Jas mislev da ne davas samo bekutan, mene malata od bekutan kako da i stvara gasovi, ne davav dolgo vreme ok bese ne se macese ,ni zavrsija grcevite, nez pred nekoj den so mi tekna poso bese toplo vikam aj ke i dadam Malce caj da se napie , abe se utepa od gssovi ispustanje cel den , i mislam deka e i od cajot deka ne i prija.
И моево неможе да го поднесе тој чај. И давав и нон стоп и се враќаше на назад и ја давеше без здив остануваше. И и немав дадено одамна, вечерва мн грчеви имаше и и дадов 20мл и по 1мин се случи исто одма се поддавува и се враќа и останува без здив. Не знам зошто не и го поднесува организмот
Јас го направив мм партали дека купил од Зегин од најскапите капки, дека таму му ги препорачале и дека таа што продавала на своето дете ги давала.....900 ден! Ама навистина кога ќе дадам, за 5 мин мир во куќа. Не давам редовно, само кога ептен се витка и привикува. Колимил на хумана. А мислам дека му помага и да се искака.
@dunika @Enci201 од дамна се немам оклучено ама претпоставувам за со кола патување. И со првото (4 ипол месеци) а сега и со второто( 5 ипол месеци патувавме со кола за мк и назад до гер без никакви проблеми. ( со првото назад со авион 6 месеци беше а сега второто бебче исто 6+ Со колата ) Бебињата беа мн мирни и си беа цело време у транспортер. Со Големата ќерка кога патувавме беше со мене од зад во транспортерот. Сега бебчето беше од пред на совозачкото седиште цел пат до мк и назад исто. Airbag обавезно исклучен да биде. Бебе беше напред зстоа што поголемата седи одзад со седиште и ако го ставам и бебето одзад нема место за мене мн тесно е, а ако седам напред тогаш нема да го гледам назад што прави и ако плаче нема како да реагирам. Затоа јас седев одзад она пред мене и што и да требаше ми беше полесно вода да и дадам, цуцла играчка, да ме гледа итн. Дури и кога возев ме гледаше можев да и подадам цуцла, вода исто и мм. Пауза правевме кога она ќе посакаше односно кога ќе цицаше. Таткои ќе ми ја извадеше од транспортер и ќњ ми ја подадеше назад кога беше за цицање, или јас кога возев си ја зимав сама и цицаше и пак назад у седиште. На два, или три часа, па кашичка, се случуваше и на 6 часа да ја вадам бидејќи, додека спиеше возевме цело време. Кога правевме пауза ќе цица, пелена ќе сменевме ќе променевме боди итн. На воздух малку ќе прошетавме и пак вожња. Надолу накај мк кога возевме едно 4 часа ја држев у раце ми спиеше ноќно време, си се наместив убаво, да ми биде удобно и мене и неа и си спиеше, исто и назад кога се враќавме ми поспија малку у раце, мм возеше полека и немаше гужва на автопат. Климата работеше цело време и беше мн пријатно у колата. Бебе беше цело време на боди на куси а само ноќе и облакав хеланчиња. Со Тенко чаршавче или тетра пелена ја покривав дента акко требаше, а ноќе со подебелко. Температурата унколата ја вавиравме од 20 до 22 степени или 24 ноќе зависи колку жешко беше. Многу пријатно патувавме и плус немаше гужви ни по автопат ниту по граници. Аптека за недај боже имав со мене, чепчињата ми беа у мало фрижидерче дека се растопуват, ама и у колата имав една кутивка и не беа растопени дека не беше жешко. Ама за секој случај си имав резерва у фрижидерчето. Фала на бога супер поминавме, децата ми се мирни одма заспуваат у кола, навикнати се на патување. бебе е стално од пред кога возиме а јас од зад. Здравје и живи да порасне менуваме транспортер за седиште и се сели одзад кај дадичка. Ќе биде поголемка и повеќе ќе разбира па со дада ќе имат занимација.
Фала ти многу, се надевам и ние ќе поминеме мирно како вас. Ова со аптеката добро што ми спомна, не би ми текнало да земам парацетамол бејби. Само ние се мислиме да спиеме 2 пати по пат. Без бебе сме спиеле по еднаш, а сега два пати. Мислам дека на нас добро ќе ни дојде, многу сме исцрпени, и подобро да не ризикуваме.
Така изгледа, ама денот на нас рано ни почнува. Во 6:30-7:00 веќе е првата дремка, со маж ми први сме во паркот со количката Се би дала да може да ми преспие детето 2 саати. Мислам дека цело време ми е ненаспан. Еве, ти велиш 2пати по 2 саати плус кратки дремките. Кај нас во најидеален случај е севкупно 2 саати, расцепкано. Ама мирен е, не плаче, валда тоа е, велат дека е нормално да спие така и дека после наполнет 6месец се регулира. Поздрав, take care!
И кај моето наеднаш се промени, стомачето и е меко, вчера не и дадов гас Бамби и пико, да видам дали ќе кака, ако не ќе сменам пробиотик
Леле мајки овие два, три дена имаме нешто ново хахаха -пиштиме вриштиме на цел глас, како да сака да скрени внимание(ако е во релаксатор малку подолго и ако сака в раце). Некогаш го прави тоа како на смеа, некогаш на плачка. И кога плачи многу посилно писка дури како да се дери. Многу ми е смешен и интересен (само делот кога му е на смеа тоа, плачките не баш ))) Сте заприметиле такво нешто? Значи сосема различни звуци од оние кои досега ги правеше
Дали е нормално вака да и се вцрвува главчето од време на време, не е од репчето сега и го врзав за да ја сликнам. Инаку сме скоро 4 месеци
Ехее навикни се одсега само така ќе писка мојов писка кога е легнат и посигнувам да го кренам или ако ние си зборуваме а него не му обрнуваме внимание и пишти така како да сака да кажи тука сум задевајте ме..досега не свртил на плачки само се смее... Кај нас ново е ако му зборувам нешто како да го карам (немој рацете в уста или не прај така ) да се смее на глас и тоа убаво се закикотува
Ние сме двајца шофери и се менуваме. Ама кога доаѓа дремката не прашува. Кога патувавме на долу тргнавме вечерта во 23:30 бидејќи дента наеднаш одлучивме дека ќе одиме за мк, па бевме до мк амбасада вадевме патен лист на бебе, па пак назад да спакуваме да средиме и затоа тргнавме доцна. Не спиевме никаде. А на враќање иако се менувавме и мм спиеше додека јас возев неможеше да издржи и спиевме два часа. Ама тргнавме во 14 попладне и спиевме дури наредмото утро од 5 до 7. И тоа веќе пред германија ни се преспија. Ако ви се спие и сте изморени правете пауза. Мој совет да си тргнете рано сабајле, денско време поубаво се вози отколку ноќе кога ќе тргнете, и во утринските часови ќе ви се преспие. И минатите години кога патувавме сме исто така правеле паузи ако ни се преспие. Ќе си се приентираге спрема бебе. Од германија ли ќе патуватњ?
Користев и јас на Чико кога имаше 2 месеци, исто и кај мојата имаше црвенило, дали беше од самиот производ или уште се чистеше кожичката стварно незнам, но откако сменив со Хип немаме ваков проблем веќе. Пробај смени шампонче, но и консуктирај се со педијатар обавезно.
Исто како и секој чај, зоврива вода и ја оставаш ќесичката 5 мин. Малиот нејќеше да го пие, дали до шишето беше или чајот не знам, па го пијам јас.
И ние имаме мака со заспивањето, всушност јас имам мака бидејќи доцна заспива .. без исклучок по полноќ,порано да заспие нема шанси. Пробував да ја заспивам "совреме", гледав во приближно исто време приквечер да ја бањам за да наметнам некој ред, ама после бањање наместо да си заспие таа уште поразиграна е и нема никакви шанси да заспие, па и со часови да нишкам и да пеам залудно ќе е. Исто така и со цицање никако не заспива навечер (па ни преку ден) како секое "нормално" бебе Кога ве читам тука со истите маки навистина се тешам
И ние сме обратни со спиењето. Денски си спие повеќе и ако се трудам да ја држам будна.. Таа си заспива, а ноќе мајко мила маки.. Од 8 ќе се развештери вештерчето и до 02-03ч си се пулиме си кенкаме трујаме за враце и така