Со што и да го покријам, го фаќа со двете раце и во уста ги пика двете раце сосе ќебето или тетрата А кога го облекувам, зинат е со устата за да лапне и редовно воден круг има на облеката.
Абе умен умен дури не му текни да рика за џабе...се смее се смее и од нихде никаде рикнува ама не е плачење се сеќава дека е глума така зинат е само и пишти ако му направам смешна фаца се смее па после ќе му текни дека рикал и си продолжува... Исто еве го бубачка е ако имам уште некој со мене да го снима ќе видите
Мене дозите ми ги одредуваше педијатар според тоа како качуваа со килажа и секогаш им беше малку,да не даваш поголема доза ако е често нанали на 90мл.
Исто и мојов, буквално се' да стави в уста-од облека, ќебе до играчки И за чистењето на носето, се бркаме лево десно тој со главчето јас со рацеве и аспираторот над него Па ова носе фрида како што не е многу практично понекогаш ела погоди ја ноздрата
И ние се бориме кога треба да се капне физиолошки и да се чисти носе... Кај најдуваат сила за толкав отпор да пружаат не можам да сфатам Нас на секоја контрола ни велат дека и е затнато носето па секој ден ставам физиолошки и чистам, со аспиратор се уште не сум пробала, читав тука дека не се препорачува пред 6месеци, а реално и не сум забележала потреба се уште. Мислам дека и олеснува и без него барем засега.
Најново му е од вчера да се тегне наназад ама се витка, како С буква станува. Го држам во раце, го доев, тој се превитка наназад и си се смееше за нешто. Нормално е, така? Се кочи и силен е бе, ела мрдни го
И мојов така прави, ако му шушне нешто се извиткува назачки да види. Чашитче хаххаха велиме во Охрид.
Ааа тоа го прави подолго време, обожава да гледа наназад и понекогаш после цицање наеднаш се врти и тегни како да го бара некој таму
Гледаше досега и моево наназад ако го држеше татко му. Сега веќе за време на цицање почна да се фрла наназад, па ќе се врати ќе шмукне еднаш-двапати, па пак ќе се фрли и ќе се превитка и така во круг. Изгледа малку порано 4-ти скок дојде
Да @0ли Внимавај ако го доиш непотпрена,цицајќи ке ти се џитка наназад.Ко струја се. За некоја недела ке почне и да ти се крева нанапред,мојава неќе више легната на мене да ја држам,се бунтува се крева,и сака чучната да седи под 90 степени,а не и е вреден газот
Моево пак во последно време си грепкат со ноктињата, значи цело време грепкат, го легнувам в креветче грепкат на душечето, го цицам ме грепкат на грбов, го шетам надвор си ја грепкат количката, подлогата за играње и неа ја грепкат... викам мајче кај и да е џип може ќе ти се падни
И мојот го прави истото буквално како буквата С и се е тоа слатко и убаво додека не дојде време за спиење. Значи го легнувам во раце прво да цица и знае дека е време за спиење и почнува да кенка и да се тегне. Без кичма останав. Овие 3 дена само кај мене во раце сака и ако го погледне некој друг или му прозбори одма ја бута главата кај мене како да се срами или почнува да плаче. Преку ден едвај спие по пола саат, цело време сака во раце ама и така не му е баш мерак и само плаче и он не знае зашто. А ноќно време спие ама мора да сум до него. Ако станам до вц одма се буди и вришти на цел глас. Ова ли е четврти скок? Ме буни дека го поминавме громчето и не беше страшно, мислев готово е. Уште 2 недели ни останаа
Хеј хеј како сте? Уште малку ќе се одјавувам од темава, па сакам да ги споделам некои промени од почетокот до сега. Однапред се извинувам на долгиот пост. Колку брзо летна времето, признавам и јас, како сокол! Јас бев таа која чекаше да ѝ поминува побрзо времето, зашто не го разбирав плачот (да, не го поднесував), па знаев од некаде дека по 3-4 месец добива боја и плачењето. И така бидна. Сега па си велам како не уживав повеќе, си го сакам времето со новороденчето. Ама и поарно ми е вака. Ела разбери ме. Промени од 0-6 месеци: - бебе го нормализира плачењето околу 3, 3 и пол месеци. Какво олеснување на ушите и мозокот. Претходно наеднаш се вдаваше во плачење, а сега само кемка повремено за спиење и од досада; - многу му паѓаше косето на почеток, да речам 4 цели месеци перничето беше послано со влакненца, а сега АШ, падна шо падна, и едвај чекав да заврши, зашто ептен си ги јадеше и ги какаше; - кооонечно може сам да ждригне, не како порано ај да го кренам да не плаче за ждригање, па чекам чекам чекам... А сега, на меше на грб си ждригнува ; - пред какање многу плачеше, кемкаше, звучеше напорно, кревај ноџиња, притискај, уште во 5 сабајле со мачни звуци, сега каде каде полесно и без плачење ; - грчевите кои и не ги имаше многу често, односни тие гасови повеќе беа кај него, поминаа. Охооо татко му не му е равен во прдење ; - се плашеше од други, плачеше, сега се отвори кон светот; - а колку напредок има моторички е за аплауз. Сега се врти насекаде, почнува да лази, денес забележав со рачињата се одвои од подот едно за друго и ноџињата исто охоооо радостиии бев . Почна да брбља овие дена, ете скокчето си го прави своето Порано нели нон-стоп на града, пукав од нервоза зошто вакаа, сега и по 3 4 часа се заборава за цицање, јас сама му пикам хахах. Пак колку ми е сладок кога цица, палчето го става на мојата града горе и го врти и со другите прстиња во воздух како со шестар да прави, па некогаш си мислам цица, а тоа ја пуштило брадавицата и гледам го цуца прстето. Корпи ми мава . Сега сакам да цица повеќе! Многу промени, од новороденче во бебе. И кај мене паралелно со него исто така, и јас растам, се менувам; минати сомнежи немам, стари стравови заборавам, нови стекнувам. Како и да е, многу сум благодарна за ова што го имам, за моето бебенце. И на сите да нѝ се здрави живи, големи и паметни да растат, а и ние со нив.
Дали во текот на ноќта ви свети лампа за бебе кога ќе се разбуди побрзо да го земете? И, од кога да го ставам во вреќа за спиење? Мислам дека е жешко уште, но вака само го турка ќебенцето. Јас се изгубив од форумов. Овој трети скок ме исцрпи. Десетина дена синко денски не спиеше. Таман се среди, но ноќеска забушаваше. Убав викенд, мајки.
јас ова го користам против потење. Преминуваме на комбинирано хранење, не качи доволно за 1 месец, али и некако не го прифаќа шишето може и до млекото е Аптамил 1 и дадов, вчера само 30 мл испи, многу ми е мака што мора така ама па барем да не е гладна
Само нека се живи и здрави. И јас на синко му давам да цица и дохрана. Од кога добив циклус почна бебе да одбива да цица денски. Но, ноќе цицаше. Ноќеска не сакаше да цица па татко му во ниедно време правеше АД. Што ќе биде понатаму останува да видиме.
Душаа, само да се живи и здрави. Кај нас е проблем шишето цело утро ја нудам 20мл испи само и секој 40 мин бара да цица, и давам кога сака.купив и лактил таблети ќе се измолзувам пак. Аптамил ли даваш?