Какво Ад даваш..моево од аптамил имаше зелена столица...и тоа многу темно зелена..тоа е од железото во ад млекото
Мајки, пишав и во тема колички ама итно ми е, немам време за чекање.. имам количка Anex e/type, делот за седење буквално сегде се одкопчува и лесно се вади ама единствен проблем е дупчето каде што е безбедносниот појас за меѓу нозе е налечко, па нема теоретска шанса заради тоа да се извади.. некоја искуство? Да не има некој трик? Стојам 2 саати пред количкава и не знам што да правам, а мора одма да се испере. Јутуб нема видео.
Давам една иста намирница 3 дена, претежно домашни кашички правам. Ако давам купечка тогаш 2 дена ја давам. Се буди во 8-9, цица, па чекам околу саат и пол да огладне, па давам кашичка, па вода неколку лажички (од шише не пие и од цуцла ми се одби, за ништо живо не фаќа) и обавезно бара цицање пак после.
Фрош за флеки да прснеш,па да триеш со мека страна на сунѓерче а после со микрофибер влажна крпа.. Друго не ми паѓа на памет чим не се вади.
Мојава почна да се загледува во цртан филм веќе неколку дена, но ми е страв повеќе од 20 мин дневно да е пред телевизор,штом ја тргнам плаче за 1 недела правиме 3 месеци
Мој совет: воопшто да не е пред телевизор. Гледаш и самата како се загледува, ќе се навикне, а нема потреба од телевизор. Што знае бебе што е ТВ . Јас на мојот, откако почна да прати наоколу, не му пуштам никако. Дури и ние се одвикнавме од телевизија, јас веќе немам потреба, нити го пуштаме со денови. Ете сега на под стави ја, обеси играчки и нив нека ги гледа. А за телевизија, има кога, нека се развијат прво. П.с ете еднаш пробав да видам реакција, му пуштив, се загледа, не мрдна. Аааа си реков, гасење одма, да не ми се занесува така во гледање
И мојата знае да се забајди и им писка,се радува на ликовите,мисли дека се луѓе ваљда,огромен е екранот.Брзо ја дефокусирам или и давам играчки ко што спомна Елена.
Моево па ич не го интересира ТВ по цел ден имам пуштено детски приказни абе не се испулува си лежи на подлога или во релаксаторот и си игра со играчките...ако го шеткам низ соба можи да му фрли еден поглед само поинтересен му е лустерот дома или тепихот Иначе не ми се пуштени за да гледа туку да слуша да не ми се учи на тивко
Незнам дали се снајде ама кај мене на количкава иато дупчето од безбедносниот појас е мало и не го собира да го извлечам никако...и јас така се вртев како тебе и видов дека појасот можи да се извади оддолу нагоре значи скрос..ќе ти пратам слики си велам ќе ме разбереш.. Спојлер: Количка Спојлер: Количка