Мене за акните кој имаат белко ми рекоа со октенисепт спреј на газа и да избришам и се губат за 2 или 3 дена.
Киваат од разлика на возфухот,мислам топло ладно и на сонце.Тоа не е настинка, нити па им е ладно.И да има понекогаш суви мрсулчиња е нормално.На чепкалка за уши стави физиолошки раствор и исчисти ги ноздрите само на почеток.
И мене тоа ме подзамисли, треба и они да се трудат околу тоа да му покажат, да му подаваат играчки и сл..ајде да се живи и здрави
Како и да е тоа е бебе, му требаат мајка и татко. Едното го зема (6 години има) за малку не му падна значи, вика и јас знам да држам бебе..на крај јас со моево у рака го земав и тоа, па татко му тогаш виде и му текна да го земе..Хаос.
Малиов ја прими 4 дена пред да направи 12 недели, се прима до 12. Во Ремедика го прегледаа кога се роди и сè беше уредно, но ми рекоа широк повој да му ставам, па дури и купив од гаќичките. Двапати можеби му ги ставив и прекинав. Бев на преглед кај Антоније и рече ако е сè уредно, не треба. Зошто да го загревам на топлото, а башка не е ни убаво без потреба да им ги загреваме тестисите.
Хаха и јас кивам така, сите ми се чудат. Не сум сретнала досега некој со истиот 'проблем'. Искачам од сенка на сонце или обратно и кивам неколку пати во серија. Од сакото кивање почнува носот да ми тече и поминува.
ние имавме 1 месец и самл со камилица го чистев поконцентрирана со памукче . Коллу пати сакам денес толку... Од одма не се исчистија ама 1,5 немаше ништо
Здраво мајки. Бебето ми е 2 ипол месеци и периодов не сака да ми ждригне, го кревам до мене го потчукнувам по грбчето и плаче многу потоа исто така го седнувам и го навалувам исто го потчукнувам исто плаче и не сака да ждригне. А иначе се случува само ретко сам од себе да си поджригне дур јаде од шишенце. Дали има некој такво искуство? Иначе не јаде големи оброци туку помали по 50 мл на еден два час, иако не внесува многу сепак треба да ждригне.
Ох супер, дајбоже и ние да минеме 2 мес и 3 дена сме а нешто короната мн почна да се шири кај нас во истокот бидеќи немаше ништо и сега мн ми е страв д го носам
Во Скопје не е ништо поарно, но мора да се прими, тоа е. Рано сабајле оди и прва таму, да нема никој.
Имаме 4 недели и ни се појавија вакви брунчиња на лицето,од што може да е и дали сами се повлекуваат или треба нешто да ставам? Секој ден се повеќе има.
Можеби аларм беше погрешен збор, ама еве на што мислев. https://momlovesbest.com/baby-breathing-monitors
Да не е од топло вака нафрлано расоблечија малце ,види ако се повлекува од топлото е ,ако не консултирај педијатар . @LadyC јас не сум ставала широк повој ни на двајцата ,вчера баш бевме кај Антоние на ортопед и кажа дека без направено ехо не треба да се препорачува така од ракав што се вика стави широк повој ,еве бебе мое имала развиени колкчиња и ноџиња какп за 6 месеци да има ,а не 6 недели.Ако ти е мисла широкиот повој он препорачува и порано од 6 недели да се дојде на преглед со ехо.
Ауу ова ептен за анксиозни. Не дај боже да снема батерија ќе си умрам на лице место Шала на страна, срам ми е да признаам на блиските ама еве тука ќе си кажам. На секое негово спиење без разлика дење/ноќе го проверувам дали дише. Се надевам повеќето сте така зашто веќе се осеќам како лудача . Не знам од каде тој страв или што и да е. На мајка ми што и да и кажам само ми врти со очи као претерувам, да сум се опуштела, па многу сум се тресела околу него, а познавајќи ја сигурно била истата. Лесно е кога не израснала од страна да ми дава коментари.
Читам божем, ама толку сум излапавена што не знам кај терам. А и некако многу брзо ми се полни темава, многу мислења. Ако, нека има. Толку ли многу му влијае на бебе твојата храна? Пробај обработена, варено, печено, може ќе е подобро. Да не е бебе во скок? Еден од поопасните е тој на 3+, може да не е до јадењето. Ти си знеш најдобро, мое е само да си кажам. Па мислам дека не. Ако му е ладно грбчето о стомакот, тогаш му е ладно на бебе. Рацете и нозете, а и кивање не се знак дека му е ладно. Чисти го носот деновиве со аква марис или некое такво. Можеби се чисти. Ако имаат бели врвчиња и се шират по телото, ако не се губат, а само се зголемуваат може да е бактериско. Тогаш доктор.
Расоблечи го, многу да не е облечено? Јас би го однела веднаш на педијатар, немој на своја рака да го мачкаш