Ми звучеше охрабрувачки па Вас ќе Ви се обратам бидејќи стварно дум загрижена втор ден тој само два пати имс цицано по максимум 5 минути по цел ден си спика, не џнам страв ми е се мислам дслиндс мундадам измолзено па на шише но некако страв ми е некско пак ќе се наврати па и тоа малку да гомпрекине цицање? Не знам жал ми е да не јаде. Јас пупки ги извлечам прво со шприц да се поголеми или со пумпа и тогаш му давам ии млеко бааш имаам нон стооп ми тече Ве молам за некој совет?
Како успеа да заспие во релаксатор? @Anaouou Јас би му пикнала цице во уста додека спие или ако не трга така, би го будела да цица. Штипкај го, нешто прави за да биде будно и да влече. Колку недели е?
Леле колку си мила, те молам без персирање Од мое искуство, најтешкото ми беше да ја фати градата и да повлече. Значи душата ми искочи со денови мачење, плачење, па дома нервози, ад давав и успеавме, еве 4 месеци успешно го дојам, а мислев нема да успеам ни еден. Така да, штом си е цицалче те молам никако не му давај шише да не се зафркнеш. Не мора да значи, јас првиот месец давав ад со шише и не се одби ама реално ризик е. Ти дали нонстоп му нудиш града? Сигурно му менуваш често пелена значи мора да е буден почесто во денот и дали во секој момент пробуваш да му дадеш да цица? Мора да бидеш многу упорна, тоа е сега ептен малечко цело време ќе спие ама буди го на 2-3 саати. Не мора да е целосно буден, доволно е да е сонлив и да отвори уста. Можеш по малку да се измолзуваш да не се преполнуваат градите така кога ќе ги осетиш дека ти се тешки. Значи ако се успие земи го во раце и чепкај го, штипни го нежно, мрдни му ноже, раче и малку да отвори уста бутај А си кака, си мочка?
Како стее женски? Како се бебувчињата? Слушаат? Ај да ве прашам вас со 5-6 месечни бебиња, 5ти скок се појави, има абер? Да си попрајме чисто муабет
Во релаксатор не ама во транспортерот го оставам подолго ми ги спие денските дремки ако заспие в количка некогаш го преместувам некогаш го оставам... А зошто под надзор? Јас ако е во релаксаторот го врзувам и си бркам работа низ кујна не одам подалеку за да го слушнам ако закемка
@0ли нашиот се лула на батерии и така си заспа. Страв ми е да го оставам зошто нели ако случајно поврати може да се загрцне ама ако го надлегдуваш ќе го слушнеш секако. Барем јас така си мислам. Не знаев дали смее да спие плус дека е стуткан некако. Ама утре ако заспие не го будам. Денес за прв пат спои саат ипол сам во кревет
Јас синко бо релаксатор не го ставав пред 3 месеци а потоа го користев само за анимација. Ама затоа еден период само во кола задпиваше, јас будала го вадев и ми се будеше. Потоа престанав, денски го оставав да спие во транспортер. Без надзор затоа што е врзан со каиши, ама секако бев во соба или близу да го слушнам ако се разбуди. Нека спие, секако нема да спие со часови. Колку е старо бебето? Да не има жолтица? Ако е мало, а мислам дека пред некое време читав дека си породена, мора да го будиш за да цица. На 2 часа давај, мора да цица, прво да не е гладно, да не дехидрира, да не падне на тежина, да добие сила, плус да воспоставите убава лактација. Пали светло ако мора, масирај го, бутај цице, подотвори му ја устата нежно со мазење.
Мамички, ноќеска беба беше многу плачлива и нервозна и не беше заспана до 4 по полноќ. Денес спие поголем дел од денот, верувам дека има потреба да го надополни недостатокот од сон, но се плашам да не ни се поремети редот ден-ноќ, иако доцна заспиваше барем се знаеше кога е ден кога ноќ за спиење. Се обидував да ја играм, ја извадив на воздух надвор, ја бањав но многу брзо заспива, не можам да ја разбудам. Дали може да ни се поремети од еден ден вака?
Од кога влеговме во фамозниот 4ти скок, мислев кога ќе заврши се ќе се врати во нормала, но само што излеговме од него, забите почнаа да ја мачат. Мислам дека тоа е полошо од секој скок. Навечер почна често да се буди, и не само за цицање, туку буквално да се буди во 2 или 3 и по саат време будна да вика, да игра, а јас умирам за спиење. Сега сме 5ти скок, плус заби вадиме...дефинитивно најтешок период за мене до сега. Како што расти се потешко и потешко ми се гледа. Но, само живи и здрави нека се а за нервите ќе се снаоѓаме некако.
Кај нас ако си спие преку ден си спие преку ноќ. Ама ако му е период на неспиење џабе, што сакаш прави. Не би требало да се поремети. Дефинитивно најголема глупост ми беше што пробував подолго време да го држам буден за да спие ноќе, уште поголем проблем се прави така, му поминува дремката и многу е нервозен, едвај заспива после тоа. Нека си спие колку сака, не и се секирај и ноќта ќе си спие.
Синко мака мачи со 4ки и 3ки, плус го фати 8миот скок. Оди по цел ден, не јаде ништо, плаче за се, денеска посебно затоа што не му давам да влегува во купатило а сам ја отвора вратата. Пожали си се, ама спреми се дека допрва ке е лудо. И јас мислев дека 4тиот скок е најлош, ама не, 8миот е врв.
Леле можам да замислам заби + скок + проодување Веројатно по него си цел ден лепенка, кога ќе проодат треба внимавање нон-стоп. А навечер ти спие?
Прооден е, како струја е. Цеееееел ден е активен. Навечер да, среќа што спие. Ама мора некогаш да одмори, преку ден спие по 2 часа, 3 ако имам среќа. Станува во 7, заспива во 9. Деновиве тие 2 часа ги дели на две дремки, не е наспие, па и за тоа додатно плаче. Лепенка сум, ама откако почна да лази ми е вака. Грубо, од кај 8 месеци мора да го гледам секој потег негов. Залепив штекери, фиоки, заврзав крила на плакари. Кога почнаа заби, мислев леле крај. Ама сега со 4ки и 3ки гледам дека сум била во заблуда. Плус во исто време му излегуваат сите 8 заба.
Скок 4 = хаос..Дали дека се навикнав да си спие башка и само по еднаш почна да станува за млеко навечер и врзуваше два пати по 5-6 саати овие два вечери само кемка во сон сака да се сврти на меше а неможи и одма плачки..а ако го завртам на меше па со брзина на светлината се враќа на грб и после пак плачки за да се заврти...цела ноќ само тоа правиме јас го вртам тој се враќа и пак пробува... Ако ја цуца цуцлата и ја плукни по 10 мин му текнува дека ја сака пак и ајде и за тоа кемка ама пола сат немам заспано салам... Со ова презаспивање по 100 пати жива ненаспана сум
@elenaklasik Не пратам скокови, ама и за мене е овој најтежок месец. Извадивме запче, почна навечер да се буди на секој 2 саати и да бара да цица, иако не е гладен! Се буди, ме влече за маица, и со отворена уста ме бара да цица. Цица 2 мин и заспива. Не знам што да му правам. Веќе нема потреба од ноќен подој, затоа што цица доволно преку ден. Почна да застанува на раце и нозе како булдог и само оди напред назад во место, маж ми се смее, вели дека бебе гледа многу филмови за возрасни . Сега е во фаза на превртување стомак-грб. Дали вашите 5-6 месечни цицаат често навечер?
Леле исто! Секое заспивање борба е за враќање на грб. Само се врти на стомак и морам по сто пати да го проверувам во соба. Ако го свртам се лути. https://tvoebebe.com/BEBE/mesec5 еве да си прочитате.
Исто. Ми се будеше за цицање ама тоа беше на 3-4 саати, ќе цица кратко и одма си заспива. Синоќа првпат после долго да спие немирно, нозете на глава ми ги качува и ако ги тргнам плаче, се врти на меше па се лути, не знае што сака, па се разбуди да си игра.... Леле, а мене ми се плаче за спиење. Цица, сам ја испушта цицката и плаче. Ама пак, најлесен скок досега, пу пу да не се урочам.
Моево па обратно на грб се враќа сам а на стомак не се врти уште.. Да ќути кај нас и другите скокови не се осетија а и нели од 15 недела е овој досега немаше промени сега се буни нешто..маж се смее ко ќе закемка еве го вели почна да протестира нешто Исто среде ноќ му се гуга му се игра и јас како демек го карам спиј ајде не е време за играње и почнува да се кикоти на глас па мм вели ама немој сега да го смееш го рассонуваш како да мене до смеење ми е дојдено а очи сами ми се затвараат ама ете бебе што разбира од налутена фаца него му е смешна мисли смешки му правам...