Јас го прашав, ми рече дека не препорачува заради истото, дека може да му се повреди главчето. Ама не гледам зошто да не ги ставаме кога сами ја држат главата. Јас го ставам некогаш и по дома ако плаче, а јас имам работа. Кога сме сами обавезно го шетам во кенгур зашто ми е наједноставно. Стварно не гледам причина зашто да не се носи во кенгур.
Истиот тој доктор во една емисија кажа дека во кенгурот не можеле бебињата да претат а претањето е многу битно за нивниот физички развој и тоа е за мене уште една силна причина зошто моето дете не го носам во кенгур.
Не би да навлегувам во дискусии за Антоније, како и да е никој не го носи детето по цел ден во кенгур, а во раце на пример сите ги држат. Во кенгур јас кога одам тој прета и со раце и со нозе. Се превртува од грб на стомак од пред да наполни 3 месеци, кога го фаќам за раце се крева така да, мислам дека си е до детето. Има логика тоа што го кажува ама ете, секој со своето мислење.
Мајки зацрвенета дунда со што да мачкам. Користам еуцерин црвена линија а за пеленска регија павловичева оргинал, на секое какање ја мијам со вода, ств не знам зашто и се вцрвенува Јекодерм може ли?
јухуу генерацијо! Супер сме, се штитиме од топло, а од сабајле шетаме. Кога бев на вакцина, ми рече да почнам од денот кога наполна 5 месеци (завчера) за две недели. Па, наскоро ќе почнам со зеленчук прво. Вие како сте? Бебе што има на репертоар за изведување? Моево стапалцата си ги забележа и ги чепка. На под нешто акробации изведува, трт-мрт со газето, ама за седнување не му текнува сѐ уште. Ниту па за раце не се крева нагоре, кога го фаќам. Еве денес на @elimkd бебето полни 5 месеци, а на @RAK91 веќе ѝ е 5 + 7 дена. Ај за спиење да ве прашам. Се подобри сонот? Или уште има скокови осцилации чуда...
Мајки Како се справувате со грчеви плус запек ( еднаш во 24 ч какаат ) останатото време се напрегаат и грчат? Нема што не земав. Користам еспумисан л, колиеф, био гаја и нурс харви сируп ( многу препарати се некако... а по препорака на педијатар од ремедика ) И пак имаат, еден ден машкото, еден ден девојчето поизразено. Не спијат мирно, кенкаат, јас жива ненаспана на кратко, хаотично. Планирав колиефот и сирупот да ги тргнам да давам само еспумисан и био гаја само за џабе пари давам за 100 работи. Мислење ваше? Искуствено дали мислите саб симплекс и еспумисан исто делуваат? Имав едно шише саб симплекс додека го користевме како подобри ми беа некако... но дека ги нема во мк па се префрлив на еспумисан ама што знам... а ме убедуваат дека биле исти. Составот знам дека е тој со симетикон, но дали се исто делуваат бог знае..
Можеби според коментари шо имам читано за Антоние е најдобар ама како бе само тој во светов е против кенгур и други работи? Стварно не ми е јасно, уште малце и количка ќе е забрането. Нема еден доктор што имам слушнатп да дава забрана за кенгур доколку бебе ја држи црсто главата ама ни еден, во 2 држави правам контроли и тука во Мк и во Австрија и никој не забранил. Напротив ми рекоја става ја да го запознава светот.
Од утре мајка званично, да оладит малце па да одам да испазарам Вие?? @elenaklasik со сонот стандард денски по еден час одприлика, после 22h на секои 2,5-3часа за цицање и си продолжува со спиење до 9 сабајле
@elimkd @elenaklasik Мило ми е што сте добри Моево официјално збесна, ако не е по нејзино има да кемка макар и цел ден. Подлогата за играње не ја интересира воопшто сега, сака или во раце или да лежи и да и зборувам, 2 мин ако се свртам на друга страна одма се буни. Во релаксатор 10 мин максимум. За вечерното спиење, си спие од 22 до 9 сабајле но обавезно се буди на 3 сати за цицање, не заборава Пред еден месец се случуваше и да сврзи 5 саати, сега нема шанси. Инаку за цврста храна и јас се мислев да почнам за некој ден со со зеленчук т.е. тиквичка Се надевам кога ќе почнам со дохрана дека и спиењето ќе се подобри.
Да, денес 5+7 Уште не ми е верно дека помина брзо врмево, а тие први 40 дена ми изгледаа како бесконечност Планирам да почнам со пробување на вкусови од 5 и пол, цел живот ќе јаде, па ќе почекам малку Денес случајно во маркет зедов хипп со јаболко да видам реакција на бебе, ама нешто не ми беше задоволен Ново му е што почна да пишти, и само брбља нешто ко лента расипана )) Наредна недела треба да примаме вакцина-петовалентна, касниме со вакцините. Имавте некоја реакција? Со спиењето малку забушава. Му се поремети цел ред. Преку ден има 4-5 дремки по 1 час, некогаш по 2, зависи кога како, а навечер е баш ко бебе, на секои 2 часа станува, цица 2 минути и пак продолжува, само да ми го расипе сонот Вчера си викам да го мерам да видам, сама сум 53 (), со него 62. Јас слабеам, тој се дебели . Вие како сте со спиење? Пребрзо растат
А кој може да забрани? Сè се тоа препораки, па на крај кој како што си сака, така ќе постапи. Ете мене различни доктори ме советуваа и да не го ставам и да го ставам. Мое е што ќе направам, а докторите си имаат различни искуства и мислења и според тоа даваат препораки. Забрана не може да ти даде никој да не го ставаш ако ти сакаш да го ставаш бебето во кенгур. Не Антоније, не не знам кои доктори од каде низ светов.
Препорака е да не се става во кенгур затоа што може да заспие, а ти да не го осетиш и наеднаш да му падне главата и да се повреди. Слободно посети го докторот или ислушај го на јутуб, има преубаво објаснето за се.
Да не ве цитирам сега за кенгуров јас мослам безвезе е да не се носи дете од причини како ќе заспие или незгодно ќе слезиш од тротоар...па моево кога е во раце стално е испраен со едната рака го држам на гради со другата меѓу нозе што е 100 пати понесигурно отколку воо кенгур..и ова докториве за ништо не се едногласни да не знае човек што е правилно понекогаш... И да го искористам постов ако некоја мајка има индукциска плотна да ми пиши лп
Neznam dali samo moevo dzverce e vakvo ili i vie si imate maka vakva. Preki den so sila da prespie 5 pati po 15 min. 20.min ja uspivam spie 15 min max pola saat i toa sve so nisanje . Vise neznam so da praam so spienjevo ,nemozam da fatam niso doma ili spie ili vristi za vo race da se seta ,vo kolicka mn retko . Nekoe resenie kazete
Не учеле сите школо на исто место Има опција детето да е завртено на кај тебе во кенгур, има опција количка. Има и опција да си го носиш во кенгур ама да му ја држиш главата јас така правев затоа што еднаш и клапна. Само затоа што тебе ти е без врска не значи дека не е вистина.
Исто сме и ние за да биде мирна скокам на пилатес топка додека ја успијам и здивнам се буди, во количка плаче па морам да трчам за да се смири или е во раце исправена така ја шетам а само 2 ипол месеци има... Предходно и ручек си спремав спиеше по 1 час сега е многу лоша и не дај боже некој друг да ја земе во раце зајдува