Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ај вчера што се виткаше како гума, што би рекла Бубиш, изутринава тоа виткање се претвори во тркалање по креветов. Се сврте на меше и одма се стркала и на грб. И сега кога и да лежи, го прави истото. Грб-меше-грб. Дури сега оставање сам никако :worried:
    Цел среќен и насмеан е кога ќе се истркала.

    И да, заборавив... Ме извади од памет. Цел насмеан така, му правам браво, сакаше да изгуга, најверојатно му се собра плунка и почна да се црвени, да не дише... Готово си реков, готово. Го нема детево да дише, се црвени, очи превртува. Јас го вртам на страна и го викам мм, тој па се испаничи и почна на лице како шамарчиња да му мава :o И ете го после некое време се врати и очите со солзи му беа. Се изнаплакав ;(
     
    Последна измена: 5 септември 2020
    На strelkata и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  2. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Здраво на ситеее по 2 месеци... Прво сакам да ве поздравам и се надевам дека сте супер и вие и вашите бебчиња.
    Ве читам ама не сум многу во тек и неможам да коментирам.
    @0ли ние пак се засркнувавме...ама веќе е многу поретко и му “отрпнавме”...2 полни месеци сме.
    Супер напредува,на комбинирана исхрана сме 50/50, се измолзувам и многу се радувам што почнав полека полека да вадам и до 120мл. Многу малку ми фалеше да се откажам ама ги послушав вашите совети и плус дома сите ми беа поддршка...
    Бебе е неспијач ама да е живо и здраво,мене и првото ми беше такво.
    Скоковите не ги следам,секој ден ни е нова авантура со јадење,ќенкање и спиење.
    Се смее,гука ли гука,почна да си ги јаде рачињата.
    Турбо сум по цел ден,будна уште од 5:30 ама тие 6 кила пто ги имам вишок никако да се намалат. Два месеци сум буквално иста килажа од кога излегов од болница,ама да имам млеко другото сега не ми толку голем проблем.
    Многу ве поздравувам! Бегам бебето се разбуди :D:D.
     
    На strelkata, prinstongirl2, mKdevojce и 3 други им се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @Dana31 Браво за упорноста, супер млеко вадиш (y)
    Инаку за засркнувањето, и малиов поретко сега, 4 месеци ќе прави, но досега немало толку долго да нема воздух.
    Пиши ни почесто. :)

    И ене го сега се измори од тркалање, заспа на страна. Првпат заспива на страна, досега само на грб спиеше.
     
    На strelkata и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  4. Ceculka

    Ceculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Женски здраво,од кога почнавте да ги ставате во седнатиот дел на количката ама во легната позиција,ние сме 3 месеци и во корпата за лежење нема шанси :?::?::?:
     
  5. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Мене близнаците во 35 н се родени и многу повраќаа се засркнуваа .Лежат поткренати дали релаксатор,количка и креветче се е 45 степени и еве ги 22 месеци креветчињата уште им се поткренати се засркнуваат од плунка што им се лачи од забите што растат.А интересно е од пасирана храна на парчиња пред 3 месеци почнав интензивно нема никаков проблем.Бебето исто се е поткренато .
    Ако е во лежечка со телото и на страна го вртиш ама под рачето и само сврти и потчукни на грбчето.Ако ти е во раце го местиш на коленото твое со главата надоле и пак тапкаш по грбчето.
    Не паничете зашто уште пострашно е кога ќе пикаат се и сешто во уста.Јас ги учам сами да јадат со рачиња и сега се јадат сами :)камечиња,песок,играчки.
     
    Последна измена: 5 септември 2020
    На Leo_29 и 0ли им се допаѓа ова.
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Мајки На колку недели ја стававте првата вакцина ? Сум заборавила со син ми како беше нешто после 2 месеци го вакцинирав мислам ама не сум сигурна .
     
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Па некако инстинктивно така направив, само го свртев на страна, го потчукнав на грбот и така дојде при себе.
    Ова со коленото сега пуштив видео како точно треба.
    Мм испаничи, јас отпосле си поплакав :wasntme:

    @elcezelce Некој ден пред 12-та недела ја прими малиов, до 12-та недела се става поради Ротата.
     
  8. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Хумана 1 му давам на бебе. Еве повторно денес добив и одбива да цица. Оф... ;(:worried:
     
  9. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    На два месеци и 10 дена. Така беше кај нас.
     
  10. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Се заштркнуваат од плунката. И мојот многу се лигави и цело време се задавува од плунката од памет ме вади.

    Инаку цела вечер го вардам. Само се тркала те на лево те на десно. Па ете ти го заспал на стомак, главата ја пикнал во душек. Борба секоја вечер.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Девојчиња потсетете ме се сум заборавила, колку беше нормална температура кај бебиња? И каде може да најдам бесконтактен убав топломер?
    Малиот ми изгледаше топол, ама не знам дали се филмам или не.
    Имам живин дома, ама не знам како да му измерам тт на бебуш со него , па попрактично ми е со бесконтактен.
    Инаку бебуш е месец ипол стар.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @LadyC Нормална е од 36,8 до 37,5.
    Бесконтактен купив во Еурофарм, но сега баш пишуваа дека многу ги поскапеле, јас го зедов уште бремена додека бев и околу 2000 беше.
     
    На elcezelce и LadyC им се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Бега многу од вистинската или малку е разликата?
    Фала, ќе земам и јас, ваљда не го направиле 50е. :whew:

    Фала ти мила. :*
     
  14. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.529
    Мислам дека имам запушен канал. Имам болка само во една линија од самиот почеток на градата па се до ареолата. Кога ќе притиснам страшно боли, а нема ништо тврдо. Поминувам со топол туш и правам масажи, ставам топли облоги,бебе редовно го ставам да цица од таа града ама за брзо се трга и плаче упорно го ставам кога ке му ја дадам другата града си цица, ама еве втор ден боли. На комбинирано сме бидејки слабо имам млеко за брзо ги празни и плаче гладно му давам после секој подој АД си го пие и него. Што друго би можела да пробам? Плус сум малаксана и имам треска,температура немам.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Па велеа дека е 4000 :^)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    После два месеци и една недела, најдоцна до 12та недела.
     
    На elcezelce и LadyC им се допаѓа ова.
  17. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Стресни моменти ќе има само да се здрави и живи.
    Пчела кога ја касна ќерка ми 7 месеци беше навечер во 19 а заспива во 20 часот,немаше реакција освен што се изнаплаче.Со мажот ми кај не спиевме цела ноќ а беше покриена со терапија сируп и маст имав дури и инекција во случај на поголема алергиска реакција бев спремна и да ја боцкам ,цела вечер гледав видеа во кој дел од телото може да се боцка:)бевме на викенд и на 50км од болница
     
    На LadyC и 0ли им се допаѓа ова.
  18. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Исто како кај возрасен ,стави му го под пазува и чекај 10мин.Ако е 38 расоблечи го постепено и почекај 10 мин па измери и ако е пак 38 истуширај го само тело глава не со млака вода.Сирупи се даваат над 38.5 ама искрено јас сум давала и под 38.5 ако видам дека некое време стои исто.
    Јас го имам микролајф од еурофарм безконтактен и обичен дигитален исто од еурофарм за 10 секунди покажува температура и живин.И кога имаат температура со сите мерам и се разликува во децималата +-1
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојчиња многу :l:
    @stoimanovskamarija нека пише @NanaMia ,она прима антибиотик имаше блистер некаков, не знам точно, нека ти објасни, да не е и кај тебе така.
    И даде докторката антибиотик и боље е сега.
     
    На stoimanovskamarija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.851
    Допаѓања:
    95.305
    Пол:
    Женски
    @LadyC за бебе најточно е ректално да се мери,ако имаш дигитален за 10 тина секунди покажува.Ова додека набавиш безконтактен.Како е сега Мика?

    @0ли сега ке почне многу,ама многу да се лигави,се спремаат забчиња да растат.Да знаеш дека ке се засркнува.Мојава секој ден,очите мислам ке и излезат,жар црвени во секунда се,но среќа не сум испаничила,се смее она ко ништо да не е.
     
    На Thallia, Sexybaby86, 0ли и 1 друга личност им се допаѓа ова.