Ве молам кажете начин да исчистам носе.Ич ама ич не е соработлива,се трга,мрда(нормално кој сака да му буричкаат во нос)ни со аспиратор ни со чепкалка не успевам.Едвај и капнувам физиолошки.
Нема. Ќе ја фатиш и држиш на сила, ќе прснеш па ќе влечеш, она ќе рика и тоа е Иста е и мојава, борби водиме
@dunika @Sexybaby86 кога им тече носе или секој ден и без да им тече носе им ги чистите носињата? Јас не и го чистам ако нема потреба, реално малтретирање е на сила да се стиска па да и ставаш физиолошки па да плаче да прета, ако нема потреба ова, ако има, тогаш мора, да.....
Во овие 6 месеци дали 5 пати преку сила сум и’ го чистела. Ептен ако приметам суви мрсулчиња што не ги исфрла, тогаш. Многу ретко чистам, ама некогаш мора.
Не и течел до сега никогаш,зборам за оние суви кои ги гледам или ја слушам дека потешко дише,таа не покажува дека и пречат. Сега се смени климата и влажноста на воздухот,па почесто приметувам. Инаку,и со кивање се исфрлаат некогаш.
Насилно изгледа ама најбрзо ќе завршиш: седни на колена, нозете на детето меѓу твоите колена, не ги стискај. Наведни се. Сврти и ја главата на една страна, држи ја со едната рака ко шамар да и лепиш, во горната ноздра прсни. Па друга страна исто. Голема е веројатноста да кивне и сама да ги исфрли. Ако не иста шема и за влечење. Не знам дели доволно сликовито објаснив. Кога мора да се чисти носот вака најбрзо оди. Дете секако вришти. А ако нема потреба да се чисти, не чисти. Колку што е корисно, толку може и да се иритира кожичето. Јас некогаш прскам и не влечам. Низ каките ќе исфрли. а не прскам редовно. Суви кога има или евентуално настинка и кога мора ( на бебево 3 пати за 2 месеци имам прснато, од кои два пати ги извади со кивање).
Навечер е 25 и стига до 23 спие во шпикозни на тритекс на кратки ако се на прерамки со боди на кратки.Но јас тие што се за спиење ги купив поголем број сега е 2 ипол месеци а носи од 3 до 6м и ракавот му е под лактот и доле под коленце и супер е ако е посвежо плус чорапчиња.
Капки кога ставаш на страна им горчи растворот и секој ден барем до чепкалка би требало да се навикне.
Кај нас Носко беше спасот На правосмукалка што се врзува ќе и го доближам и одма ги ушмукува набрзински, и да плаче кратко трае додека се освести ги ушмукало тоа И чист нос
Јас и чистам носе само со чепкалка за ушиња. Пробав со обична пумпа но незнам... И капнував физиолошки па потоа чистев. На мојава никогаш и нема течено носе но тие суви што ги забележувам или што велиш кога осеќаш да и смета при дишење. Сега го користам ова како спреј е и многу полесно и побрзо ги вади. Знае што ќе и правам уште кога ќе го види шишенцето к почнува да влече навнатре или да дува и се смее.
Јас сега носот тапан кога му беше затнат немав друг начин,прскам солен раствор и влечам со аспиратор. Главата и рацете му ги држам тој вришти, ама тоа му е. Кога ќе има вистина затнат нос ќе видите што е тоа, нема друг начин за чистење. Јас само еднаш претходно му имав чистено во 8 месеци со аспиратор и тоа мислев дека хрчка, ама ништо не беше тоа. Еве го една недела е затнат чистам обавезно..
Јас мрсулчиња досега не сум имала потреба ни да прскам нешто ни да влечам некогаш ако има ги вади со кивање или ако се суви ги вадам со чепкалка за уши натопена во физилошки..па мирен е ко ќе му вадам досега нема плачки туку ни мрда ни прета стој и чека да завршам...па ко ќе се измолкни едно огромно да се чуди човек
Mami vie so davate AD , nekogas koga i davam.mleko obicno pie 120 ml zaspiva xnemozam nikako da ja razbudam za da dopie, i primer ako od 12p ml ispie samp 50 dali moram da cekam da pominat 3 h za da dadam ili ne se racuna ova 50 ml ispieno nemozam da cekam taka da ja pregladnuvam poso luduva a pa neznam dali smeam mi e strav da ne i napraam problem so stomakot
Море умен Мојов со двете раце ми ја држи раката и ја врти главата лево-десно или се истегнува наназад целиот со главата нагоре, си мислам кичма ќе искриви и врат. Ретко седи мирен некоја секунда и кога ќе му здосади, пак почнува со борбата.
Исто @0ли Со двете раце ме зграпчува,врти глава,и со нозете тупка,како борба со крокодил што би рекла Бубиш) Сеа па дека се лигави и непцата плус ја мачат мислам,кога ја облекувам,само што ке и протнам боди преку глава го става во уста и џвака
Другарка ми има бебенце сега е 4 месеци, кога и кажав како мојава реагира на чистење носе не очекував да му каже дека нејзинава седи мирна и обожава да и се чисти носот.. не верував и морав да видам, стварно момичево уживаше
ќе видите тек што е борба кога ќе почнат да лазат хаха ме гледа право во очи, озбилна, ми 'ржи и почнува со претање и бегање, памперсот е нејзиниот најголем непријател врвен спортист нема кондиција ова чудо да го прати.