А дали може да сликнете какви подлоги имате со висечки играчки? Гледав едни на нет, сакам да земам па да видам ако може Мојов наутро сака во релаксатор и јас му држам над него тропалки, тој се радува и нишка. Си гугаме, слушаме музика, шетаме во двор, гледаме кратко во тв...Ама претежно сака в раце да го шетаме и тој исправен и се' да гледа. Ооо не да се потам, лом се правам и само смрдам, хормониве мислам ме отепаа башка на моменти сум преморена, јадам со брзање како подгрбавена, и не знам дали е до хормоните ама често само ми се плачи нешто, како отсутна и расеана се осеќам и само си замислувам глупости... На периоди пак сум супер, полна енергија. Се тешам дека е до хормоните, а убаво ми иде кога шетаме и сум надвор од дома... За заспивање, претежно на цице, в раце ми цица ама ко ќе го легнам одмаааа станува...А сега неколку пати на спална го легнувам и јас до него и така ццица подолго и спие само мн ми е страв од задавувањње, вака легнат да не се засрркни. Од кога е роден се тресам од тоа задавување , некогаш ми е страв да сум сама со него и одма панично го кревам штом се засркни.
ехе јас уште плачам, најсреќна сум кога ја шетам сабајле, ритуал ни е да попешачиме малце, она си заспива, јас си седнувам сама на кафе, сабајле никој нема, милина. Кога ќе стане, станувам и назад дома. Иначе за засркнување, од цицање во лежечка позиција не може да се засркне, може само доколку наеднаш му дојде млекце, а тоа и да е станато исто ќе се засркне оти му е многу. Чувај си кичма, уживајте легнати, еве ние сме моментално така, беба кај и да е ќе ме одпушти и заспана ќе е, јас си ве читам и коментирам.
Мами што да мачкам под вратчето денес го видов ептен жар црвена линија има..ставив бебешка пудра незнам дали можи со крем да мачкам да не поти..стално го бришам со влажно крпче па со суво и му ја држам главата наназат да му се иссуши и пак му се вцрвенува @lavinija28 после ќе ти пратам слика не сум дома
Исто, исто скроз. Расеана сум ептен и заборавам. Тоа од умор е. На пример, цел ден ја барам цедевитата знам дека ја фатив и ја снема. И се нервирам се вртам во кујна и не можам да ја најдам. Пред малку ја најдов во фрижидер Оваа подлога на сликата лево ја имаме.
@lavinija28 Оваа ја зедов од Бебе Хоум. Бебе доста време минува на неа. Има доста тракатанци за развивање на моторика и е голема. Има и дел со музика каде треба да удира со раце и нозе.
Ме интересира, велите цицаат легнати. А, не ги кревате да подригнат? Јас моево го расонувам ноќе додека го кревам и нишкам да подригне...
Јас ваква имам и плус на тие одозгора имам врзано уште играчки, тропки и стално и ги менувам оти и здосадуваат. Инаку јас претежно ја дојам легнато и мислам дека воопшто не треба да се плашиш. Знае да се засркне ако и дојде одеднаш млеко но тоа се случува и во седечка положба не дека не. Вака ем е полесно ем не се поти бебе. Си заспива без проблем.
Па мајки зарем во раце цело време доите? Аууу јас уште од прв ден легнати се доиме ретко кога во раце цица. За подригнувањето јас го оставам. Ако заспие цицајќи не го ни кревам го оставам да спие исто и преку ден, а ако не заспие го кревам Јас иначе го “учам” бебе да заспива само (без цице) ќе го нацицам, бањање, малце играње и после цуце во уста го вртам на меше и стојам пред врата и го гледам некогаш успева некогаш не
Мојата цица така уште кога немаше полн месец. Се навикна ноќе така да цица бидејќи спие покрај мене. Никогаш несум ја кренала да ждригне освен ако се расони или покака па да морам да и сменам пелена. 4+ сме и уште така цицаме, беба едвај чека прета кога ме гледа, го крева едното ноже на моето колено а со рачето си ја држи косата и така цица
Преку ден е ок. Ама 22ч иди и грчевите не отепуваат, колиеф давам био гаиа, џабе се. Сега до 02/03ч маки со рикање.. Рацете и очите за спиење ни паѓаат со мм. Веќе 6 дена со ова темпо. Ајде си ја кажав маката, чекам 3ч да спијам и да се ослободи од болки душата моја.
Моето има 2 месеци. Секако од железо нема проблем кај повеќето. Но ете кај брат ми така се случи и он пиеше железо кога беше 3 месеци. Тоа и го потврдија на мајка ми многу стоматолози. И во Белград го носеа и таму истото го кажаа. Кај него железото предизвикало губење на калциум бидејќи бил мало бебе. Е сега иста крв сме, плус моето бебе е копија на брат ми, воошто не личи на мм ниту на мене Преголем ризик ми е.... Знам низ што се помина брат ми како мал се додека на 7 год не му се обновија забите. Сега е здрав прав дечко нема никаков проблем. Ама 7 години беа претешки за сите нас.
Stvarno ti velam, prv pat slusam... Znaci prv pat! Moze si vo pravo no cudno e. Prasaj si poveke doktorri.
Е тек тогаш кај ми е крајот, кај цел ден сум сама со бебето уште навечер да го кревам да подригне па се расонил па пак да го презаспивам, со тоа темпо има на инфузии да завршам
Пробајте со други капки ако не помага колиеф, или бебе на нога на меше и по газе тапкајте го. Другарка го зема и појасот со семки од цреша, рече помагало. Ние nurse harveys му дававме, и фала богу ниту еднаш не доби. Тој не ни имаше некои интензивни ама со емулзијава ептен се изгубија.
Легнати кога ги доите дали странично ви се свртени кон вас, или на грб лежат а само главчето кон градата? Инаку навечер и јас не кревам да подждригни. А за засркнувањево, кога ми е в раце посигурно ми е наеднаш да го кренам.
Колкаво е бебето..моето е 2 ипол месеци и јас и давав од почеток био гаја и колиеф и многу плачеше секоја вечер по три часа вриштење без престан ..еден ден се случи да немам колиеф не му ставав во млекото бебе престана да плаче толку...сакам да кажам може е случајно ама јас мирот го најдов од кога престанав да користам колиеф. Бебе и сега си е плачка ама тоа вриштење го нема веќе. Користев и еспумисан и тоа баталив. Сега повремено кога ќе ја фатат користам сируп nurse harveys.