Не давам јас чај, кај мојов не беше поради тоа. Во моментот кога му се случи тоа, му зборував и сакаше да ми гуга и тогаш најверојатно плунка му се собра.
Јас пак подолго време се грижам за тоа, со цицањево само во мојов случај. Денски сака ама нешто послабо трга, како да си цуца цуцле прави а јас се плашам дека немам млеко. Преку ноќта ми надојдува и си цица убаво кога ќе стани (некогаш на 2 саати, некогаш на повеќе) и цица подолго од денски, поубаво и голта како гладен. Со пелените исто ....не знам што е работава...
Мајки ми треба совет, уштр сме мали 4 месеци ама сакам на време да се опремам, дали да земам џампер или дубалце имате ли некое искуство вие што имате поголеми дечиња?
Исто и мојов ноќно време си пие по 130мл мислам и повеќе да му давам ќе го пие а преку ден се само се врти па се трга, се смее па гуга па се загледува наоколу ако зборува некој се витка цел да види кој има зад него ко кифла се превиткува..да е до скоков незнам мислам последна недела ни е оваа досега супер помина..ова со пелениве ајде дека не пие исто како пред некој ден па можи затоа не мочка ама шознам дали е така или да звонам на педијатар..
Сега ортопедиве советуваа само статичен џампер а дубак не.Јас со близнаците ништо не користев од 5 месеци ги пуштив на подлога и лазеа и сами си седнуваа ,сите фази по ред и проодеа едното на 13м другото на 16м.Тоа што ми смета они се што прават игри се е на под дури и надвор и знаат и да си легнат како дома да се.
Моево бебе (2.5м) ноќно време не јади не станува. Последно кај 21/22ч ќе пие млеко и после тоа дури сабајле кај 5/6 бара. Супер напредува, али многу саати се во прашање. Не знам дали да ја будам за млекце пелените преку ден ги полни си мочка, ноќе не моча мн ваљда оти не пие млеко ноќе. За какање еднаш до два пати кака во денот.
Моето исто само од 19 до 22часот да може нонстоп ќе цица и после заспива до5/6.Јас не го будам а на килажа има доста качено од 17.7 до 26.8 1600гр.Преку ден претежно цица на 2/3часа
@LadyC @Thallia јас појдов до диспанзерот за вакцини кај нас и вака ми рече докторката да ја донесам беба да и дадат рота ,а со другата да не брзаме туку со втората доза рота да и дадат заедно прва доза шестовалентна и обавезно тогаш да носам крвна слика .Така да бебе мое денес прими рота се надевам дека нема да качи температура сега само пошто ми рекоа дека можно е реакција темп.да ми качи.
И среди здравствена книшка? Мм е моментално пред фзо ,хард кор е надвор. Се надевам ќе заврши брзо да го осигурам бебо бебо кај мене. Вам со лесно ротата, ќе идами јас до Идадија
Мајки, синко три дена кенка. Слабо јаде. Вчера заспиваше и веднаш се будеше, а денес само спие. Температура нема. Незнам што му е? Веќе се збудалев од нервоза. 3 месеци е и 6 дена. Дали уште го држи скокот? Само?????? Да го носам на педијатар? Незнам кој пат да фатам?
Истите сме и ние некогаш си ја цица како цуцла, 3 мес ќе правиме уште недела некаде па само му ствам градата неќи се лути и сватив дека вече е поголем и се нацицува убо брзо и повеќе време го држи
И ние имаме таквиденови.. Пробај смени место за цицање.. Ја пример одам ма вц шолја хахах ичи во одење го држам... Ако е гладен ќе плачи верувај, знаатда држат сег глад повеќе
Мајки оф кога почнавте д му отварате курината на вашите синчиња? Ние на 18 прајме 3 мес и уште не сум почната
Од прилика после 3 недели од пораѓај по малку и понатака се повеќе. Сега има 4 месеци и убаво си се отвара засега, ќе видиме понатака.
Ако напредува супер не си барај беља да го будиш легни и спиј Како го отвараш и од кај знајш дека убаво се отвара? Појма немам како изгледа дека се отвара а му го отварам и јас ама незнам дали е правилно а и заборавам да прашам дали е така правилно...
@prinstongirl2 ние му го отвараме чат пат на бањање. @elcezelce син ми ја прими само рота. Ми кажаа дека за рота темп е многу ретка појава. Можно било пролив и повраќање. На денот на вакцината синко сакаше повеќе да спие и да се гали, после тоа немаше ништо. Внимавај една недела со пелените, темелно миење раце бидејќи може да си го пренесеш на тебе вирусот.
Јас го имам овој лани го купив од зегин 2000 или 2200ден беше Исто мнг сум задоволна, сега незнам која цена е можно е да качено ради коронава