Кога сме веке кај заспивањето , со упорност само ке се навикнат , јас створив рутина барем засега хаха капење во 20:15- 20:30 и веке во 21 е заспан , навелер сме со вештачко преку ден цица, го пие млекцето во креветче секако тоа се бпрби бидејки мн се врти лево десно и кога ке го допие давам лажалка и го снеѓува за 10-15 мин , барем тука имаме ред , и навечер кога станува си сака да цица ама баш ке пробам прво преку ден во лежечка положба бидејки раце ми паднаа хахаха , а за преку ден уште немаме ред не спие воопшто неколку пати по пола час , нејке количка нејке релаксатор , и така со моето термитче се надевам ке мени 4+ сме , само не мачи носето има ли некој со вакпв проблем , веке две недели носето ни е затнато , редам солен раствор ,вадиме мрсулчиња но не поминува , два пати бевме на педијатар упорно вели нема ништо само тапкање и солен раствор , а беба насабајле е затнат како тапанче , совет ? Ке го носам и трет пат на педијатар вакцина одложив и не можеме пак да одиме сеуште е затнат
Се водам по тоа, после секое цицање да подригне, зашто бебе сеуште има проблем со грчеви, и ова уште толку ја влошува работата, затоа. Се фаќам ноќе како го шетам низ соба, чекајќи да подригне, а тој заспан очигледно и јас сама си отворам работа велат нели ако си заспие мирно тогаш да се остави, ама го слушам како ќе се наголта воздух и одма ми оди мислата на грчевите подоцна, дека од овие гасови уште толку повеќе ќе се мачи
Ама стварно само си отвораш работа...ако заспал немаш потреба од рассонување ако не е какан само ќе си отежниш ако му помини дремката и после оди нека заспие..Користи го времето додека спие и ти да дремниш не го шеткај заспан
Не ја подригнував ако заспиеше, некогаш знаеше да ја разбуди повраќање пошо кај малава повраќаше обилно ама и кога ја држев да подригне, пола саат поминивуше и на крај ништо, па баталив. Потоа ми рекоа да ја држам испраена после цицање само за да не повраќа као ама повраќаше и испадна дека кај неа не е до тоа како ја држам, си продолжив да си ја ставам одма да спие. А сега е веќе голема за подригање.
Преку ден ретки се тие што имаат ред, терај те така, браво ако и во 4 месец немате пореметување, ние и покрај ред, скокот и регресијата не отепааа.
Хај мајки.. Ние сега се враќаме од контрола за малиов и иако докторката вели таман е јас мислам не е..За 2месеци е поправен само 1.200 и +7см од прегледот на месец и пол..ја прашав па нели е малку 600гр.месечно па ми пресметуваше по колку млеко пие и кога и кажав дека се случува да спие 12 сати со едно или две будења за млеко па ми рече ехее па ти треба да се радуваш не да му се секираш толку а и дека само мрдаше преташе таму и ми вели дали знајш колку енергија троши со ова шо си е активен вака..неможи сите деца да качуваат исто И ми рече да давам вит.Ц а не ја прашав зошто оти почна да плачи малиов и гледав да излезиме ЕДИТ:и ни смени млеко мо рече да пробам со холе дека не кака редовно.. А и не прати крв да провериме ми рече онака проверете и сега шубе ме фати да не има нешто а не ми кажа..
Не би било професионално да би знаела нешто а да премолчи, не верувам. Висината е наследен фактор за разлика од тежината. Иначе за килажава моево од месец на месец по 1.200кг качуваше, ама цица на 2-2,5 часа, никогаш на 6 часа, сега на 5месеци контрола 650г напредна и така по негова препорака почнавме со дохрана. Не сум стручна ама чим вели твојот педијатар без грижа, тогаш нема простор да се грижиш
@elimkd колку е тежината на син ти? На вакцина, докторката ме советуваше да почнам со вкусови од 5и пол месеци. А и мојов качи на килажа околу 700 гр. 7.400 има досега 5м. и 5 дена е. Ќе ја послушам докторката и ќе почнам точно како што ми кажа. Е сега за крвна слика не прашав, ама мислам првпат од 6 месеци се прави. Се задумав за железото што пишувавте, можно е веќе да му се намалува. А од бременоста резервите да ги искористува досега, иако мене во бременост ми беше 26 серумско железо. Ај здравје отом-потом.
@lavinija28 ова е нашата подлога, купена од babyblu продавница, марка lorelli 1400 ден. Ја користи од 3 месеци кога наполна, веќе 2 месеци десега, ама полека ја напушта, ги преминува границите.
Од само раѓање до ден денес 4.5 месеца, цица легната и никогаш не сум ја дигала ноќеска да подригне, фала Богу не сме имале никаква мака до сега.
Aлал да ви е што немора да ги дигнете за ждригање Јас си имам проблем со тоа,навечер на секој саатипол,два цица и давам легната почесто,ама ако не ја земам да ждруцне обавезно ми повраќа ама обавезно! И така на два саата цицање па пола саат тапшај да ждригне,и гледаш се разденило Купив вакво перниче за да не и се враќа млекцето ама некако како да не ја сака,и од што е мнг пргава и мрда и ја наоѓам најдоле на перницата или до неа Како можеше да ми се волку различни децава се чудам...пре пргаво е ова мислам ќе почне да лази од што мрда премнг а големата се сврте од грб на стомак тек на 6 месеци трупче Денес бебе прави 40 дена бевме сабајле на голема молитва,па на ручек ќе одиме кај кумовите Малово има 5кила и 300грама на 40дена сеуште ми е на мисла килажава,ама да е жива и здрава. 200 пелени на ден и секоја мора да е какната буцле мое Првиот скок вчера заврши од таа цела недела само еден ден беше хаотично,добро поминавме ќе видиме следните... Како и да е ова бебнце ми е плачка,за разлика од првото бајче беше во споредба со ова,мада сеуште е мнг рано ќе видиме,а и често ги споредувам знам дека ми е грешка тоа Иначе ги средивме грчевите со Колиеф,ептен добро и делуваат,и почнав се да јадам не смета на млекото
Еве ја и нашата подлога купена од истото место и марка како на @elenaklasik Ја имам наредено со играчиња, ја обожава
И мојава е на захтев од сам старт, па на кг стагнираше. Машала за вашите бебушки, 7 месеци сме уште 7 и пол не сме стасани. Секое дете е различно, не е секогаш по книга, не се тие програмирани. Докторите не смеат да не кажат ако нешто не е во ред, мене и на толку малу кревање на килажа еднаш не ми рекоја не е во ред и не ми направија паника. Беба е мноогуалтивна, не мирова ни минута, ако седна и тога прета со нозете, се трти.. висината и активноста ми рекоа си го прават своето, нормално е некогаш и да стагнираат. Кога ќе слушнам од други или прочитам од вас дека на 4-5 месеци имаат 8 кг, се прашувам со што ли го храните хаха или вие се храните?
Здрави и живи да се. И вистина има послабички бебиња, ама ептен активни. Моторички се активни и динамични. А ти и татко ѝ сте послаби, генетски ако има врска и тоа? Твојата седи лази што прави сега на нејзина возраст?
До детето е, секое си има различен организам, нема врска. Твојата јаде ли, т.е. цица ли често или пие Ад колку за возраста, а не става во килажа? Таков и е метаболизмот. Син ми од бебе не јадрше, млеко пиеше на пола од тоа што го пишуваше на кутијата, навечер не се будеше и јас иницијативно во сон му давав млеко и го пиеше со затворени очи, само да стави во килажа, под границата беше и уште е, такво си е детето, нејадал, 7.5 години е сега и уште е нејадач. 22 кила има со се алишта. Не му се секирај па и дебело дете не е убаво