Јас давам од месец дена, превриена во шишенце, колку сака толку пие, 2-3 пати на ден ја нудам. Обично по 20мл пие, некогаш повеќе некогаш помалку. Ние сме на АД затоа педијатар ми препорача да давам вода
Девојки може на некоја ке ви биде од корист за подригнување , некаде на фб група прочитав дека не мора бебе да се става на рамо за да ждригне , може само да се исправи сп рацете една под газе другата над меше , моето никако не подригнуваше на раменце , со другиов начин се спасивме , пробајте го и овој начин
Da se javiv vcera bas se slusnav so dr mi vika tt bila od gradite ne sum gi praznela celi.. Pokraj to sto bebe cica i se molzam, samo na vecer mu davam ad. Neznam dali negde gresam sto e problemov ali 3den sum so tt.. A i konci uste od carski ne se izvadeni treba vo petok nez sto da mislam stvarno sum isplasena mnogu. Imam problem i so gasovi znaci skoro 2 dena nemam ispusteno i od leva strana me boli tapa bolka. Mnogu sum isplasena
Гасови е нормално да имаш, така и треба , ама мораш да ги вадиш надвор, не знам поинаку како да се изразам, тоа е природен процес.Околу раната од царски не знам ништо,нека ти кажат девојките што поминале, јас сум природно. За градите, фани се дали имаш некаде грутка, и навечер немораш да даваш АД, нека си цица малото.
Гасовите се скроз нормални само како што ти кажа Дикинзи мораш да ги испушташ. Кажи му на докторот дека не можеш. По голема нужда идеш редовно? Јади течна и лесна храна деновиве и пиј многу течности. Млекото убаво ти е надојдено? Да не се измолзуваш многу често, па да ти се полнат многу? Ставај го бебето често на града и тоа ќе си цица и ќе ги празни редовно, ќе ти олесни.
Се измолзувам 3 пати денот еднасш на сабајле ради со на вечер му давам ад и тогаш молзам 60-70мл. И уште два пати ако осетам дека ми се топли или тешки, бебе го ставам на града али некогаш му е малку или не се труди да довлече и плаче за уште. А за гасови немам воопшто испуштено, одам во тоалет нормално али со болка од лева страна. Мислам дека оваа што ме боли од лева страна нешто е поврзано со дебелото црево некоја инфекција. Ќе видам утре неможам до петок да чекам
Мила, не дека не може да влече, него може му влегло воздух па му смета и мора да ждригне, кај мене второво беше така, знаеше на сред цицање да плаче, ја кревав ждригаше и продолжуваше. Тоа е исто како ти кига пиеш многу вода па наеднаш воздух ќе влезе и одма престануваш и чувствуваш огромна грутка во стомак. Бебе до 2 месеца цица кога сака и колку сака, тоа значи ако ти бара на 15 мин , на пола саат ..ќе му дадеш без размислување. Топол туш кај брдавици, масажи кружни на гради, и одмолзување само кога се тешки, тврди. Со лесно доењето
На вечер не давај АД, понуди да цица. Ем ќе си имаш млеко, ем тоа ќе е најсреќно. Ако ти е за спиење.. ќе пораснат.
Ние сме смешки од сабајле со синко. Му се спие му се плаче. Јас му пуштам приспивна песна, а тој душа драга ги крева ножињата и рачињата да се игра. Еве трета ноќ бебе се буди на секој саат да цица. Два ипол месеци е, а некаде прочитав дека во 11или 12 недела почнува скок кој трае месец ипол. Како го поминавте тој период? Мојот синко е многу захтевно бебе. Нека е жив и здрав, ама многу сум изморена, ненаспана.
Верувај сите сме такви ненаспани. Толку мало бебе не може ред да има Ќе истрпиме дури потпораснат малце тоа е.
Во 12-та недела од термин за породување има скок кој трае една недела, тој е третиот скок. Месец и кусур трае четвртиот скок и почнува од 15-та недела.
За што се користи калиум пермаганат, или хиперманган, го користил ли некој по препорака на лекар? И што користите за бањање, за нега на пеленската регија и кожата на новороденчето, и папчето?
Кај нас почна тој скок и од старт знам дека до крај на скокот јас ќе бидам за на психијатар...Од бебе што никако не сака да јади ако не е легнат во креветче стана бебе што нема ша си да пие млекце а да не е во раце и да го шеташ да си разгледува па прекинува се крева да го исправиш па пак плачи за шишето и така 100 пати дури да испие 120 мл... Исто и денскиве дремки досега сам заспиваше сега сака да го држам во раце и свртен накај мене жива вода и тој и јас..максимум спие 40 мин со презаспивање 3 пати.. Уште ноќново спиење ако му се поремети готова сум
При крај е тој скок. Кај моево пореметување имаше на големата попладневна дремка. Спиеше претходно по 3 часа, сега само 1 час или ни толку, а остатокот од времето изигруваме кловнови со мм за да го занимаваме до легнување. Ноќното во таа недела 2-3 дена се будеше на 2 часа за цицање, а веќе две вечери само еднаш во 3 се буди. Ама па почна поинтересен да е
Па и јас според термин на раѓање сметам. Не знаев дека ве фатил четвртиот, мислев за третиот зборуваш.
Мајки до денес давав колиеф. Од утре сакам да давам сируп нурс харви дали може така наеднаш да преминам? Немам консултиранио педијатар сеуште прво тука да прашам. И друго прашање горе на черепот кај што се дупките на главата на едното дупче од време на време и клука местото, дали е нормално?
Калиум хиперманган се става во водата за бањање на детето, треба водата да стане бледо лила. Јас го бањам со тоа, само лицето со чоста вода му го мијам. Значи во кадичката ставам хиперманган и биодерма шампон, го бањам и убаво го плакнам. За пеленска регија коростам веледа и бекутан, ако е зацрвенет ставам веледа а инаку бекутанот го ставам. За кожата користев веледа ама дека рекоа дека е атопична земав биодерма ама го мачкам само на вратот, мишките и под колентата. За папокот користев алкохол 70%, откако му падна со 3% ходроген го мачкав уште неколку дена и толку беше. Хиперманганот сама си го купив, бебево многу ми се нафрлаше и сакав и тоа да го пробам.