Istoo i nie sme 2 ipol.meseci me spobudale. Samo kaj mene zaspiva samo jas da i dadam mleko nejke kaj nikoj drug ovaa samo u race da ja setas niz dvor da razgleduva da i obrnuvas vnimanie a ne i zboris ili ja gledas odma se buni kenka. So ke praam vaka ako prodolzi neznam
Не пиј млеко, само јогурт, пилешки супи, малку лубеница зависи што тебе ти помага да се олесниш. Пробиотикот давај го сабајле на гладно.
Кај не може да прета? Не ја видел малава моја која радост беше кога ја стававме во кенгур, преташе ли преташе со нозете. А и крај краева кој па по цел ден го држи во кенгур бебето. Муабетот мене ми беше дека се што 90 еве нека се 80% од родителите го прават и го правеле со години наназад, сега не се препорачува. Кенгур не, дубак не, џампер не, ова да она не, ќе се искривело, ќе се искршело, широк повој не знам шо.. мал е бројот на искривени, шо знам можит сите ние сме дефект, а не знаеме. На крај си правиме како шо нам ни одговара.
Еспумисанот прави запек да знаеш ,јас испробав се најефикасно ми излезе чајче од ким помешано со малце чај на бекутан и гас бимби капки (на природна база ким,камилица и анасон се ) .Баталив се друго зашто ништо не помагаше .
Било која крема со цинк. Мене од се’ пробано Веледа најдобра ми се покажала, мада моиве и двете немале некој проблем со црвенило (големата веќе не ни носи пелени). Знам ретко некогаш на бебка да и’ ставам Веледа после пообилно какање откако ќе и’ го измијам газето, чисто онака превентивно, но не се вцрвенила никогаш. За грчевите, и на двете давав Колиеф и Биогаја. Првата немаше воопшто, а малава имаше, но не прејаки. Особено изразени беа навечер и по совет на педијатар давав само пред спиење Бекутан капки, кои по состав се симетикон, исто што и Еспумисанот. Колиефот се лактаза, значи различен им е составот и различно делуваат. Симетиконот е појак, посилна хемија, и прилично ефикасен (кај мојата ептен и’ ги смируваше грчевите и бев многу задоволна). Така што би ти рекла освен Колиеф и Биогаја (која никако не ја прекинувај, пробиотикот е многу важен), ако имаат силни грчеви, по потреба давај и Еспумисан или Бекутан. Велам по потреба зошто сепак симетиконот е хемија, додека лактазата во Колиефот и природно се содржи во цревата. Сепак твој е изборот Држи се, ќе поминат
Ве читам за какањево и почнувам да се секирам. Првите два месеци малиов беше повеќе на ад, 4 оброци. Плус цицаше, но немав многу млеко, па пиеше Хип хипоалергено. Во почетокот какаше по 4-5 пати на ден, па потоа по двапати, па по еднаш. Како што му го намалував вештачкото и повеќе цицаше, почна да кака на два дена. Пред еден месец го префрлив на Аптамил 1, само двапати дневно по 90 мл пие, другото е од цицање и почна на 4 дена да кака. Обилно си кака, жолти се каките, нема запек. Цело време давам Колиеф и Биогаја. Дали да се загрижувам за тоа што кака на 4 дена? Ве читам по повеќепати на ден ви какаат, да не пропуштам нешто и да му направам проблем?
Следи го малото, дали се напрега, има гасови, се витка, плаче ... ако е веселно нема простор за паника, како наголемуваат помалце ќе какаат
Гасови има најверојатно, ги крева нозете нагоре и си прцка, но не плаче. Весело е вака генерално и не е плачко, само ако му се јаде или ако сака цице бидејќи му се спие. Денес попладнето заспа, јас во друга соба успеав да отидам, а тој си се разбудил, си искакал и си лежеше мирен. Да не отидев да го ѕирнам, немаше да знам дека си завршил работа и е буден. Каките се жолти и не се тврди, ја полни цела пелена.
Мојата е 6 недели и е само на доење веќе недела или две кака или еднаш на ден или на два до три дена по еднаш ,и мене ме секира тоа ама вака си прдка не се грчи нормално е бар така вика педијатарот бебе што цица е нормално да кака и 5 пати на ден ,а нормално е и 5 дена да не било какано.
Welcome to the club хахах од кога е роден преку ден нема сврзано 2-3 саато , се чудам и им блазесувам на мајките на кои бебињата им спијат доолго хахаха, но многу го чекав о се ке издржам , на пример за мене немам ама баш ич време .до тоалет не можам да отидам , до скоро форум немав отворено се мака кога имам пишувам на кусо хаха , ама ова се слатки маки , ке пројде време ке ни фалат , се тешам дека има многу такви бебуши хахаха за мојов пошо сум со ивф си велам се гледа дека бил најупорен ембрион хахах, така да уживај мајка Оли и мојот така , на почеток какаше често 3-5 пати на ден , после имаше период каде какаше на 2-3 дена еднаш , но мојот пиштеше кога не беше какан , консултирав педијатар и ми кажа дека кога е повеке на мајчино нормално е да не кака до 7 дена , знам дека се секираш го минав и тоа но кај нас беше период , еве и денес не се искака на муабетот хахаха но давам малтофер капки може и реакција од нив , муабетот ми е дека сите велат дека е нормално , поготово кај тебе што детето нема мака
Мами дали некоја мамичка давала малтофер капки во адаптирано ? На упатство пишуваа дека се меша со мајчино и со кашички но ние сме мали за кашички ,давам дохрана дали може во адаптирано ?
Исто како за мојата да си напишала, што е по трагично секој ден е се по лоша, преку ден спие само ако ја држам во раце еднаш до два пати дневно, во раце стоиме цел ден, сите реквизити ги има, тропалки, лулашка, релаксатор, бејби пиано... ништо не ја интересира само како стринка да гледа наоколу, застанам ли на секунда одма се нервира, лежење никако. Алал да им е на тие со мирни деца, моево е baby boss
Пробај кога ќе заспие да ја ставиш во релаксатор. Мојот преку ден само во релаксатор спие по пола саат максимум, инаку ако пробам во кревет да го ставам се витка со нозете надоле и не ми дава да го оставам.