Може уште се навикнува на ден/ноќ. Важно е преку ден да има многу светлина, галама, пуштен тв пример, да си зборите на глас, а навечер да се гасат светлата ете ламбата нека ти биде на минимум и да биде тивко и така ќе се научи дека навечер се спие. И да пробаш да го заспиваш денски околу 12h за да стане до 18h најкасно. Ќе помине и овој период, се менуваат и тие и навиките. Еден скок може да ви поремети се. Муабетот е ти да бидеш одморена зашто верувам дека цела ноќ си будна. Спиј си преку ден со него за да имаш сила.
Според мене не.. јас приметувам по синко ако му се јаде и почне да плаче со ништо не може да се смири, само цице. А кога е најаден и пресоблечен и се му е погодено, тогаш одма фаќа цуце и брзо заспива
Мојто маженце навечер кога станува за јадење додека му правам млекце му давам цуцла лажалка и како ем е заспан ем не ама се смирува со неа додека направам млеко, а некогаш и цуцле не ни помага кога како, а и секое бебенце е различно.
Мора да воведите дневна и вечерна рутина, да научи да разликува ден и ноќ, на 2 месеци се веќе способни да сватат кога е време за спиење. Ако станува во 7, одма преслечи го во алишта за шеткање, нека јади и со количката шетајте, преку ден нека е светло дома, гласно, играјте со тропалки, пак шеткајте, на вечер ако запсива кај 8, предходно бањање, мазење, гасење светло и во тишина легнете на спална и успиј го, на вечер треба да сте му што е можно подосадни,2 месечно бебе не знае само да си игра доколку ти не му правиш циркуз, во 8 нека се спуштат завесите и тоа ќе значи денот заврши. Редот може да се поремети само ако сте во скок некој, иначе 3-4 дена вака од прилика да правите, тоа во 8 веќе само ќе затвара очи.
Јас мислам навечер да ја исклучиш скроз ламбата Јас пуштам од ходник и малку се гледа во спална минимално и повеќе ми спие
И јас не држам светло во спална, далеку во ходникот малку наѕира, колку да можам да го видам во темното.
Нема да заспие ако е гладно ќе ја поцуца малку и ќе плачи барем моево така е..му ја давам цуцлата дури спремам млеко и ја цуца ама не спие..од ко ќе го испие млекото заспива..
Мојава двете раце да може ќе си ги напика во уста да ги смука а најадена е. Успеав да измерам шеќер. Јадев зеленчукова пица, викам дај да каснам и благо, изедов две американски палачинки со нутела по еден час 6.9 добив само ми е страв да нема малата грчеви од благото
Нормално е тоа, фаза со рачињата. Па ќе си ги допира, ќе си ги преплетува прстињата и ќе ги набљудува. И моето омилено, ќе те допира тебе
Го обожавам тој дел..Го легнувам меше на меше и почнува со рачињата да ме допира за лице или кога го држам свртен накај мене а некој друг му зборува и го задева па така како устрамен ќе се стутка во мене...Се топам од љубов
Ние денеска излеговме од болница, па сега ме интересира околу исхрана што може да јадам за некои рсботи знам дека ежне лимон, грав, боранија, лук, кромид а друго? Дали смејам нес кафе едино тоа го пијам јаткасти плодови? Иии уште нешто заради инфузии што примав цела недела во болница не смеев дс го дојам имав покачено црп и сега сакам да дојаам но никако неможам да го научам влече малку и почне да се игра мисли шише е ќе пушти?
Ќе пратиш што му ствара грчеви. Јас не јадев воопшто овошје и зелен зеленчук. Кафе пијам,јаткасти плодови малу ради алергини, јади повеќе ориз и пиј многу јогурт.
Јас јадам јаболка и банана, сладок компир, модар патлиџан, тиквичка, кромид по малку, морков, овес,ориз, компир, пиперка,од јаткасти јадам бадеми, ореви ама по многу малку и многу ретко.
Јас јадам се освен грав, леќа, кромид, лук и луто. Ама од следната недела ќе пробам и грав и леќа бидејќи нема грчеви до сега од ништо.
Почни полека со исхраната зашто грчевите почнуваат после 2-3 недели од раѓање. Може сега нема да плаче, а ќе почне за една недела нагло и нема да знаеш што попрво. Јади прво храна што сигурно не прави грчеви, сме пишувале во темата Грчеви кај бебињата и после една по една 'ризична' намирница пробувај по малку и внесувај во исхрана. Почекај со мешункасти, овошје со лушпа и зелен зеленчук. Околу доењето штом си фаќа града и влече немаш гајле. Тоа е најтешкото. Ако цица по малку, а почесто и тоа е нормално. Мало желудниче има, па првата недела со 30мл е најадено. Само форсирај града, нуди му ја често, пиј си течности, јади редовно и уживајте
Фазава со рачињата е топење и конечно кренавме глава од грчевите. Не знам дали сирупот нурс херви ни помогна или самото по себе си помина. 2м и една недела сме. Почна да се смее на сите кога ја задеваат, да се загледува во тв и да испушта нови звуци. Али ова со рачињата кога ме допира на лице вистинско топење МЕРАЦИ
Дали ги оставате бебињата да спијат во релаксатор под надзор? Преска бебево ептен убаво се успа во релаксаторот ама ми беше жал да седи стуткан и го префрлив во креветче ама се разбуди.