Искрено жал ме фати многу за малото, внимание ич не му посветуваат. Го оставија во количка и толку а тоа сирото едно мирничко абе душа. Па јас си играв со него а тоа ги стегнало рачињата цело време не ги отпушти, не фаќа ни играчки, ме замисли малце..
Не не.. Бебето е скоро 2 месеци.. Такви бели имаше на лицето и се исчисти скоро до 6 недели. Овие се ептен мали, не се ни гледаат. На стомакот му се малку како ептен нали црвени точки и се губат а на ногата исто се мн ситни ама воопшто не се гледаат
Pa taka mi rekoa,nie sme 2 ipop mes. Trebalo tocno do 12ta nedela da se primi ,nie sme 12 +2 i ne i stavija zaradi toa. A moze i bolje so ne ja primi poso citam mn losi iskustva so rotata
Какви лоши? Ако мислиш за реакција, од рота едино може малце да повраќа ( не е кај сите и не паѓа на кг) ништо страшно и диареа може да добие,ни крева на температура, ни ништо. Ние поминавме без реакција и од двете дози.
Не се зезам. Дома ни е свежо 23 степени максимум оди преку ден темп. Секој ден ја капам и некако ми е страв по куси. Еден ден ја слеков по куси и цел ден икаше можеби од друго ама нз.
Баш како што кажа на допир само се чувствуваат. Вака прво имавме такви како мозолчиња. Тие на почетокот што се чистеше му беа само на лицето, после кога му се појавија и на телото пиеше антибиотик и му се изгубија. После тоа му се појавија овие само на допир што се осеќаат. Докторот ни рече пет пати бањање без главата и белогент. Јас го бањав три пати и мачкавме белогент и му се изгубија. Е сеа пак му се појавија такви на допир и докторката што го прегледуваше пред вакцина рече дека се од топло да не ставам ништо. Се јавив и кај матичната и ми кажа се додека нема гној да не ставам ништо зашто очигледно дека му е таква кожата. Рече има атопична кожа, која се пренесува преку мајката и дека до третата година ќе биде вака. А точно е и јас имам сува и атопична кожа со повремени егземи :/
Моево ја прими кога направивме 12 недела и 2 дена точно . ..Таму педијатаротт рече демек се примала до 3иот месец....абе сите си прават како им чини ..чудна работа, ние сме од ПП, значи воо цела држава за мн работи не се усогласени докториве. А на нет читав дека до 15 недела можи. Сепак, и во календарот на имунизација пишува дека ротата почнува најдоцна во 12 недела а завршува во 32. Нас за втора доза мн брзо ни закажаа ама јас ќе видам да има барем 40 дена меѓу дозите...(пишува од 4-10 недели).
Ние ја држиме не цврсто амаморам да припазувам оти когасе исправи гледа гледа и че акни во мене со сета сила ххх.. И морам да го припазувам
Мојата ја држи цврсто и се сака исправена да е, само што не сака во кенгур да ја шетам ќе почекам до кај 3 месеци па по малку ќе ја ставам.
Да си јадеш се. Пробувај по малку првиот пат. Ако нема гасови бебе, се е ок. Ако плаче не значи дека мора да е од тоа. Но ако приметиш дека три пати после грашок е плачливо, се витка, има гасови, не јади веќе грашок. На пр. Дента кога се породив, само што ме однесоа во соба имаше ручек грав! не јадев секако. И уште не сум јадела. Ама јадев грашок, боранија, свежа зелка, благо, чоколади....
Не си ме читала веројатно, мислам досадна сум веќе со грчевите Си јадев јас, почнав да се враќам на старата исхрана полека ама му се вратија грчевите 3+ сме. Еве цела недела мака мачиме. Ќе почекам уште малку.
Оф бее, душички бебенца. Не можам многу и не сакам да коментирам зашто не знам нит кои се луѓето нит како прават. И четврто и десетто бебе да е, сака внимание, почесто владее она - ех за првото се тресев, за ова немам гајле. Да, ама и тоа е личност за себе. И тоа бебе треба да се воспитува. Едни пријатели имаат три деца. Кога бевме да го видиме лани, имаше веќе 4 месеци бебето, татко му го фаќаше, го придрмуваше, спушти-крени ко да е бејзбол топка. А не е добро така да се треси бебе, поради мозочето, можно е мали потреси да има. Ама тој сакаше да покаже колку е вешт, спретен, веќе со третото е опуштен. Напротив, многу лошо го доживеав. А за тоа што пиша, навистина 4 месеци, ништо да не фаќа хмм. Тоа би требало да се посега да се влечка на под, да фаќа играчиња. Ах лелее. Ај здрави живи прави да нѝ се на сите.
Штом тие имаат 4 деца, на бебето верувај најмалце му е потребно внимание Ама за храната и мене ми е жал кога ќе чујам дека ги хранат со сѐ и сешто Но веќе не ме изненадува ништо, секакви нѐ има.
Кога ќе речат"ништо не им е"ептен ме иритира.Близнаците беа на адаптирано млеко оброк прв од 6 ипоп месеци и ич не брзав дур фатија ред дека тоа е ручек.Доручек на скоро 9 месеци и вечера околу годината.Ужинките покасно и еве ги скоро 2 год немам никаков проблем со јадење и која комбинација да ја направам јадат.Бебето ми е 2 медеци и е на доење и е родено поголемко и планирам и со него после 6 месеци да почнам,ако не е довопно доењето попрво ќе дадам адаптирано одтколку храна.