Ние вчера рекорд до 1.30.Ама мислам грчеви и гасови 2 месеци е и знам дека сега се наинтензивни.За гладен не е ,не плаче и е буцко
Бебчево пак спие повеќе,близнаците ми се 22 месеци цела ноќ се успиваме,најадени,изнаиграни,прошетани и од сабајле 2 часа и навечер 2 часа и пак цела ноќ легни стани.Ама споро им изегуваат забите и мислам од тоа е друго немаЗаради коронава иначе искрено размислував да ангажирам жена за навечер при крај сме со нервите.
Како јас да го пишав ова. Исти сме. Само мене ме бара, и да се носиме во раце сака. 7ипол сме, а не е научена воопшто да седи, нема рамнотежа. Ја држам во скут седи, во хранилка и количка седи ама сама не сака и готово. Се научила сега се фаќа за долниот дел на масата и се исправа, стои сама. Кога седиме на кревет она не сака да седи, туку да ја држам на нозе да стои, и се лути кога не ја спуштам на земја,ова се случува веќе два месеци.. На 6ти сме на ортопед едвај чекам да си ги кажам маките..
Леле со стоењево.. Ги здрвува нозете и само да стои господинот, а се клати како пијана кокошка кога ќе го седнам
Исто и бебе мое вчера до 1ипол одвај се успа ,и мојава многу мака има со грчеви и гасови има многу денес решив ќе пробам не и давам ни пробиотик ,ни капки,ни чај да видам вака како ќе поминеме ,пошто пробај едни капки,други,биогаја,ваја очигледно ништо не помага само пари се изнадавав .
И ние што не пробавме.. Колеиф, бекутан, сега нурс харви, чај бекутан, па шише томи типи, термофор и не знам уште што не џабе е се. Грчеви си има и преку ден повремено, а на вечер посебно од кај 22ч и до 02/03 се мачиме. Не знам друго чаре, кажувајте или сами по себе ќе поминат не знам, лудило. 2м и 2 дена сме
Чај од ким. Во 100 мл вода да зовријат 15 зрна ким и од кога ќе проврие водата да врие на тивко 10 мин. После тоа нека се олади и може да се дава. Ако сте на АД или пие млеко од шише може по малку да се става и внатре ако не го пие само чајот
3 и 4 ми беа најлесни зошто некако се случи да ми спие по цела вечер и бев наспана и одморена. Ама пред крај на 4тиот пак се врати по старо и стануваше навечер. Сега сме 5 и пол и тешко е-сака постојана анимација, зборење, држење строго во раце, кратко се задржува на подлога и сл.
Сакаш најискрен одговор на ова ќе ти кажам за со синчето најлесно ми беше кога го одбив од цицање(16месеци) тогаш веќе почна да преспива цела ноќ убаво и кога му пораснаа сите заби пошто синко многу тешко вадеше заби со плачки по цела ноќ .За со бебка сега ќе споделам мислење за неколку месеци
Кас давам само ваја пробиотик и од сабајле и до вечер да се искака и гасови,капки за грчеви не од претходно со ќерка ми имам лошо искуство и дадов само еднаш и цел ден плачеше дури со зајдување.Јас многу им верувам на пробиотиците и кај близнаците го немам прекинато од прв ден а и предвреме родени се еве 22 месеци се супер, зимото се соочивме првпат со настинка и прв пат бактерија па да требаше антибиотик да пијат.
Тие што сакате да користите вигантол капки кај нас ги нема од мај месец и ќе ги нема.Ги има во Србија околу 2 евра се.
Кога ќе почне да се грчи и плаче нежна масажа под стомакот,а кај девојчињата од препоните нагоре дали павловичева или масло бебешко и со палецот благи движења.Ги опушта и полесно ќе се искака и гасовите ќе ги ослободи.
Незнам веќе до што е исхраната мене ми е иста разновидна како и предходно, ама бебе ретко кака. Од средата дури денес, гасови има многу. Давам Биогаја, Д3 +К1, Д3+омега, пико мултивит,Гас Бамби капки и чај само на доење сме Живкович ми рече дека до 14 дена може, но многу време е тоа, кога испуста гасови плаче.
Лепенката се става на убодот одма подле вакцината и ќе ја мнуваш нс 8 саати дали беше.. А сирупче за тт ско крени, некои мајки дават веднаш после вакцина одма чисто превентивно
А како да знајме дали е проливче дали нормална кака.. Ние овие 3 ден имаме мн столици нз не сни имале вака
Не е ли ова премногу што даваш на бебе? Лично мислам дека сиве капки, чаеви, пробиотици и сл уште толку го оптеретуваат стомачето можеби ти е препорака од педијатар, моево прима само Двитамин и по потреба давам емулзија за грчеви, само кога ептен е крајна работава, па мислам дека полесно ги пребродува деновите кога не може да кака. Мислам дека нашиве се тука некаде на возраст, и кај моето одеднаш се поремети ритамот на какање, иако јас не сум сменила нешто во исхраната
Се приметува, доста е потечна столицата, не е ко вообичаено. Што значи многу столици? 4-5 е во ред. Кај нас ако се случи 3-4 дена да не се искака, 5тиот ден само со менење пелени се расправаме