Каков проб може д се јави на пример? И јас кога го капам му хи држам ушината со рака, маж ми потура вод ама некогаш влези вода се слизни
Не го пази до толку ништо не му е и да влезе вода ќе си излезе. Не знам што може и дали може да се случи нешто ама еве ти викам кај нас досега се било во ред. Само не сум 100% сигурна дека е безбедно за да ти кажам. За заспивањето пробај 15мин порано да го легнуваш, може му поминува дремката, па затоа да се буди. И кога ќе заспие стави го и легни до него, гушни го за убаво да се успие и можеш да го преместиш во креветче или каде и да спие. Преку ден кога ќе отвори очи одма дај му да цица или ад (не знам на што сте) додека е сонлив и ќе продолжи да спие. Битно навечер гаси светла во исто време да сфати веќе дека е време за спиење.
Мене станувањето по илјада пати во ноќта првите два месеци ми беше најтешко и фамозните грчеви. Инаку, дај боже 3 и 4 месец да се најтешките, релативно лесно ги поминувам. Кога ви беше 'најлесно'?
6 месец, некако почна без проблем да заспива на вечер, ја засака количката и почна да ужива во неа. 7ми сега ми е малу по тежок затоа што е многу активна,брза, цврста и мора да имам што викаме и на грб очи, а и веќе почна да мисли ако и сум подалеку малце дека си одам па крева раце и се тресе, не смеам да поминам покрај нејзе за да не ме види.
За бањањето ми рекоа дека можам да го избањам, а да не го шетам 2 дена. Мајка ми ми кажа порано нас кога не вакцинирале не дозволувале да се бања, па јас за секој случај не го бањав зашто секако не ми менува ништо ако скокнам некој ден. Секаде различно кажуваат, нема погрешно и правилно ама не е лошо да си одморите дома и да си го следиш детето. Ставај облоги ациди борици или лепенка, проверувај го бебето за температура и одмарајте овие 2 дена. Се ќе биде во ред.
Ти си знаеш мајка, не се плаши Најубав 4ти месец, сега 5ти месец проблем со непцињата и запчето, постојано нервозен, се буди на секој час Мислење и дали користите бели звуци?
Ми рекоа ако крене тт лепенка и тоа не на местото кај што е боцнато него на кој било друг дел од телото. А за ладење на местото му ставив acidi borici.
Му пуштав порано ама не видов некоја разлика во спиењето. Подобро спие со тивка музика во позадина, а идеално во тишина. Плус читав дека не е добро да се навикне на бели звуци. Јас сум зачудена многу, како влеговме во 4ти месец заспива во 22h и спие до 8h сабајле со 2 пати станување за цицање (сега сме во скок, па станува почесто). Бели звуци никогаш не ми биле од голема помош. @..MoNNy..!! Ете гледаш секаде различно кажуваат затоа викам нема правилно или погрешно. Мене ми рекоа преку ден ациди борици, а ноќе лепенка на боцнатото. Сите различно правиме и пак ретко кое бебе има реакција. Не се секирај, прави како што ти кажале.