Во последно време и кај синко е таква столицата, дури пак го разгледував оние сликички за да видам дали е ок. И него цревцата му кркорат, особено кога цица. А за плачење, се случува така да се разбуди и очињата мислам пресилно ги стега, си велам што ли го боли сега...Ама ќе го земам в раце, му зборувам, го гушкам и бакнувам и се смирува. Потоа си се смешка или презаспива...
Некоја мајка што го користи средството од фрош за миење на шишиња и цуцли да ми пише како го употребува?
Здраво, како им ги давате капките waya? 3 месеци сме и имаше малку како потечна столица па матичната ни ги даде тие капки.
Како и обичниот рачен детергент,само помалце капнувај,јас и глодалките и ги мијам еднаш неделно со него.
На лажичка по 7 капки и лажичката да ти биде над јазичето и пополека на два или три пати му ги истураш.
И јас мислев како и обичен сјај ама си викам да прашам пак за секој случај,планирам со четка да ги мијам и после 10 мин во тенџерче да ги зовријам
А како знаете дека е течна столицата не разбирам? Зашо моето цело време си има жолта течна столица. Никогаш не му била тврда...
Ако мислиш за тоа јас што го пишав, немал тврда столица никогаш, но му беше така погуста не знам како да објаснам, плус со топчиња несварено млекце и не изгледа толку течна. Плус малку пообилна му е, дали дека намали со какање, не знам. Муабетот ми е потечна му е од порано.
Течна ако е доенче ( бар за доенче знам) дека е секогаш, е сега проливче е ако е ептеен водесто. Тврда столица тек од кога ќе почне со цврста храна, мада и сега мојава си кака меко.
И јас мислев нема да познаам кога ќе има потечна столица ама одма се познава и дури кога се кака поинаку реагира моево бебе.