мине брзо.
А ви дадоа ли пробиотик? Пиеш ли многу течности, јогурт и сл. за да му помогнеш да се олесни преку твојата исхрана?
Го имам слушано на Телма амбуланта, пред некои две години. Многу е против кенгур. Поготово на мало бебе. Се сеќавам само дека рече ако се симнеш незгодно од тротоар, а бебе е нестегнато во вратчето и му паѓа лево десно, може да го цвикнеш, да го повредиш. И веќе не го ставив детето никогаш во кенгур, шубе ми беше. Е сега, ова е што сум разбрала, можеби и извадено од контекст. Побарај го на ју туб видеото, гледај го цело.